Холанѓаните работат на развој на ласерска инекција, ќе боли како убод од комарец - Канал 5

Холанѓаните работат на развој на ласерска инекција, ќе боли како убод од комарец

Холандски научници работат на развој на ласерска технологија што може да резултира со „речиси безболна“ инјекција без игла, и сметаат дека нивниот досегашен успех е подобрување што ќе го ублажи стравот од игли кај некои пациенти.

Холанѓаните работат на развој на ласерска инекција, ќе боли како убод од комарец

Уредот, кој потсетува на „балон -пиштол“, користи ласер што турка мали капки низ надворешниот слој на кожата, објасни Дејвид Фернандез Ривас, професор на Универзитетот Твенте и асистент за истражување на Технолошкиот институт во Масачусетс (МИТ), кој ја осмислил и развил идејата.

Самата процедура е побезболна од каснување од комарец и „не треба да боли“ бидејќи нервните завршетоци на кожата не се допираат едни со други. Тој додаде дека постапката дополнително ќе се изучува.

„Чашата што ја содржи течноста се загрева со ласер во милисекунди, а потоа се создава меур во течноста што ја турка течноста низ надворешниот слој на кожата со брзина од најмалку 100 километри на час“, рече тој во интервју за Ројтерс.

"Таквата постапка овозможува да се инјектира течност низ кожата без никакви оштетувања или лузни. Не се гледаат рани или влезни места", рече Ривас, додавајќи дека очекува неговиот пронајдок да им помогне на повеќе луѓе да се одлучат за вакцинација, истовремено спречувајќи го ризикот од контаминација, што може да настане поради валкани игли. И на крај, но не и најмалку важно, неговиот изум ќе помогне да се намали медицинскиот отпад.

Тестовите со примероци од ткиво биле успешно спроведени благодарение на грантот од 1,5 милиони евра од Европската унија, а компанијата ќе аплицира за финансирање за да започне со тестирање на новиот уред на волонтери овој месец, открива Ривас.

Тој, исто така, рече дека новата почетна компанија ќе работи со претставници на фармацевтската индустрија за да ја тестира и пласира технологијата Bubble Gun. Но, до моментот кога методот ќе стане достапен за пошироката јавност, може да потрае од една до три години, во зависност од напредокот на истражувањето и регулаторните прашања.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Запален автомобилот на познат српски пејач

Запален е џипот Ауди на популарниот српски пејач Урош Живковиќ . Жителите на населбата Чукарица во Белград ги разбудила силна експлозија, луксузниот автомобил е скоро целиот уништен во пожарот. .

Запален автомобилот на познат српски пејач

Пожарот во кој изгоре скап автомобил „Ауди Q8“, сопственост на познатиот пејач Урош Живковиќ, избувна рано утринава, околу 4 часот, во белградската населба Чукарица. Жителите на околните згради беа разбудени среде ноќ од силен тресок, сличен на експлозија, по што низ прозорците видоа пламен што го зафати луксузниот џип.

Се сомнева дека пожарот е подметнат. Двајца непознати мажи му пришле на паркираното возило, истуриле запалива течност врз него, по што автомобилот веднаш пламнал. Напаѓачите со молскавична брзина побегнале од местото на настанот во непознат правец.

Пожарникарите-спасувачи брзо пристигнаа на местото на настанот, го изгаснаа пожарот и спречија негово ширење кон околните возила. За среќа, во овој инцидент немаше повредени, но возилото претрпе сериозни оштетувања.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мисајловски: Јануарската плата на војската ќе биде зголемена за 10 проценти

Јануарската плата ќе биде зголемена за 10 проценти ова утринава го најави министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Мисајловски: Јануарската плата на војската ќе биде зголемена за 10 проценти

Кој се обрати на прес-конференција посветена на покачувањето на платите во Армијата и одбраната од почетокот на следната година.

На конференцијата присуствуваа и претставници на синдикатите во одбраната и армијата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Пица со шунка

Во вторник (27.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Павлина Горгиева.

„Гответе со Дракче“ - Пица со шунка

Состојки за денешниот рецепт:

1 готово тесто за пица

100 гр. доматен сос

150 гр. шунка

150 гр. кашкавал

150 гр. печурки

50 гр. маслинки без семка

малку оригано и др. зачини по избор.

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер