Холандскиот „брод на смртта“ - една од најголемите поморски мистерии - Канал 5

Холандскиот „брод на смртта“ - една од најголемите поморски мистерии

Мистериозните приказни отсекогаш го привлекувале вниманието на луѓето. 

Холандскиот „брод на смртта“ - една од најголемите поморски мистерии

А, човековата фасцинација со непознатото честопати резултира со приказни што со текот на времето се збогатени со дополнителна драма. Таква е судбината на холандскиот брод „СС Уранг Медан“ (SS Ourang Medan) од 1940-тите.

Приказната на преживеаниот

Имено, додека бродот пловел во водите околу Индонезија, се случила несреќа. Името на бродот е изведено од малајскиот збор „оurang“, што значи „човек“, и Медан - град на Суматра. Според приказната, судбината на бродот и неговиот екипаж прв ја опишал италијански мисионер кој наводно ја слушнал од еден преживеан морнар... Тој морнар успеал да доплива до атол на Маршалските Острови, но набргу потоа починал. Мисионерот потоа му ја раскажал приказната на Силвио Шерли од Трст.

Морнарот тврдел дека бродот превезува опасен товар - сулфурна киселина, позната како „витриол“. Лошото складирање на овој хемиски материјал довел до создавање отровни гасови, коишто го убиле целиот екипаж. Бродот пловел од непознато кинеско пристаниште кон Костарика, избегнувајќи официјални контроли поради нелегалниот товар. Во некои верзии на приказната не се споменува опасниот товар.

Како што оди легендата потоа, бродовите во близина добиле вознемирувачка радиопорака со Морзеова шифра: „Сите офицери, вклучително и капетанот, се мртви. Тие лежат на палубата и на мостот. Целата посада е веројатно мртва... И јас умирам“.

На местото на несреќата прв пристигнал американскиот трговски брод „Силвер стар“. Таму спасувачите нашле празен брод полн со мртви тела, вклучувајќи го и бродското куче - териер. Телата на посадата немале физички повреди, но страотните изрази на лицето посочувале смрт во страшна агонија. Бродот ненадејно се запалил, поради што Американците биле принудени да се оддалечат. На крајот, „СС Уранг Медан“ експлодирал и потонал, носејќи ги тајните во морската длабочина со себе.

Во што е мистеријата?

Приказната за холандскиот брод е полна со драма, но недостатокот на конкретни докази предизвикува сомнежи. Некои веруваат дека бродот превезувал лошо складирани хемикалии, но други говорат дека инцидентот е поврзан со озлогласената јапонска „Единица 731“.

На крајот, оваа приказна останува мистерија на којашто треба да се гледа со критичко разгледување. Само едно е јасно: Приказните како оваа ги фасцинираат луѓето и ја поттикнуваат нивната мечта и фантазија, без обѕир дали се деталите се вистина или само производ на човековата склоност кон мистериозното.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Српска пејачка во топлес

Младата и атрактивна српска пејачка Сара Џо повторно предизвика големо внимание и ги привлече погледите со провокативна објава на социјалните мрежи. 

Фото: Српска пејачка во топлес

Таа сподели серија фотографии на Инстаграм на кои позира полугола, со долги прамени руса коса и раце што ѝ ги покриваат градите.

Облечена во фармерки со низок струк и придружена од песна на Бритни Спирс, пејачката ја покажа својата прекрасна фигура и предизвика вистинска бура од реакции меѓу своите следбеници.

Нејзината објава доаѓа во момент кога јавноста зборува за нејзината нова врска со синот на познатиот актер=, продуцент и режисер, Драган Бјелогрлиќ, младиот актер Алексеј Бјелогрлиќ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дали Хамза бин Ладен е жив?

Синот на некогаш најбараниот свтески терорист, Осама бин Ладен, Хамза бин Ладен – за кого американските власти претходно тврдеа дека загинал во воздушен напад во 2019 година – наводно е жив.

Синот на Осама бин Ладен, Хамза бин Ладен – за кого американските власти претходно тврдеа дека загинал во воздушен напад во 2019 година – наводно е жив и ги предводи обновените напори на Ал Каеда за изградба на мрежа од милитантни групи во Азија и Африка.

Ова се наведува во нова разузнавачка проценка објавена од британскиот весник „Мирор“.

Според таа проценка, Ал Каеда наводно намерно ширела информации за смртта на Хамза за да го отстрани од списокот на цели и да му овозможи од сенка да преземе лидерска улога во организацијата.

Хамза бин Ладен, кој сега би имал 37 години, е најстариот син на Осама бин Ладен – основачот на Ал Каеда и идејниот творец на терористичките напади врз САД од 11 септември 2001 година, во кои загинаа речиси 3.000 луѓе.

Американскиот претседател Доналд Трамп претходно изјави дека Хамза бин Ладен бил убиен во американска операција во 2019 година.

Сепак, според разузнавачка проценка до која дојде весникот „Мирор“, Ал Каеда наводно манипулирала со телефонските разговори на членовите на семејството и соработниците на Хамза за да ги убеди американските разузнавачки служби дека тој е мртов.

Во проценката се наведува дека тогашниот лидер на Ал Каеда, Ајман ал-Завахири, наводно одиграл клучна улога во таа операција.

Според овие наводи, соработниците на Хамза отворено разговарале по телефон за неговата смрт, свесни дека комуникацијата може да биде прислушувана. Понатаму, во проценката се наведува дека по смртта на Ал-Завахири во американскиот напад во Кабул во 2022 година, Хамза ја презел лидерската улога во организацијата.

Тој потоа наводно воспоставил мрежа од кампови во Авганистан и се поврзал со разни милитантни групи, вклучувајќи организации поврзани со Иран, Хамас и Исламската држава.

Во документот се проценува дека потенцијалната закана за Обединетото Кралство и САД може да вклучува напади со голем број жртви, киднапирања, поединечни напади, саботажи, атентати, како и напади врз транспортната инфраструктура и цели поврзани со Израел и еврејските заедници.

Ивор. Б92.нет

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дуа Липа со јавна поддршка за Хашим Тачи по пресудата од Хаг: Слободата има име

Дуа Липа се огласи на Инстаграм за да ја изрази својата поддршка за Ослободителната војска на Косово (ОВК) и нејзините поранешни водачи, вклучувајќи го и поранешниот косовски претседател Хашим Тачи.

Дуа Липа со јавна поддршка за Хашим Тачи по пресудата од Хаг: Слободата има име

Пејачката го објави амблемот на ОВК со зборовите „Liria ka ĝemër“ или „Слободата има име“. Објавите дојдоа по пресудата на поранешните водачи на ОВК пред Специјалниот совет за Косово во Хаг.

Таа, исто така, сподели порака од нејзиниот татко

Потоа Дуа Липа сподели објава од нејзиниот татко, Дукаѓин Липа, на својот профил. Во неа се зборува за улогата на ОВК во борбата за слобода и независност на Косово и се вели дека оваа борба не смее да се доведува во прашање.

„Слободата е освоена со крв - крвта на мачениците кои ги дадоа своите животи за слобода. Никој нема право да ја оцрни нашата борба за слобода. Никој нема право да ја оцрни Ослободителната војска на Косово и идеалот на илјадници млади мажи и жени кои ги дадоа своите животи за слободата што ја уживаме денес. ОВК е и секогаш ќе остане симбол на нашата слобода и независност“, сподели пејачката во објавата.

Таа често зборува за врската со Косово

Дуа Липа е родена во Лондон во семејство на косовски Албанци, а дел од детството го поминала во Приштина, каде што нејзиното семејство се преселило кога таа била девојче.

За време на нејзината кариера, пејачката неколку пати зборуваше за нејзината врска со Косово и важноста што ја има за нејзиниот идентитет. Таа исто така нагласи дека сака да ја искористи својата меѓународна популарност за да придонесе за поголемо препознавање на Косово во светот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер