ЗабаваХоландскиот крал води двоен живот Тој работи како ко- пилот на најголемата холандска компанија. Во интервју за весникот Де Телеграф, кралот откри дека летал двапати месечно како ко- пилот за компанијата КЛМ, но без притоа да им го открива својот идентитет на патниците во леталото. „Чувството е фантастично. Ова лето ќе учам да управувам со Боинг 737“¬ изјави педесетгодишниот крал. Најмалку два пати месечно е во кокпитот на авионите на авиокомпанијата „KLM” и тоа главно лета за Германија, Велика Британија и Норвешка. Неколку пати управувал и со службените владини авиони. Патниците ниту еднаш досега не го препознале во униформа. Имало и такви кои би му го препознале гласот, но никогаш не се претставувал. – Предност е тоа што на патниците секогаш можам да им посакам добродојде во име на капетанот и екипажот. На тој начин не морам да го кажувам своето име, истакна холандскиот крал. Тој рече дека не планира да престане со пилотирање и дека сака да лета на долги летови.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Истрага за Алта банка мора да има и да се прошири со Алта осигурувањеЗа влезот на Алта бака, пералницата на пари на Вучиќ во Македонија мора да има истрага и одговорност.Откако Мицкоски и Славески ѝ ја отворија вратата на Алта банка во македонскиот банкарски сектор, на Давор Мацура му дозволија да влезе и во осигурувањето, преку преземањето на ЗОИЛ Македонија за околу 1,7 милиони евра. Истрагата мора да се прошири и на осигурувањето. Со кои пари е купено осигурителното друштво, од која сметка се платени и кој го проверил нивното потекло? Агенцијата за супервизија на осигурувањето треба да одговори дали проверила можен судир на интереси, кој учествувал во одлучувањето и дали кон Алта осигурување ги применила истите критериуми како кон другите осигурителни друштва. До СДСМ стигнаа информации од свиркачи дека барањето за преземање на осигурителното друштво било обработено за само два и пол дена. Ако е така, кои проверки се направени за два и пол дена, кој ги направил и врз основа на кои документи е дадена согласноста? Свиркачите наведуваат и дека во трансакцијата наводно посредувала брокерска куќа во сопственост на братот на Дракуловска, претседателката на Советот на експерти на АСО. Дали е ова така? СДСМ бара Народната банка, Комисијата за хартии од вредност и АСО да ја објават целата документација за двете преземања, со хронологијата на одлучувањето, датумите, мислењата, согласностите и имињата на лицата што учествувале во носењето на одлуките. СДСМ бара истрага од првиот ден. Мицкоски и ВМРО-ОКГ зборуваат за спас преку продажба на банката. Сакаат да се спасат себе си. За ВМРО-ОКГ и Мицкоски, единствениот спас е преземањето на банката за да не се отворат сметките и да не се проверат трансакциите. Обвинителот Савески да престане да чека и да постапи по закон, независно. Скопје, 24.10.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканПочина митрополитот Бачки Иринеј БуловиќБачкиот митрополит Иринеј Буловиќ почина по тешки здравствени компликации, дознаваат „Новости“. Овој долгогодишен архиереј на Српската православна црква се лекуваше на Институтот за онкологија на Војводина во Сремска Каменица. Во изминатите неколку дена, тој беше во многу тешка здравствена состојба и се лекуваше на Институтот за онкологија на Војводина во Сремска Каменица, пренесуваат „Новости“. Митрополитот Иринеј беше во индуцирана кома по сериозни здравствени компликации што настанаа по операцијата, а беше и приклучен на апарат за вештачко дишење. Српската православна црква претходно ги повика верниците да се молат за негово оздравување. „Ве повикуваме да упатите усрдни молитви кон Господ и кон Богородица за оздравување на бачкиот митрополит, г. Иринеј“, се наведува во соопштението на СПЦ на социјалните мрежи. Архиерејот Иринеј, епископ новосадски и митрополит бачки, беше на чело на Бачката епархија од 1990 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканВидео: Маж вооружен со пушка пукал во средно училиште во Крагуевац, Србија, двајца повредениУтринава дошло до пукање во Техничкото училиште во Крагуевац, Србија, а објавена е и првата снимка од местото на настанот. Според неофицијални информации, непознато лице ранило двајца вработени во училиштето, а постои сомневање дека се обидело да убие поголем број ученици. Според неофицијални информации, полицијата го привела осомничениот. View this post on Instagram A post shared by Kragujevčani (@kragujevcani.rs) Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook