Холивудска ѕвезда отслужи затворска казна поради фалсификат

Фелисити Хафман (57), sвездата на серијата „Очајни домаќинки“, ја издржа казната затвор за вмешаност во голем корупциски скандал на американските универзитети.

Актерката платила 15.000 долари за да го фалсификува приемниот испит на нејзината постара ќерка Софија, за што се изјасни за виновна во мај. Хафман била осудена на 14 дена затвор, од кои минатата година мина вкупно 11 дена зад решетки, требало да направи 250 часа општокорисна работа и следната година била под надзор.

Сега, кога го отслужи сето тоа, нејзиниот американски пасош и е вратен, а актерката се надева дека наскоро ќе се врати на актерството. Нејзината колешка Лори Лофлин, која беше фатена за истиот чин, исто како и нејзиниот сопруг дизајнерот Мосимо Џиканули, сè уште чека на издржување затворска казна. На Лофлин му биле изречени два, а на Џиканули дури пет месеци затвор.

Сандаци со муниција од Втората светска војна пронајдени кај Машка плажа

Четири лимени сандаци со куршуми од различен калибар биле пронајдени при ископ во близина на „Машка плажа" во Струга.

СВР Охрид денеска соопшти дека пронајдената муницијата потекнува од Втората светска војна.

– Во Струшката полиција пријавено е дека при правење ископ со багер во близина на хотел, пронајдени се лимени сандаци со куршуми од различен калибар од Втората светска војна. По извршен увид од овластен пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување и полициски екипи, констатирано е дека станува збор за стара и оштетена муниција, која е безбедно е подигната од стручните екипи, изјави портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоскми.

Фото: Екс кошаркарка во секси бикини

Една од најдобрите екс кошаркарки во Европа во последната деценија, Србинката Милица Дабовиќ со „жешка“ фотка ги стопли своите машки фанови.

Познатата кошаркарка ги израдува своите фанови на социјалните мрежи со секси фотографија на Инстаграм.

Милица на фотката е во провокативно минијатурно бикини, фотографијата секако е направена за време на летото.

На фотката Милица позира под туж на некоја плажа, а во преден план е нејзиниот затегнат задник во супер мал танга бикини.

-Една топла слика во овие студени денови... убави сништа, напишала Милица под фотографијата.

Не очекува просечно врнежлива зима со натпросечни темератури

Зимата 2020/2021 се очекува да биде со натпросечни темератури и просечно врнежлива, покажуваат хидрометеоролошките следења и прогнози.

Како што соопшти УХМР, во однос на врнежите кои ќе бидат во рамки на просекот од периодот 1981 – 2010 година, мала е веројатноста за позитивно отстапување во источниот регион на Македонија и за мало подпросечно отстапување во западниот дел. Во декември, особено во првата половина, температурата на воздухот ќе биде над просекот за овој месец. Во втората половина се очекува мало заладување, но сепак температурите ќе бидат над просечните за овој дел од годината. Врнежите се очекува да бидат во рамки на просечни вредности, со незначителна веројатност за малку над просекот во втората декада од месецот.

-Очекуваните влијанија од позитивните отстапувања на температурата на површината на морето во последните неколку месеци укажуваат на пораст на температурите на воздухот и на поголемиот дел од Европскиот континент и на температурите на воздухот во Македонија. Температурите на воздухот во Македонија за период декември 2020 – јануари 2021 – февруари 2021 имаат поголема веројатност да бидат надпросечни, со позитивно отстапување од 1 до 3 степени целзиусови од многугодишниот просек. Отстапувањето се очекува да биде поизразено во источна Македонија, наведува УХМР.

Просечната температура за зимата (декември – јануари – февруари) 1981-2010 г. се движи од -1,5 степен целсиусов во Маврово до 5 во Гевгелија, а просечните зимски суми на врнежи се од 90 милиметри во Штип до 319,4 милиметри во Лазарополе. Просечната температура за Скопје е два степена, а просечната количина врнежи 110 милиметри.

-Напоменуваме дека сезонскиот изглед на времето не може да обезбеди детални информации за интензивни краткотрајни временски неприлики (зимски олуи, екстремно студени периоди, екстремно влажни). За дополнителни и навремени информации потребно е редовно следење на подеталните краткорочни прогнози, кои редовно и вонредно ги издава Управата за хидрометеоролошки работи, се наведува во соопштението./МИА

притисни ентер