Aндоновски: ВМРО-ДПМНЕ изразува загриженост и осуда за скандалот во Гостивар, коалицијата СДС, ДУИ и Таравари го доведе градот до колапс
2Aндоновски: ВМРО-ДПМНЕ изразува загриженост и осуда за скандалот во Гостивар, коалицијата СДС, ДУИ и Таравари го доведе градот до колапс
3Николоски од Дебрца: Сите населени места од Струга, Дебрца и Охрид добиваат пристап на автопатот Охрид-Кичево
„Skopje Via“ ја разигра и распеа Старата битолска чаршија во рамките на 20.јубилеен „Локум Фест – Музика и традиција“
2„Skopje Via“ ја разигра и распеа Старата битолска чаршија во рамките на 20.јубилеен „Локум Фест – Музика и традиција“
ЗабаваХоливудски актер ги воодушеви фановите: Верува ли некој дека има 50 години?Американскиот актер и музичар Џаред Лето ги покажа стомачните мускули позирајќи без кошула на својот Инстаграм профил, оставајќи ги обожавателите зачудени од тоа како изгледа на 51 година.Лето покажа завидна фигура и топ форма додека стоеше на плажа облечен само во панталони, а обожавателите во коментарите му дадоа бројни комплименти за младешкиот изглед. „Изгледаш одлично“, „Ти си мојот модел“, „Убава фотографија, толку си жежок“, „Дали некој верува дека има 50 години“, „Ти благодариме што го сподели ова со нас“, „Совршенство“, „Како може го правиш тоа и изгледаш добро на 50 години“, „Згоден“, „Ми го разубави денот“, се само дел од коментарите што ги доби. Лето е вегетаријанец околу две децении и својот младешки изглед го припишува на својата исхрана. "Ваков сум долго време. Јадам вегетаријанска и веганска храна околу 20 години и се грижам за себе. Тоа веројатно помага во процесот на зачувување", рекол тој во интервју за Rolling Stone во 2016 година. Минатото лето се пофали со резултатите од тестот кој го користел за мерење на староста на кожата, а резултатите покажале дека изгледа како да има 25 години.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНиколоски од Дебрца: Сите населени места од Струга, Дебрца и Охрид добиваат пристап на автопатот Охрид-Кичево14:09Министерот Клековски ќе ја посети болницата во Гостивар 10:53Забрана за пиење на водата во Гостивар, граѓаните бараат одговори – кој дозволи да се труеме?18:20Алармантно во Гостивар: Над 1.200 граѓани хоспитализирани поради загадена вода15:00Алармантно во Гостивар: Над 1.200 граѓани хоспитализирани поради загадена вода13:17
Николоски од Дебрца: Сите населени места од Струга, Дебрца и Охрид добиваат пристап на автопатот Охрид-Кичево14:09
СудбинаСи ја убил девојката, па сите ги згрози со изјавата: Се изнервирав, не сакаше да ми свари оризМаж од Невада, на кого му било преку глава од тоа што неговата невработена девојка не придонесувала доволно за нивната врска - додека постојано го обвинувала за изневерување – „есплодирал“ и ја избодел до смрт откако таа одбила да му зготви ориз.Маж од Невада, на кого му било преку глава од тоа што неговата невработена девојка не придонесувала доволно за нивната врска - додека постојано го обвинувала за изневерување – „есплодирал“ и ја избодел до смрт откако таа одбила да му зготви ориз, изјави неговиот адвокат, како што објави „ Law & Crime“. Хозе Галан-Превал, 47, од Лас Вегас, е осуден во вторникот на 14 до 35 години затвор откако се изјасни за виновен за убиство од втор степен со смртоносно оружје во нападот во јануари врз Џаимару Лејва-Кадет, според судските записи. Јавната адвокатка на Галан-Превал, Џин Ким-Стидман, му рече на судот за време на изрекувањето на пресудата дека Лејва-Кадет била невработена и одбивала физичка работа, иако „можела да го прави тоа“, додека Галан-Превал работел, според „Лас Вегас Ривју-Џурнал“. Ким-Стидман рече дека ова предизвикувало проблеми во нивната врска и претставувало голем ментален стрес за Галан-Превала, заедно со фактот дека Лејва-Кадет верувала дека ја изневерува. Двајцата емигрирале во Соединетите Американски Држави од Куба со надеж за подобар живот и нов почеток, рече адвокатот. „Наместо да ги зближи, таа стануваше сè поконтролирана. Наместо да работи, иако беше способна да работи барем физичка работа, таа не сакаше. Бараше да му го види телефонот“, рече Ким-Стедман. Полицијата беше повикана во нивниот дом во центарот на Лас Вегас на 23 јануари околу 12:56 часот, а полицајците ја пронајдоа Лејва-Кадет внатре со повеќекратни убодни рани. „Медицинскиот персонал пристигна и ја превезе жената во блиската болница, каде што подоцна почина“, се вели во соопштението на Полициската управа во Лас Вегас. View this post on Instagram A post shared by Niover Licea (@nioreportandouncrimen) Ким-Стедман му рече на судот во вторникот дека Галан-Превал пиел и се подготвувал за работа кога ја замолил Лејва-Кадет да му направи ориз за јадење. Таа одбила, по што тој ја избодел неколку пати со кујнски нож, според нивните цимери. „Се наежи. Кога се освести и сфати што се случува, не удри ниту избоде никого друг, само си замина“, рече Ким-Стидман. Галан-Превал се предаде по нападот и им кажа на полицајците дека „изгубил контрола врз своите емоции“, според извештајот за апсење добиен од локалната подружница на ABC, KTNV. „Јас сум одговорен за она што го направив“, му рекол Галан-Превал на својот газда, кој бил на местото на настанот кога ја избодел Лејва-Кадет. Галан-Превал тврдел во интервјуата со полицијата дека Лејва-Кадет била „многу љубоморна и го обвинила за неверство“, според извештајот од апсењето. Како дел од спогодбата за признавање на вина, Галан-Превал прифатил казна од 10 до 25 години за убиството на Лејва-Кадет. Обвинителите побарале дополнителни 20 години за употреба на смртоносно оружје. Окружниот судија Жаклин Блут изрекол дополнителни четири до 10 години. „Признавам дека г-дин Галан-Превал веднаш ја презеде одговорноста, дека изрази големо каење од самиот почеток и дека немал претходно криминално досие, и верувам дека едноставно се налутил. Беше тешко да се помират сите тие околности бидејќи начинот на кој таа почина беше толку ужасен“, рече Блут за време на рочиштето за изрекување на пресудата во вторник. Галан-Превал наводно зборувал за време на изрекувањето на пресудата и побарал прошка. „Жалам што не бев на нејзино место. Барам прошка од оваа земја што ми дозволи да дојдам тука. Длабоко жалам за тоа“, рече тој преку преведувач на шпански јазик.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски од Дебарца: Со поддршката за општините се реализираат околу 1.200 проекти низ државата„Добар ден и од мене. Јас немам што да додадам повеќе од тоа што го кажаа и градоначалникот и потпретседателот на Влада и министер за транспорт. Добро е кога се работи, добро е кога се пуштаат проекти, добро е кога се отпочнуваат проекти, ние рековме дека со онаа политика со поддршка на општините и реалокација на средства од централниот буџет кон општините во моментот се завршени, во фаза на изработка се завршени или се отпочнуваат околу 1.200 проекти, нешто до сега што се нема случено. Кога на тоа ќе се додадат и сите останати капитални инвестиции доаѓаме на навистина импресивен начин на водење и реализација на капиталните инвестиции. Јас можам само да ја искористам оваа прилика да му честитам на градоначалникот за работата којашто ја врши овде во Општина Дебарца, да се заблагодарам на советниците во општината коишто ја поддржуваат работата на градоначалникот, на администрацијата се разбира без која невозможно е да се случи, на пратениците коишто доаѓаат од овој регион коишто се борат за проект повеќе, да се заблагодарам на колегите од Владата, на потпретседателот на Влада и министер на транспорт за посветената работа во делот на инфраструктурата и очекувам дека сите овие проекти кога ќе ја добијат својата финална контура, добијат оној облик којшто очекуваме да биде тогаш драматично ќе се подобри квалитетот на животот и додадената вредност во рамките на животот на сите граѓани.“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаAндоновски: ВМРО-ДПМНЕ изразува загриженост и осуда за скандалот во Гостивар, коалицијата СДС, ДУИ и Таравари го доведе градот до колапсВМРО-ДПМНЕ изразува загриженост и осуда за скандалот во Гостивар, коалицијата СДС, ДУИ и Таравари го доведе градот до колапс.Ова е вистинското лице на локалната самоуправа во Гостивар, предводена од коалицијата СДС, ДУИ и Таравари. Поради основано сомнение дека се поставиле пумпи во отпадни води за да се зголеми притисокот во водоводната мрежа, е директно загрозено здравјето на граѓаните. Над 1000 граѓани појавиле симптоми на труење, за кои се сомневаме дека станува збор за загадување на питката вода за Гостиварчани. Ваквиот начин на водење на локална самоуправа е доказ дека СДС, ДУИ и Таравари немаат капацитет и квалитет да ја водат општината. Почитувани, ВМРО-ДПМНЕ е заедно со Гостиварчани. Граѓаните очекуваат достоинствен живот, а не да живеат во страв поради неодговорно владеење на СДС, ДУИ и Таравари. Очекуваме расплет на овој скандал од страна на надлежните институции, кои ги повикуваме да го истражат овој случај. Мартин Андоновски, претседател на ОК Гостивар Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook