Во текот на изминатото деноноќие 14 лица лишени од слобода поради безобѕирно управување моторно возило
1Во текот на изминатото деноноќие 14 лица лишени од слобода поради безобѕирно управување моторно возило
3ВМРО-ДПМНЕ: СДС денес повторно се обиде да произведе „изјава“ што министерот Муцунски никогаш не ја дал
РакометХоланѓанките ја освоија бронзата на СП за ракометаркиРакометарките на Холандија го освоија бронзениот медал на Светското првенство што се одржува во Германија.Во „малото финале“ односно дуелот за третото место одигран попладнево, холандските ракометарки ја совладаа селекцијата на Шведска со 24:21. Најголемиот дел од работата Холанѓанките ја завршиви во првиот дел кој го добија со шест гола разлика (14:8), па во второто полувреме рутинирано ја сочуваа предноста. Лоис Абинг со осум голови беше најефикасната во победничката селекција на Холандија, за која ова е втор медал на Мундијалите по среброто освоено пред две години во Данска, а воедно и трет медал во низа на големите натпреварувања, бидејќи и лани на Европскиот шампионат во Шведска, селекцијата на Холандија освои сребро. Кој пак ќе го освои златото ќе дознаеме вечерва по финалниот меч меѓу актуелниот светски и европски шампион Норвешка и селекцијата на Франција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВо текот на изминатото деноноќие 14 лица лишени од слобода поради безобѕирно управување моторно возилоВо текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 14 лица поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.Од нив, 10 лица управувале моторно возило без возачка дозвола, од кои тројца малолетници. Додека, кај еден од возачите била пронајдена и бела прашкаста материја. Три лица управувале возило под дејство на алкохол, при што едно од нив учествувало во сообраќајна незгода. Едно лице управувало возило во спротивен правец во еднонасочна улица. По целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Министерството за внатрешни работи апелира сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат моторно возило без возачка дозвола, доколку имаат изречена мерка за забрана за управување, ниту под дејство на алкохол. Одговорното однесување во сообраќајот е заедничка обврска и клучен предуслов за поголема безбедност на сите граѓани.Тагови: безобѕирно управување Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПретрес во Скопје, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лицеНа 12.08.2026 во 23:00 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода П.П.(29) од Скопје затоа што при преглед кај него била пронајдена и одземена бела грутчеста материја.Подоцна, со наредба од Основен кривичен суд Скопје, бил извршен и претрес во домот каде престојува П.П., каде била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.Тагови: претреси Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: СДС денес повторно се обиде да произведе „изјава“ што министерот Муцунски никогаш не ја далСДС денес повторно се обиде да произведе „изјава“ што министерот Муцунски никогаш не ја дал.Тврдат дека рекол дека разговорите се водат „под радарот“. Има само еден мал проблем: таква изјава нема. Затоа, наместо уште едно долго соопштение, имаме едноставен предизвик за СДС: Објавете ја снимката. Не медиумски наслов. Не партиска интерпретација. Не туѓо прераскажување. Снимката. Ако не можете да ја најдете, причината е прилично едноставна: не можете да најдете нешто што никогаш не постоело. Очекуваме Венко Филипче да објасни како СДС успеа од туѓи наслови да произведе туѓи зборови и потоа да ги претстави како факт. Во демократијата имаме право на сопствено мислење. Немаме право на сопствени факти. А кога една опозиција ќе почне да измислува цитати затоа што нема аргументи, проблемот одамна веќе не е „под радарот“. Сите го гледаат. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook