Холденер победничка на Алпската комбинација во Сент Мориц

Венди Холденер од Швајцарија го освои златниот медал, во женската комбинација на Светското првенство што се одржува во швајцарскиот ски-ценар во Сент Мориц.

Таа, во првата трка во спуст оствари седми резулат, но со освоеното второ место во слаломската трка, на крајот сосема заслужено се закити со златото.

Второто место и сребрениот медат го освои нејзината сонародничка Мишел Жисин, додека Михаела Киргашер од Австрија беше трета и се закити со бронзата. Киргашер имаше најдобар резултат во втората трка (слалом), но по првата трка (спуст) беше пласирана на 11.место. Водечката од спустот Софија Гоџиа од Италија не ја заврши слаломската трка.

Утре, на петиот ден од шампионатот, на програмата е спуст трката во машка конкуренција.

Најголема излезност во Струмица во Струмичко-Радовишкиот регион

До 13 часот најгoлема излезност на гласачите во Струмичко-Радовишкиот регион е забележана во општина Струмица со 28,8 отсто од вкупно запишани 49.341 избирачи во Избирачкиот список.

Во Радовиш до 13 часот гласале 21 отсто од запишаните вкупно 24.205 избирачи, а во Конче има најмала излезност од 14,3 проценти од запишаните 2.724 избирачи.

Во општина Босилово до 13 часот излегле 17,9 отсто од запишаните 12.248 гласачи, а во Василево 20 проценти од 10. 592 запишани избирачи.

Во Ново Село на гласање излегле 20,40 проценти од 11.181 гласачи.

Според информациите од општинските изборни комисии изборниот ден досега поминува мирно и без проблеми.

Инаку, во шесте општини од регинот има запишано 110.291 граѓани, кои гласаат на 198 избирачки места./МИА

Почина Милош Јакеш последниот лидер на чешките комунисти

Милош Јакеш кој беше последниот генерален секретар на Комунистичката партија на поранешната Чехословачка, почина во 97 година од животот.

Тој станал лидер на комунистите во 1987 година и беше нивен водач во времето на кадифената револуција во 1989 година, кога беше ставен крај на 40-ет годишното комунистичко владеење во некогашна чехословачка, пренесе АП.

Во 1994 година Чехословачка по мирен пат се раздели на Чешка и Словачка.

Излезеноста до 13 часот во Велес е 28,76 проценти

Од вкупно 45 989 гласачи регистрирани на Единствениот избирачки список, до 13 часот гласале 13 226 гласачи или 28,76 проценти на 84 избирачки места во Општина Велес.

Лили Велковска, претседател на Општинската изборна комисија, изјави дека на сите 84 гласачки места гласањето се одвива мирно и во демократска атмосфера./МИА

притисни ентер