Холивуд во паника - најголемиот славен женкар кој сменил бројни актерки и ѕвезди, има сида! - Канал 5

Холивуд во паника - најголемиот славен женкар кој сменил бројни актерки и ѕвезди, има сида!

Од синоќа Холивуд е во паника откако се дознало дека најголемиот заводник кој имал бројни познати партнерки, е болен од сида. Информацијата ја објави „The Sun“ но не го открива името на холивудксиот заводник.

Холивуд во паника - најголемиот славен женкар кој сменил бројни актерки и ѕвезди, има сида!

На листата на поранешни љубовници на заводникот со сида се актерка која добила многу награди, религиозна филмска ѕвезда, позната холивудска личност со контроверзно минато, ТВ ѕвезда, медиумски позната личност и гламур модел.

- Сега сите знаат дека познатиот холивудски лик имал сида, а за болеста знаел веќе неколку години - изјави извор за „The Sun“.

- Неговите адвокати веќе се подготвуваат за битка во случај на тужби. Реалноста е дека тој свесно ги ставал жените под ризик што е одвратно, и само прашање на време е кога сето тоа ќе се разбере - вели изворот.

Според истиот извор блиските пријатели на заболениот му советувале да признае во јавноста дека боледува од сида но тој одбивал.

- Да, тоа би била огромна приказна, но во денешно време сидата е болест која се лекува и не би требало да му пречи во професијата и животот. Признанието би значело многу и за разбивање на стереотипот дека болеста ја добиваат само хомосексуалците бидејќи тој е стрејт - вели изворот.

Но, тој наводно бил уплашен дека ако признае болеста ќе го одбележи и ќе му влијае на кариерата.


/ извор: thesun.co.uk

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Собранието ја продолжува расправата за буџетот за 2027 година

Собраниската комисија за финансирање и буџет денеска ја продолжува расправата за предлог-буџетот за 2027 година, по кој се поднесени над 300 амандмани.

Собранието ја продолжува расправата за буџетот за 2027 година

Владата планира приходи од 395,4 милијарди денари и расходи од 440,4 милијарди денари.

Буџетскиот дефицит е проектиран на 45 милијарди денари, односно 3,5 проценти од БДП.

За капитални инвестиции се предвидени 40,8 милијарди денари.министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска очекува економски раст од 3,8 проценти во 2027 година.

Од ВМРО-ДПМНЕ оценуваат дека буџетот обезбедува финансиска стабилност и средства за инфраструктурни проекти.СДСМ, пак, ги оспорува економските проекции и предупредува дека задолжувањето не го подобрило животниот стандард.Опозицијата ги критикува и поскапувањата на енергијата и отсуството на зголемување на минималната плата. Расправата може да трае до десет дена, од кои шест се предвидени за разгледување на амандманите.

По завршувањето на комисиската расправа, буџетот ќе продолжи во собраниска процедура.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зеленски: Ограничувањата на „Старшилд“ ја отежнуваат одбраната на Украина од руските напади

Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека ограничената брзина на американскиот сателитски систем „Старшилд“ ја отежнува одбраната на Украина од руските напади.

Зеленски: Ограничувањата на „Старшилд“ ја отежнуваат одбраната на Украина од руските напади

Тој побара од САД и компанијата на Илон Маск да ги укинат ограничувањата, нагласувајќи дека од тоа зависи заштитата на животите и енергетската инфраструктура пред зимата. Проблемот со брзината на системот, кој го развива „Спејс Икс“, трае веќе неколку недели.

Украина го користи „Старлинк“ за комуникација на бојното поле, додека „Старшилд“ е наменет за воени потреби, вклучително и заштита од ракети и беспилотни летала.Ограничувањата првпат беа забележани во октомври, по што следуваа спротивставени изјави од Илон Маск и американскиот претседател Доналд Трамп. Маск тврдеше дека одговорноста е на американската влада, бидејќи таа управува со системот, додека Трамп негираше дека Вашингтон е одговорен.

Зеленски побара украинските власти да соработуваат што поблиску со американската администрација и компанијата на Маск за надминување на проблемот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Искра Хаџи Василева официјално ја презема функцијата шефица на ОЈО ГОКК

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција добива ново раководство.

Искра Хаџи Василева официјално ја презема функцијата шефица на ОЈО ГОКК

Искра Хаџи Василева денеска официјално ќе ја преземе функцијата од досегашниот шеф Ислам Абази.

Примопредавањето ќе се одржи во просториите на обвинителството, по што е предвидена средба со јавниот обвинител Ненад Савески.

Хаџи Василева беше избрана на функцијата на 28 октомври, со освоени 64 гласа од вкупно 171 важечко гласачко ливче.по изборот, таа најави дека приоритет ќе ѝ бидат поефикасниот кривичен прогон на организираниот криминал и корупцијата, подобрата организација на работата и искористувањето на постојните ресурси.

Најави и залагање за дополнителни човечки и материјални капацитети на институцијата.. со денешното примопредавање официјално започнува мандатот на новата раководителка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер