Жената не била сосема сигурна дали ја овластува докторката да и го одземе животот , што е прв таков случај во Холандија по легализацијата на еутаназијата (убиство од милосрдие).
Седумдесет и четиригодишната пациентка првично изразила желба за еутаназија, но подоцна дала спротивставени изјави за нејзината желба да умре “, рече судијката Мариета Ренкенс во судот во Хаг.
„Сметаме дека со оглед на тешката деменција на пациентот, лекарот не морал да ја провери нејзината желба за еутаназија“, рече судијката.
По читањето на пресудата, во судницата одекна аплауз. Случајот, прв од ваков вид во Холандија, каде прво се легализираше еутаназијата во 2002 година, предизвика дебата за правото на пациентите со деменција да одлучуваат за сопствената судбина.
Докторката (68), чиј идентитет не е откриен, е обвинета за „претпоставка дека жената останала на одлуката дека сака да умре без да се консултира со неа“ по развојот на невродегенеративната Алцхајмерова болест.
Обвинителството, кое не побара казна за докторката, рече дека треба да се „разговара повеќе“ за тоа со пациентот.
„Пациентката поднела барање за еутаназија додека сè уште била целосно свесна “, рече судијката.
„Сега внимателно ќе ја разгледаме пресудата и ќе одлучиме дали да се жалиме“, одговори Сане ван дер Харг, портпарол на обвинителството.