Шоу бизХоливудска актерка може да заврши 20 години во затвор поради мито за упис на колеџ (ВИДЕО)Холивудската актерка Фелисити Хофман и уште 12 богати родители , ја признаа вината за давање мито за да може нивните деца да се запишат на елитни универзитети во САД.Според обвинението , актерката Хофман уплатила 15 000 долари на лажна хуманитарна организација поврзана со Рик Сингер , кој би овозможилнаместени резултати на тестовите за прием на факултет за својата ќерка. На актерката и се закануваат 20 години затвор , но поради тоа што ја признала вината , сојузнуите обвинители велат дека ќе треба да плати парична казна од 20 000 долари и да биде казнета 12 месеци условно. ,,Целосно ја прифаќам вината и со длабоко жалење и срам за она што го направив, прифаќам целосна одговорност за своите постапки. “ , изјави актерката во соопштението. Актерката Лори Лафлин се уште не ја признала вината , како и нејзиниот сопруг, модниот дизајнер Масимо Џанули. Брачната двоја е обвинета дека во фондацијата на Сингер уплатила дури 500 000 долари во 2016 и 2017 за да може нивната ќерка да студира на универзитетот во Јужна Калифорнија. Двете актерки се меѓу најпознатите 50 лица обвинети во овој предмет , каде богати родители платиле дури 25 милиони долари за нивните деца да бидат запишани на престижни универзитети.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦрн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени 15:00Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11
Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16
Автомобилизам25.000 такси роботи пристигнуваат на улиците низ Европа25.000 такси роботи пристигнуваат на европските улици, „Lucid и Bolt“ ги здружуваат силите. .Американскиот производител на електрични возила „Lucid“ склучи партнерство со компанијата за превоз „Bolt“ за амбициозен план за воведување на 25.000 автономни такси-возила на европските улици. Оваа соработка е дел од планот на „Bolt“ да им овозможи на корисниците на својата платформа пристап до флота од 100.000 возила без возач до 2035 година. За овој европски проект, „Lucid“ ќе ја искористи својата претстојна платформа за возила од средна класа, за која се очекува да биде посоодветна за европските патишта и градови отколку поголемите модели од типот SUV. „Bolt“ ќе биде сопственик на целата флота од 25.000 возила. Робо-такси возилата ќе поседуваат автономија од 4-то ниво, што значи дека ќе можат да функционираат самостојно – без човек зад воланот – во рамките на нивните предвидени оперативни параметри. Технолошкиот пристап ќе се разликува од оној во партнерството на „Lucid“ со „Uber“ во САД. За проектот во САД се користат системи од компанијата „Nuro“, додека возилата за „Bolt“ ќе ја користат платформата „Nvidia Hyperion“. „Lucid“ веќе има договор со „Uber“ за воведување на до 35.000 робо-такси возила во Северна Америка, почнувајќи од оваа година. Тој проект ќе опфаќа користење на моделот „Gravity SUV“, како и на идниот модел од средна класа. Трката за робо-такси возила во Европа Пазарот за автономни такси-возила во Европа брзо се развива. Uber, Verne — компанија основана од Мате Римац и група инвеститори — и Pony.ai веќе работат на проекти за автономно возење, додека Waymo ја тестира својата технологија во Европа и планира да ги прошири своите активности. Uber и Wayve, исто така, работат на воведување автономни возила „Ford Mustang Mach-E“ во Лондон. Сепак, засега е неопходно во возилата да биде присутен човек за време на тестирањето, сè додека се чека на потребните регулаторни одобренија. Илон Маск исто така го најави доаѓањето на „Cybercab“ на Tesla во Европа.Тагови: роботакси Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизФото: Деколтето на НиколСветската музичка ѕвезда, Никол Шерцингер успеа да го привлече вниманието на љубопитната јавност и на странските фоторепортери со својот смел моден избор.Позната по своите неверојатни вокални способности, но и по смелите модни комбинации, пејачката Никол Шерцингер одлучи да ја воодушеви јавноста со храбро издание. Папараците неодамна ја фотографираа пред еден хотел во Париз, по концертот што, според пишувањата на медиумите, таа го одржала во овој град. Секако, таа привлече внимание со својот секси стајлинг што ретко кој може да го износи. Како што можете да видите, таа носеше комбинација од црна кожа – тесни панталони и интересна маичка. Оваа комбинација ја истакна нејзината витка фигура, но вреди да се напомене дека главниот елемент на стајлингот беше горниот дел. Кожната маица без прерамки, украсена со карнери, ја нагласи нејзината фигура, при што акцентот беше ставен на длабокото деколте и градите.Тагови: Никол Шерцингер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотВидео:Воодушевувачка снимка од 120 метри, нурнете во мистериозната Голема сина дупка во БелизеНурнете во мистериозната Голема сина дупка во Белизе: Воодушевувачка снимка од 120 метриГолемата сина дупка во Белиз крие неверојатни подводни светови. Нуркачите открија спектакуларни сталактити и богат морски свет. „Големата сина дупка“ (Great Blue Hole) во Белиз е една од најпознатите дестинации за нуркање во светот, а нејзините огромни димензии и она што се крие под површината со години привлекуваат нуркачи од целиот свет. Еден од нив одлучи да нурне во нејзините длабочини и со камера да ги сними призорите што ги затекна таму. „Големата сина дупка“ е широка околу 300 метри и длабока приближно 120 метри; таа претставува огромна подводна вдлабнатина (синкхол) сместена недалеку од брегот на Белиз. Нуркањето таму е на листата на желби на многу нуркачи, а Реј Тилер од продукцијата „Fintastic Films“ конечно доби можност да ги истражи нејзините длабочини. За време на експедицијата, тој не нурна само во „Големата сина дупка“. Изведе вкупно три нуркања на некои од најпознатите подводни локации во областа, а го посети и оддалечениот остров Халф Мун Кеј (Half Moon Cay). По нуркањето во „Големата сина дупка“ (Great Blue Hole), се нуркаше и на околните корални гребени. Таму беа забележани ајкули, ражи и морски желки, што го направи целото патување уште поатрактивно.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦрн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени 15:00Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11
Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16