Холивудска актерка облече фустан направен од стакло: Парчиња ми се забиваат во задникот (ВИДЕО) - Канал 5

Холивудска актерка облече фустан направен од стакло: Парчиња ми се забиваат во задникот (ВИДЕО)

Џена Ортега синоќа гостуваше во „The Late Show with Stephen Colbert“.

Холивудска актерка облече фустан направен од стакло: Парчиња ми се забиваат во задникот (ВИДЕО)

22-годишната актерка гопривлече вниманието со црвен фустан до колена додека разговараше со водителот Стивен Колберт за претстојната втора сезона на серијата на Нетфликс и новиот филм Смртта на еднорогот.

„Парчиња стакло ми се забиваат во задникот“

Сепак, нејзиниот впечатлив изглед не беше најудобен за седење, бидејќи откри дека фустанот е составен од поединечни парчиња стакло. „Нема да лажам, парчиња стакло ми се забиваат во задникот секогаш кога ќе седнам“, му рекла Ортега на Колбер, кој на шега коментирал дека ќе мора да има тим од медицински персонал на снимањето и ја нарекол „стаклената госпоѓа“. Ортега одговори: „Се чувствувам непријатно и во исто време исклучително удобно“.

YouTube video

Оваа година доаѓа втората сезона.

Втората сезона од серијата „ Wednesday“ ќе биде премиерно прикажана на Нетфликс во 2025 година, и иако деталите за заплетот сè уште се во тајност, актерката во септември 2024 година објави дека сезоната „ќе биде поголема и полуда отколку што можете да замислите“. Во интервју за Е! Вести во март 2025 година, Ортега исто така навести дека се прават големи настани за серијата.

Популарната серија, базирана на ликот Wednesday Addams од иконското семејство Адамс, брзо стана еден од најголемите хитови на Нетфликс, а обожавателите со нетрпение очекуваат што ќе се случи следно.

Руте: Ако Путин повторно нападне одговорот ќе биде разорен

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте денеска изјави дека Русија произведува четирипати повеќе муниција од земјите-членки на НАТО.

Руте: Ако Путин повторно нападне одговорот ќе биде разорен

- Отворените извори укажуваат дека во наредните години Русите може да се обидат да направат нешто глупаво. Мора да се погрижиме доколку (рускиот претседател Владимир) Путин нападне сега или во блиска иднина, одговорот да биде разорен, истакна Руте одговарајќи на прашање за распоредувањето на руски воени сили на финската граница.

Руте наведе дека по завршувањето на војната во Украина важно е Путин повторно да не направи слично.

- Подобрувањето на нашите одбранбени способности е нашата главна мисија. Сојузниците мора да ги зголемат трошоците за одбрана, ова е клучна задача пред Самитот на Алијансата во Хаг следниот месец, посочи Руте. /МИА

Тошковски: Реновирани спортските капацитети на полициското одморалиште во Пониква

Работиме на целосно унапредување на сите полициски капацитети, вели Тошковски.

Тошковски: Реновирани спортските капацитети на полициското одморалиште во Пониква

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски заедно со министерот за спорт Борко Ристовски, денеска во одморалиштето на МВР во Пониква ги пуштија во употреба реновираните спортски капацитети наменети за вежбовни активности на полициските службеници.

„Со министерството за спорт неодамна потпишавме Меморандум за соработка со кој ќе ги надградиме, реновираме и унапредиме поголемиот дел од спортските капацитети на министерството за внатрешни работи. Вложувањето во капацитетите на кои се обучуваат полициските службеници е влог во стабилноста и безбедноста на државата.

Во рок од месец дена беше поставена основа за фудбалско игралиште и фитнес зона со монтирање на сите реквизити. Игралиштата за фудбал, кошарка и одбојка се опремија со полипропиленски подови, обележени и со нови реквизити. Истите добија и трибини од по 2 реда за следење на натпреварите. Покажуваме дека преку добро планирање и соработка помеѓу институциите, јасна визија и одлучност, може да се изградат услови кои ги задоволуваат современите полициски потреби.“, истакна министерот Тошковски.

Во меѓувреме преку оваа соработка на двете министерства се работи на реновирање на спортските капацитети на Центарот за обука на МВР во Идризово каде се создаваат и унапредуваат сите полициски човечки капацитети.

Корнелиус: Мерц е многу загрижен за хуманитарната ситуација во Газа

Германскиот канцелар Фридрих Мерц е мнопгу загрижен за хуманитарната ситуација во Газа и е во близок контакт со другите европски земји за ова прашање, изјави денеска портпаролот на германската Влада, Стефан Корнелиус, цитиран од британските медиуми.

Корнелиус: Мерц е многу загрижен за хуманитарната ситуација во Газа

-За германската Влада отсекогаш било многу важно да ги држи отворени своите канали за комуникација со израелската Влада, рече Корнелиус на прес-конференцијата.

Покрај тоа, Германија денеска го бранеше зачувувањето на договорот за соработка меѓу ЕУ и Израел, еден ден откако Унијата нареди негово преиспитување со цел да изврши притисок врз Израел, објавија француските медиуми.

Без да ги потврди медиумските извештаи дека Берлин не се согласува со ваквата ревизија, портпаролот на Министерството за надворешни работи, Кристијан Вагнер, изјави дека „Договорот за асоцијација меѓу ЕУ и Израел е важна платформа што треба да ја користиме за да разговараме за важни прашања за ситуацијата во Газа“.

притисни ентер