Холандски научници : Витаминот К е корисен во борбата против коронавирусот - Канал 5

Холандски научници : Витаминот К е корисен во борбата против коронавирусот

Холандските научници откриле недостаток на витаминот К, што го има во спанаќот, јајцата, тврдото и сирењето со благородна мувла, кај пациенти кои починале од ефектите на ковид-19 или биле примени во единицата за интензивна нега.

Холандски научници : Витаминот К е корисен во борбата против коронавирусот

Ова предизвикува надеж дека промената во исхраната може да придонесе во борбата против оваа болест.

Лекарите кои го проучувале развојот на болеста кај пациенти заразени со коронавирус во болницата во холандскиот град Нијмеген, откриле врска помеѓу недостаток на витаминот К во организмот и смртта од ефектите на ковида-19, пишува „Гардијан“.

Ковид-19 предизвикува згрутчување на крвта, што резултира со распаѓање на еластичните влакна во белите дробови, а витаминот К, кој се внесува преку храна и се апсорбира во гастроинтестиналниот тракт, е клучен за производство на протеини кои го регулираат згрутчувањето и би можеле да ги заштитат пациентите од развој на потешка болест на белите дробови.

Холандските истражувачи ја доставиле студијата на преглед и сега бараат средства за започнување на клиничко испитување.

Д-р Роб Јансен, научник кој работи на проектот, вели дека, со оглед на првичните резултати од студијата, ќе поттикне што е можно поголем внес на витамин К, со исклучок на пациентите кои примаат лекови за згрутчување на крвта, како што е варфарин.

„Би советувал да земаат витамин К како додаток. Дури и ако излезе дека не помага во борбата против оваа смртоносна болест, оваа хранлива материја е добра за крвните садови, коските и веројатно за белите дробови“, објасни тој.

"Витамини се К1 и К2. К1 се наоѓаат во спанаќот, брокулата, зелениот лиснат зеленчук, боровинките и сите видови овошје и зеленчук. Телото го апсорбира К2 подобро, а го има во изобилство во холандските и француските сирења, т.е. во тврди и сирења со благородна мувла. "

„Витаминот К2 е особено застапен во традиционалните јапонски јадења направени од ферментирана соја, со карактеристична леплива структура и особен вкус, поради што ние дополнително ќе ги испитаме неговите здравствени придобивки“, рече тој.

„Соработував со јапонски научник кој работи во Лондон. Таа ми кажа дека во некои делови на Јапонија, каде жителите консумираат многу од оваа храна, нема пријавено смртност од ковид-19“, додаде Јансен.

Истражувањето е спроведено во соработка со Институтот за кардиоваскуларни заболувања во Мастрихт, еден од најголемите европски институти за истражување на кардиоваскуларни заболувања. Истражувачите ја испитувале состојбата и развојот на болеста кај 134 пациенти хоспитализирани поради ковид-19 помеѓу 12 март и 11 април, заедно со контролна група од 184 постари пациенти кои не биле заразени со коронавирус.

„Нашата намера е случајно да избереме пациенти кои страдаат од ковид-19 и да им препишеме плацебо терапија или терапија со витамин К, што е многу безбеден за употреба кај општата популација. Ќе им дадеме витамин К во високи дози што ќе ги активира протеините толку важни за заштита на белите дробови и ние ќе се обидеме да утврдиме колку е ефикасен “, изјави коавторот на студијата, д-р.Џона Уок.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Босанката Мирнеса украла над милион евра од фирма во Германија, па ја пуштиле на слобода- парите не се пронајдени

Мирнеса С, попозната по прекарот Мики, која украла дури 1,25 милиони евра од германска компанија за готовински трансфер во Штутгарт, повторно е во центарот на вниманието. 

Босанката Мирнеса украла над милион евра од фирма во Германија, па ја пуштиле на слобода- парите не се пронајдени

Откако отслужила дел од тригодишната затворска казна, таа била ослободена на почетокот на 2025 година, но најголемата мистерија во случајот останува нерешена - каде завршиле парите што исчезнале пред повеќе од четири години?

Кражбата се случила на 14 октомври 2022 година, кога Мирнеса, која во тоа време била вработена во компанијата за готовински трансфер, однела огромна сума пари од просториите на компанијата, објави 24 сата.

Според информациите што подоцна ги објавија медиумите, таа ги ставила парите во спортска торба, ја покрила со крпи и го напуштила своето работно место. Бидејќи имала пристап до парите како вработена, кражбата била извршена без класичен грабеж или употреба на сила.

Нејзиното исчезнување предизвикало обемна потрага од страна на германската полиција, која понудила награда од 37.500 евра за информации што довеле до нејзино апсење. Мирнеса, сепак, доброволно се предаде на властите во Германија на почетокот на 2023 година, откако преку својот адвокат го најави своето пристигнување на аеродромот во Штутгарт.

Во јули истата година, таа беше осудена на три години затвор за кражба, а за време на постапката тврдеше дека нејзиниот тогашен партнер Роберт С. го смислил целиот план и ја убедил да учествува во кражбата. Според неа, таа добила само 20.000 евра од вкупната сума.

Нејзиниот поранешен партнер, од друга страна, ги негираше обвинувањата дека ја организирал кражбата и тврдеше дека само играл улога на возач.

Случајот достигна нов епилог во февруари 2026 година, кога Роберт С. беше осуден на три години и девет месеци затвор за учество во кражбата. Судот, исто така, нареди конфискација на приносите од криминал во износ од 1,25 милиони евра, но парите не беа пронајдени ни тогаш. Пресудата не беше конечна во времето на објавувањето на извештајот.

Мирнеса се појави и како сведок на судењето на нејзиниот поранешен партнер, каде што зборуваше за желбата да започне нов живот. Иако е повторно слободна, прашањето за судбината на парите останува неодговорено.

Во последните месеци, таа привлече внимание и на социјалните мрежи, каде што се појавува во хумористични видеа со босанскиот инфлуенсер Сермед Мактоуф.

Иако двајцата поминаа низ судски процес и добија затворски казни, повеќе од еден милион евра сè уште не се пронајдени, а останува непознато кој во моментов ги контролира парите од една од најпознатите кражби во Германија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Холанѓанец си го убил таткото и го исекол телото на 238 парчиња, а потоа направил нешто пострашно

Холандските обвинители побараа 12-годишна затворска казна за маж кој го убил својот татко, а потоа го исекол неговото тело на 238 парчиња!

Холанѓанец си го убил таткото и го исекол телото на 238 парчиња, а потоа направил нешто пострашно

Осомничениот ги ставил останките од својот татко во 19 вреќи за ѓубре, кои ги чувал во два замрзнувачи и кутија за складирање повеќе од три години.

„Тој го отстранил телото и ги лажел полицијата и луѓето околу него со години“, изјавил јавниот обвинител пред судот, објави Сан.

Тајмен В., 33, е обвинет за убиство на својот татко на 10 јануари 2021 година. Полицијата ги пронашла останките во куќата на осомничениот повеќе од три и пол години подоцна, во ноември 2024 година.

Обвинителството изнесе тврдења пред судот во Алкмар дека таткото и синот биле во насилен конфликт. Жртвата била удирана во главата осум пати со тврд предмет, можеби статуа на Буда, што самиот осомничен го споменал.

Според патолог од Холандскиот форензички институт (NFI), постои и можност жртвата да била задавена. Осомничениот тврди дека дејствувал во самоодбрана откако неговиот татко го нападнал со нож.

Обвинителството ја отфрли оваа верзија на настаните, нагласувајќи дека осомничениот не контактирал со полицијата по смртта на неговиот татко, туку им кажал на луѓето околу него дека заминал во странство.

Обвинителот посочи дека осомничениот се однесувал кон својот татко „на ужасен и крајно дехуманизирачки начин“. Психијатар и психолог процениле дека имал благо нарушен ментален капацитет, констатација што обвинителството ја прифатило.

Обвинетиот изјавил дека целосно го потиснал и самото убиство и криењето на телото, и дека неговите сеќавања за настанот се појавиле дури околу еден месец по неговото апсење. Меѓу другото, му е дијагностицирано гранично растројство на личноста.

Неговиот адвокат изјавил дека физичкото насилство се случило меѓу татко и син во неколку наврати и дека било взаемно.

Тој додаде дека неговиот клиент ја изгубил довербата во полицијата по претходен инцидент, кога неговиот татко го нападнал со секира, а полицајците не пристигнале веднаш на местото на настанот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бран штрајкови се најавени во Италија за овој месец- запираат возовите, автобусите и авионите

Италијанските синдикати повикаа на национален штрајк во железничкиот, автобускиот и воздушниот транспорт за 20 и 21 ноември, на кој ќе му претходат неколку прекини на работата и протести на локално ниво.

Бран штрајкови се најавени во Италија за овој месец- запираат возовите, автобусите и авионите

Генералниот штрајк, свикан од Италијанската општа конфедерација на трудот (CGIL), ќе ги опфати сите транспортни сектори, и јавни и приватни, во текот на целиот ден на 20 ноември, објави денеска ADNkronos.

Во исто време, неколку закажани протести и локални штрајкови од следната недела се закануваат да го нарушат транспортот, создавајќи тешкотии за жителите на неколку италијански градови.

Утре Џенова ќе биде погодена од штрајк во транспортот организиран од синдикатот Cub Trasporti, додека синдикален протест ќе се одржи во Козенца на 10 ноември, што ќе го наруши и јавниот превоз.

Во Милано, штрајк на групацијата ATM е свикан за 13 ноември, што ќе доведе до прекини во јавниот превоз во тој град, како и во Монца и Бријанца, а истиот ден, јавниот превоз во Венеција исто така ќе биде засегнат во текот на целиот ден поради прекин на работата.

Штрајкови се планирани и во транспортниот сектор во Бари и Неапол во текот на ноември, соопшти агенцијата.

На национално ниво, критични денови за транспортот, од јавниот превоз до железницата, ќе бидат 20 и 21 ноември, кога штрајкот ќе влијае на железничкиот товарен транспорт, локалниот јавен превоз и железничкиот патнички транспорт, од 21 часот на 20 ноември до 20 часот на 21 ноември.

Што се однесува до секторот за воздушен транспорт, се очекуваат прекини за патниците што летаат на 22 ноември, кога вработените во неколку компании во Фиренца и Пиза ќе штрајкуваат, додека работниците во компанијата Енав во Варезе исто така ќе штрајкуваат.

Покрај транспортниот сектор, прекин на работата е повикан и за италијанските работници во кол-центрите да штрајкуваат на 11 ноември.

Синдикатите заеднички ја повикуваат владата да „обезбеди сериозна индустриска политика за секторот, како и да ги заштити работните места и приходите на работниците“.

Национален штрајк е закажан и за 16 ноември за приватните даватели на здравствени услуги, социјалните претпријатија, како и за регионалните и локалните власти, потсети агенцијата.

Во исто време, училиштата и универзитетите ќе бидат во центарот на широк протест во текот на денот на 20 ноември, свикан од синдикатите и здруженијата на работници во образованието на Италија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер