Холивудските ѕвезди тежат милијарди!

Заработуваат многу повеќе од обичните луѓе но не можете да замислите навистина колку!

Тие с ебогати и постојано го зголемуваат своето богарство, но дали некогаш сте се прашале колку навистина заработуваат.

Huffington Post soстави список со помош на CelebrityNetWorth.com на кој ќе видите суми од кои ќе ви се заврти во главата.

Џулија Луис Драјфус на пример, има богатство од 3 милијарди долари!!! Повеќето од парите на оваа актерка доаѓаат од семејно наследство, но како и да е, таа е на врвот на листата.

Еве ги останатите:
Јulia Louis-Dreyfus - $3 милијарди
Oprah - $2,8 милијарди
J.K. Rowling - $1 милијарда
Larry David - $800 милиони
Bono - $600 милиони
P. Diddy - $580 милиони
Howard Stern - $500 милиони
Gloria Estefan - $500 милиони
Dolly Parton - $450 милиони
Mel Gibson - $425 милиони
Tyler Perry - $400 милиони
Celine Dion - $400 милиони
Clint Eastwood - $375 милиони
Dr. Dre - $360 милиони
Bill Cosby - $350 милиони
Keanu Reeves - $350 милиони
Will Smith - $200 милиони
Ryan Seacrest - $200 милиони
Bruce Springsteen - $200 милиони
Ozzy Osbourne - $140 милиони
Ellen DeGeneres - $105 милиони

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер