Холивудската модна икона облече посебни чорапи за гласање (ФОТО) - Канал 5

Холивудската модна икона облече посебни чорапи за гласање (ФОТО)

Американската актерка Сара Џесика Паркер и нејзиниот сопруг исто така актер, Метју Бродерик, се снимени како одат на гласање со нивниот син кој неодамна го прославил својот 18-ти роденден.

Холивудската модна икона облече посебни чорапи за гласање (ФОТО)

Шест дена пред изборите,Џејмс Вилки го искористил за прв пат своето право на глас.

Сите тројца дошле облечени во лежерна спортска облека и носеле налепници со натписот ‘гласав’.

Модната икона од серијата „Сексот и градот“ и нејзиниот син носеа маици за поддршка на Џо Бајден и Камала Харис, а актерката претходно ја покажа својата наклонетост кон кандидатот на демократите преку социјалните мрежи и ја истакна важноста за учество на изборите.

По напуштањето на избирачкото место во Њујорк, Сара триумфално ги крена рацете со победнички гест.

Актерката и претприемач што ја прошири својата модна колекција на облека и чевли беше далеку од гламурот на кој сме навикнати од неа на црвениот тепих и во популарната серија. Од глава до пети, таа беше во изборно модно расположение, а нејзините чорапи беа особено впечатливи.

Сара ги крена фармерките , за да може да се видат нејзините чорапи. Таа носеше две различни бели чорапи, едниот на кој пишуваше „Јас сум гласач“, а другиот со Бајден-Харис.

За разлика од првата дама Меланија Трамп, која пристигна на гласање во елегантен фустан на Гучи, и чевли од марката Лубутин, на Сара пред се и било важно да испрати политичка порака.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Неверојатна тепачка во НХЛ

Натпреварот помеѓу Винипег Џетс и Флорида Пантерс понуди вистински хокеарски спектакл, но главна атракција беше жестокиот судир меѓу „тешкашите“ Тајрел Бауер и Бокондџи Имама.

Видео: Неверојатна тепачка во НХЛ

Двајцата исклучително силни играчи ги фрлија ракавиците уште на самиот почеток од првата третина, приредувајќи им на гледачите неверојатна тепачка која траеше повеќе од една минута.

Во физичката пресметка хокеарите разменија на тешки удари, овој нивни судир секако ќе биде сериозен кандидат за титулата „најдолга и највозбудлива тепачка“ во досегашниот тек од сезоната во НХЛ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хамнеи ја зголеми борбената готовност: Иран се подготвува за можен нов судир

Врховниот лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, им нареди на воените команданти да ги ажурираат своите листи со цели и да ја подобрат одбраната, со порака веднаш и ефикасно да одговорат на секоја закана.

Хамнеи ја зголеми борбената готовност: Иран се подготвува за можен нов судир

За време на состанокот со високи воени команданти, Хамнеи нагласи дека високото ниво на борбена готовност за силен одговор кон противниците е еден од клучните предуслови за постигнување максимално одвраќање.

„Доколку непријателите повторно извршат воени или терористички напади, вооружените сили на Исламската Република и иранскиот народ ќе ги одредат времето и условите за нивниот крај“, изјави Хамнеи, според иранската новинска агенција ИРНА.

Според него, ажурирањето на списокот со цели треба да овозможи различни материјални и нематеријални ресурси на Соединетите Американски Држави и Израел да бидат во дофат на иранските вооружени сили.

Хамнеи, исто така, укажал на потребата од зајакнување на воено-разузнавачката инфраструктура, подобрување на одбранбените и безбедносните капацитети преку примена на нови технологии, како и развој на домашните воени капацитети во однос на доктрината и тактиката.

Зборувајќи за состојбата во регионот, тој ја пофалил, како што се наведува, истрајноста на „фронтот на отпорот“ во различни земји, оценувајќи дека единството на неговите членови има стратешко значење за обликување на нов политички и безбедносен поредок во Западна Азија.

Пораките на Хамнеи доаѓаат во време на зголемени тензии меѓу Вашингтон и Техеран, придружени со постојани закани од страна на САД за можни нови воени напади по изборите за американскиот Конгрес на 3 ноември.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зеленски: Околу 280.000 домаќинства во Украина останаа без струја

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека околу 200.000 домаќинства во Днипро и околните области, како и повеќе од 80.000 домаќинства во регионот на Киев, останале без електрична енергија по руските напади.

Зеленски: Околу 280.000 домаќинства во Украина останаа без струја

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека околу 200.000 домаќинства во Днипро и околните области, како и повеќе од 80.000 домаќинства во регионот на Киев, останале без електрична енергија по руските напади врз енергетската инфраструктура.

Зеленски на платформата „Икс“ (X) наведе дека во текот на ноќта руски беспилотни летала ја погодиле термоелектраната во Киев, четири електрични потстаници во Днипропетровската област и термоелектраната во Шостка. Според него, цел на нападот била и железничката инфраструктура во Днипро и Харков, како и еден дистрибутивен објект во Днипропетровската област.

Екипи за поправка работат на отстранување на последиците од нападот и на воспоставување на снабдувањето со електрична енергија, рече Зеленски. Истовремено, тој ја повика меѓународната заедница да ѝ пружи дополнителна поддршка на Украина, предупредувајќи на опасноста од понатамошно проширување на руската ескалација во Европа. Тој побара нови пакети помош за Украина и воведување дополнителни санкции против Русија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер