Холивудската ѕвезда кого сите го сакаат , живее како бездомник - Канал 5

Холивудската ѕвезда кого сите го сакаат , живее како бездомник

Кеану Ривс (55) е една од најголемите холивудски sвезди чии филмови донеле околу 3 милијарди евра на благајните.

Холивудската ѕвезда кого сите го сакаат , живее како бездомник

Тој ги фрли своите обожаватели во транс кога беше издадено третото продолжение на филмската франшиза „Бил и Тед 3“ со Алекс Винтер во кое случајно патуваат низ времето.

И покрај огромниот успех и армијата на обожаватели и угледот како една од најпристојните филмски ѕвезди, неговиот живот беше обележан со низа трагични настани.

Избра номадски животен стил, преселувајќи се од еден хотел во друг затоа што не можел да се смири. Медиумите честопати објавуваа фотографии од него како седи сам, како бездомник обраснат со брада и жално гледа во далечината.

Тој го отфрли холивудскиот начин на живот, честопати користел јавен превоз и никогаш не сакал да се истакнува во јавноста.

Трагедиите во неговиот живот следеа една по друга, а започнале уште во раното детство.

Имал само три години кога татко му го напуштил, а последен пат кога го видел ,имал само 11 години. Неговиот татко бил уапсен за поседување хероин и кокаин и осуден на 10 години затвор во 1994 година за да биде ослободен во 1996 година. Тие веќе не зборуваат.

- Мојот однос со татко ми е многу комплициран. Полн со болка и мизерија и има *** несреќи и сето тоа ***, изјави Киану Ривс во 2000 година за „Ролинг Стоун“.

Кеану се откажал од училиште пред да дипломира, а во 1991 година, кога имал само 25 години, неговата сестра Ким добила леукемија. Во тоа време, тој доби голема можност во филмскиот свет по хит филмот „Бил и Тед“. Во 1993 година, тој бил погоден од смртта на неговиот пријател и колега Ривер Феникс. Дуото се зближи на сетот на филмот „Мојот приватен Ајдахо“.

Овој филм беше проследен со големите хитови, „Брзина“ со Сандра Булок и трилогијата „Матрикс“.

И покрај големиот успех, тој го одложи снимањето на продолженијата на „Матрикс“ за да се погрижи за сестра Ким.

- Кога беше во болница тој цело време беше со неа, држејќи ја за раката. Понекогаш се чини дека тој немаше доволно доверба во себе за да се врати во љубовна врска, изјавил близок пријател во тоа време за „People“.

До 1999 година, Ким Ривс ја победи болеста и Киану се чинеше повторно среќен кога најде среќа со девојката Џенифер Симе, исто така актерка.

Се чинеше дека немаше крај на среќата кога Џенифер забремени, но во шестиот месец од бременоста ја дознаа најлошата вест. Дека малата Ава, како што планираа да ја викаат, почина во утробата на нејзината мајка.

Двојката тешко се справила со тагата, а набргу се разделиле. Нов шок пристигнува во 2001 година кога Џенифер загина во сообраќајна несреќа во 2001 година додека се возела на забава на Мерилин Менсон. Таа беше погребана покрај нивната ќерка.

- Тагата се менува, но никогаш не запира. Луѓето живеат во заблуда мислејќи дека можете да се справите со тоа и да кажете: ‘Готово, сега сум подобро.Мислат погрешно кога луѓето што ги сакавте си заминуваат, вие останувате сами, рече тој во интервјуто за списанието Parade за 2006 година.

Пред десет години, Киану во интервју се шегуваше за номадскиот начин на живот.

- Изгледа како да сум уметник, нели? Сè што имам влегува во една торба, секогаш престојувам во мали простории во хотел.

Сочувствителниот Киану никогаш не се однесувал како холивудска sвезда додека престојувал во хотели Една слугинка сведочела дека тој го познавал секој вработен и сакал да знае важни детали од нивниот живот. Тој еднаш му дал на вработен во хотел 100 долари затоа што немал за кирија..

Шарлиз Терон, која има направено два филма со Киану, рече дека таа била збунета од неговиот животен стил, но чувствувала дека е подготвен за промена.

- Кога започнавме да го снимаме овој филм (Адвокат на ѓаволот), го прашав дали тој сè уште живее во хотел, и тој рече дека размислува да пушти корени. Мислам дека рече нешто слично - знаете што, дете, коњ, куче и жена. Жената беше на последното место, изјави таа за Ролинг Стоун.

Се чини дека Киану Ривс конечно успеа да го остави тажното минато зад себе и да започне одново. Тој купи куќа во ридовите на Холивуд и најде љубов со уметничката Александра Грант. Минатата година, тие за прв пат се појавија на црвениот тепих заедно и со тоа ја потврдија нивната љубов.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 4. ноември 2026 година

Дневен хороскоп за среда, 4. ноември 2026 година. 

Дневен хороскоп за 4. ноември 2026 година

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Вашата фаза на ,,ловечки приказни” би можела да потрае и денеска. Внимавајте некого да не изнервирате. Оние во врска се добро.

Кариера

Веројатно ќе извршите една помала анализа на една тема , а истата ќе ви донесе задоволство.

Здравје и совет

Не претерувајте со колачи.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

На некои можеби ќе им биде доста од се. Некои веќе изгубиле надеж и веќе ништо не очекуваат , додека другите ќе уживаат во осаменоста.

Кариера

Вашите цели се високи, па затоа ви се потребни одредени квалитети и квалификации. Проверете дали имате се што ви е потребно.

Здравје и совет

Бидете умерени.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Денеска би можеле да излезете со пријатели и со нивна помош да ги надминете љубовните грижи.

Кариера

Ќе делувате на два начина – оној вообичаениот и оној што вклучува големи планови за иднина.

Здравје и совет

Се потрудивте да живеете уредно , што е добро.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Освен мали дневни уживања во двојка , денеска ќе размислувате и за некои подлабоки филозофски прашања.

Кариера

Веќе ништо не ви стои на патот . Ова се вашите пет минути на работното место и искористете ги најдобро што можете.

Здравје и совет

Почнете да спортувате.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Денот ќе ви донесе многу смисол за друштвеност , па ако имате можност , излезете меѓу луѓе.

Кариера

Сите работи што вклучуваат соработка , контакти и размена на идеи , денеска ќе ви одат од рака подобро од вообичаеното.

Здравје и совет

Ќе се чувствувате посилно .

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Ако сте во врска , ќе излезете меѓу луѓе и убаво ќе си поминете. Ако сте сами исто така ќе излезете меѓу луѓе.

Кариера

Дури сега сфаќате колку е важно да имате добра соработка со другите. Тие ви даваа помош во работењето , а сега почнувате и вие да им враќате.

Здравје и совет

Подобро е да верувате , отколку да сде сомневате.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Денеска најдобро ќе поминете доколку бидете што е можно подискретни и помалку да зборувате. Мерете го секој збор.

Кариера

Вашите шефови ќе бараат од вас одредени постапки , кои ви изгледаат неумесни. Сепак , не се расправајте , туку прифатете ги.

Здравје и совет

Ќе бидете малку фрустрирани , но ќе ви помине.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Следува мала преодна криза во комуникациите со саканата личност , а со тоа и мали фрустрации. Сепак , сето тоа јуначки ќе го издржите.

Кариера

Може да се случи мала расправија со надредените околу нормите за работа и поставените критериуми. Бидете што е можно посериозни.

Здравје и совет

Нервоза.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Повикот за дружење ќе биде од неврзан карактер. Доколку го прифатите и излезете , убаво ќе си поминете.

Кариера

Размислувате за тоа како во работата да воведете стручни лица. Анализирајте ги можните кандидати.

Здравје и совет

Имате смисла за хумор.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Мелите фрустрации ќе бидат поврзани со потребата за интимност и за друштво, односно јавност и тоа во исто време.

Кариера

Она што другите ќе ви предложат , анализирајте го полека и во тишина , за да бидете целосно објективни.

Здравје и совет

Почнете со здрава исхрана.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Ќе најдете поткрепа во вашата смисла за сочувство со другите. Ќе бидете отворени и внимателни кон другата страна.

Кариера

Не сте сигурни дали отворено да го кажете своето мислење. Ви недостигаат уште некои информации за да ја имате целосната слика.

Здравје и совет

Причекајте.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Пред вас е убав ден за дружба , излегување и нови познанства. Особено добро ќе се забавуваат оние помладите.

Кариера

Не се двоумете доколку треба да воведете некои нови методи во работниот процес . Истовремено ќе ви биде важно тоа да го направите на фин начин.

Здравје и совет

Подобрување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Илија Димовски и Гордан Георгиев во „Само вистина“

Вечерва во „Само вистина“ гости ќе бидат Илија Димовски и Гордан Георгиев

Илија Димовски и Гордан Георгиев во „Само вистина“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Може ли да се онесвестите за време на паничен напад?

Забрзано чукање на срцето, плитко дишење, вртоглавица и заматен вид се некои од симптомите што го придружуваат паничниот напад.

Може ли да се онесвестите за време на паничен напад?

Тие можат да создадат силно чувство дека ќе се онесвестите; сепак, вистинско губење на свеста за време на паничен напад се случува ретко.

Паничниот напад предизвикува низа интензивни физички реакции кои делуваат страшно, особено ако ги доживувате за првпат. Разбирањето на она што се случува во вашето тело може да помогне да се намали стравот – кој, пак, често ги засилува самите симптоми.

Зошто се јавува чувство дека ќе се онесвестите?

За време на паничниот напад се активира механизмот на телото за одговор на опасност, познат како реакција „бори се или бегај“. Мозокот препознава закана (дури и кога таа всушност не постои) и поттикнува лачење на хормони на стрес, вклучително и адреналин.

Како резултат на тоа, срцевиот ритам се забрзува, крвниот притисок расте, дишењето станува побрзо, а крвта се пренасочува кон мускулите за да го подготви телото за акција.

Истовремено, може да дојде до хипервентилација – пребрзо или предлабоко дишење. Ова го намалува нивото на јаглерод диоксид во крвта, што може да доведе до вртоглавица, чувство на зашеметеност, трнење во рацете, стапалата или лицето, како и заматен вид. Некои луѓе може да се почувствуваат како да се одвоени од сопственото тело или од околината.

Бидејќи овие симптоми наликуваат на оние што се јавуваат непосредно пред онесвестување, лесно е да се заклучи дека ќе ја изгубите свеста – иако, во повеќето случаи, тоа не се случува.

Дали може да дојде до губење на свеста?

Во повеќето случаи – не. За време на напад на паника, крвниот притисок обично се зголемува, додека до онесвестување најчесто доаѓа кога крвниот притисок ќе падне до тој степен што се намалува протокот на крв кон мозокот.

Сепак, постојат исклучоци. Кај некои поединци, интензивниот страв, емоционалниот стрес или болката можат да предизвикаат вазовагален одговор, при што нагло опаѓаат и срцевиот ритам и крвниот притисок. Ова може да резултира со краткотрајно губење на свеста.

Иако ваквата реакција не е типична за напад на паника, таа сепак е можна. Затоа, самото онесвестување не треба автоматски да се припишува на анксиозноста, особено ако се повторува или се случува во необични околности.

Маѓепсаниот круг на стравот и симптомите

Мозокот постојано ги следи сигналите од телото и се обидува да ги протолкува. Кога срцето чука забрзано, а начинот на дишење се менува, мозокот може да ги протолкува овие сензации како знаци на непосредна опасност. Ако се појави и вртоглавица, стравот од онесвестување може дополнително да ја засили анксиозноста.

Ова создава маѓепсан круг: чувствувате вртоглавица, мислите дека ќе се онесвестите, станувате уште поанксиозни и почнувате да дишете побрзо – што, пак, може дополнително да ја влоши вртоглавицата.

Препознавањето на оваа шема може да помогне да се прекине кругот на страв и физички симптоми. Важно е да се разбере дека чувството на недостаток на воздух или вртоглавица за време на хипервентилација не значи нужно дека на вашето тело му недостасува кислород.

Како можат да се ублажат симптомите? Ако чувствувате дека ќе се онесвестите, обидете се да примените неколку едноставни техники.

Забавете го дишењето. Дишете полека и тивко низ носот, а потоа нежно издишувајте преку устата. Не се присилувајте да вдишувате премногу длабоко, бидејќи тоа може дополнително да ја влоши хипервентилацијата.

Седнете или легнете. Ако чувствувате силна вртоглавица, заземете безбедна положба и почекајте симптомите да се смират. Ова го намалува ризикот од пад и повреда доколку ја изгубите рамнотежата.

Насочете го вниманието кон околината. Техниката за враќање во реалноста може да ви помогне да го тргнете фокусот од интензивното следење на физичките симптоми. Обидете се да идентификувате пет работи што можете да ги видите, четири работи што можете да ги почувствувате со допир, три звуци што можете да ги слушнете, два мириса што можете да ги почувствувате и еден вкус што можете да го осетите.

Потсетете се што се случува. Ако ги препознаете симптомите на напад на паника, обидете се да си кажете: „Ова можеби е напад на паника. Чувството е непријатно и застрашувачко, но симптомите ќе поминат.“ Овој пристап може да помогне во намалувањето на стравот – особено ако сте доживеале слични епизоди и претходно, а лекар утврдил дека тие се поврзани со паника.

Кога треба да побарате лекарска помош?

Иако нападот на паника може да предизвика интензивни физички симптоми, не секоја појава на вртоглавица е резултат на анксиозност. Треба да побарате лекарски преглед доколку изгубите свест, доколку епизодите на онесвестување се повторуваат, доколку чувствувате постојана болка во градите или доколку развиете значителен недостиг на воздух што не може да се објасни со анксиозност.

Особено е важно да преземете мерки доколку се појават нови невролошки симптоми – како што се слабост, тешкотии во говорот или збунетост – доколку имате познато срцево заболување или семејна историја на ненадејни срцеви проблеми, или пак, доколку чувството дека ќе се онесвестите се јавува за време на физички напор.

Ненадејното губење на свеста, силната болка во градите, сериозните тешкотии со дишењето или ненадејната појава на невролошки симптоми бараат итна лекарска проценка.

Извор: ordinacija.vecernji.hr

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер