Холивудскиот актер и се јавил на келнерката која добила отказ поради него (фото) - Канал 5

Холивудскиот актер и се јавил на келнерката која добила отказ поради него (фото)

Дваесетгодишната келнерка Вивијана Рос поминала една ноќ со холивудскиот актер Орландо Блум и за тоа добила отказ.

Холивудскиот актер и се јавил на келнерката која добила отказ поради него (фото)
Имено, менаџерот ја пронашол во неговиот кревет наредното утро, кога актерот веќе го напуштил хотелот. Сепак, изгледа овој заводник не е без срце.

Како што пишува „The Sun” актерот откако дознал дека Вивијана е отпуштена од работа и се јавил да провери дали е добро и да и се извини поради непријатностите кои ги доживеала. Бидејќи таа ноќ не ги размениле броевите на телефоните, актерот сепак се потрудил да дојде до неа.

„Тој повик ја изненади. Рече дека му е жал поради тоа што се случило“ – изјавил изворот.

Иако останала без работа, не зажалила поради својата авантура со Блум.


Don't give me that look. 👀

A post shared by Viviana Ross (@iamvivianaross) on


„Изјави дека и било преубаво и дека тој има многу добро тело. Бил неверојатно добар љубовник“ - додал изворот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Акал ќебап

Во понеделник (05.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Нино Величковски

„Гответе со Дракче“ - Акал ќебап

Состојки за денешниот рецепт:

500 гр. јагнешки мозок

500 гр. јагнешко месо

500 гр. јагнешка марамица

1 главица кромид

1 чешне лук

масло

сол, шарена сол и др. зачини по избор

Бешамел сос за премачкување

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Јокиќ маестрален на натпревар од предсезоната. Трипл-дабл за 26 минути

Еден од најдобрите светски кошаркари, српскиот центар Никола Јокиќ одигра одличен натпревар во победата на Денвер Нагетс над Чикаго Булс со 133:128, во подготвителен меч пред почетокот на новата НБА-сезона.

Видео: Јокиќ маестрален на натпревар од предсезоната. Трипл-дабл за 26 минути

31 годишниот Јокиќ оствари „трипл-дабл“ учинок за само 26 минути поминати на теренот, завршувајќи го натпреварот со 22 поена, 11 скока и 10 асистенции.

Трикратниот НБА МВП имаше шут од игра 8 од 12 (вклучувајќи 1 од 2 за три поени), додека од линијата за слободни фрлања погоди пет од седум обиди.

Тој запиша и една блокада, а до „трипл-дабл“ стигна уште во текот на првите три четвртини. Јокиќ одлично го отвори натпреварот. Во првата четвртина ги погоди сите пет шута од игра и постигна 14 поени, а до крајот на мечот повторно покажа зошто важи за еден од најдобрите додавачи меѓу високите играчи во историјата на кошарката. Големо внимание привлекоа неколку негови асистенции, вклучувајќи и едно атрактивно додавање преку речиси целиот терен.

Најефикасен играч на Денвер беше Арон Гордон со 25 поени, додека Камерон Џонсон додаде 15. Кај Чикаго се истакна Леонард Милер, кој постигна 26 поени влегувајќи од клупата и имаше реализација од 11 од 14 обиди од поле.

Минатата сезона, Јокиќ ја продолжи низата од шест последователни сезони во кои завршуваше меѓу првите двајца во гласањето за МВП-наградата.

Иако „трипл-дабл“ учинокот од подготвителните натпревари не се вбројува во неговата официјална НБА-статистика, синоќешниот настап покажа дека српскиот центар е во одлична форма пред почетокот на новата сезона.

Пред стартот на регуларниот дел од сезоната, Денвер го очекуваат уште неколку подготвителни натпревари против Лос Анџелес Клиперс и Лос Анџелес Лејкерс.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Во улога на бугарски амбасадор и на страната на Румен Радев, Филипче договара ново предавство на Македонија

Во улога на бугарски амбасадор и на страната на Румен Радев, Филипче договара ново предавство на Македонија како карта за доаѓање на власт.

ВМРО-ДПМНЕ: Во улога на бугарски амбасадор и на страната на Румен Радев, Филипче договара ново предавство на Македонија

СДС и Венко Филипче, наместо на гласот на граѓаните, повторно се потпираат на туѓите интереси, на штета на македонските, како карта за доаѓање на власт.

Па така, Филипче во улога на бугарски амбасадор и на страната на Румен Радев, договара ново предавство на Македонија, мислејќи дека така, по примерот на неговиот ментор Зоран Заев, ќе дојде на власт.

Разлика меѓу ставот на официјална Софија и Венко Филипче, не може да се најде. Тие се на иста линија дека за отворање на преговорите со ЕУ и продолжување на евроинтегративниот процес потребно е прво да се стават Бугарите во Устав, па се друго.

Со тоа, Филипче отворено им кажува на граѓаните дека нашиот пат на отворање на преговорите со Европската унија и продолжувањето на процесот со отворањето на поглавјата не треба да биде преку спроведувањето реформи и исполнување на Копенхашките критериуми како за секоја држава, туку со нови отстапки.

Венко Филипче е за нови национални и идентитетски отстапки, ново предавство, ново погазување на достоинството на граѓаните, удоволување на Бугарите како услов за влез во ЕУ, наместо работење дома и исполнување на Реформската агенда.

По примерот на Заев, кој потпиша бланко бел лист хартија, се откажа од Цар Самуил, светите браќа Кирил и Методиј и многу други, сега Филипче и СДС се спремни да се откажат од се за да ум угодат на бугарските политичари кои ги уценуваат.

Затоа што, само уценет и компромитиран политичар може да постапува така што постапува Венко Филипче и да прифати капитулација на сопствена држава.

Ние заедно со граѓаните им порачуваме дека европскиот пат на Македонија не смее да се сведе на нови отстапки и прифаќање на услови што отвораат сериозни прашања за заштитата на македонскиот идентитет, достоинство и национални интереси.

Членството во ЕУ треба да биде резултат на вистински реформи, владеење на правото, функционални институции и исполнување на европските стандарди, а не на политички договори на штета на државните интереси.

Македонија заслужува европска иднина и таа иднина мора да се гради врз принципи на еднаквост, почитување и јасни критериуми, а не врз постојани нови условувања и отстапки.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер