Холандски Ф-35 пресретнаа руски воени авиони над Балтичкото Море

Минатиот петок два борбени авиони на кралското холандско воздухопловство Ф-35 полетаа од Естонија како дел од мисијата на НАТО и успешно ги извршија своите први мисии за пресретнување.

Холандските пилоти идентификуваа и следеа три руски авиони кои летале над Балтичкото Море, во близина на воздушниот простор на НАТО, објави холандски РД.

Овие авиони се вклучени во системот за предупредување за брза реакција (QRA), кој овозможува брзо пресретнување на авиони кои се приближуваат до воздушниот простор на НАТО без идентификација. За време на првата мисија, идентификуван е транспортен авион AN-72 COALER и извидувачки SU-24MR Fencer E, додека втората мисија открила IL-20 Coot A, шпионски авион.

Холандските Ф-35 ги придружувале сите три летала над меѓународните води, осигурувајќи дека тие нема да ја нарушат областа на одговорност на НАТО.

Министерот за одбрана на Холандија, Рубен Брекелманс, ја истакна важноста на овие мисии:

„Нашите пилоти се тука за да го заштитат заедничкиот воздушен простор и да ја осигураат безбедноста на нашите сојузници. Ова е уште еден пример за активноста на руските сили во близина на границите на НАТО. Горд сум на професионалноста на нашите војници, кои веднаш ја покажуваат својата вредност во вакви ситуации“.

Холандскиот контингент, составен од четири борбени авиони Ф-35, од 1 декември учествува во мисијата на НАТО „Air Policing“ во Естонија. Авионите се стационирани во воздухопловната база Ämari и се на должност на источните граници на НАТО алијансата, обезбедувајќи поддршка за сојузниците во балтичките земји.

На автопатот Демир Капија - Неготино пронајдени шест мигранти

Mигрантите се сместени во Транзитниот центар Табановце за понатамошна постапка, а по целосно документирање на случајот, против Е.Ф. ќе биде поднесена соодветна пријава. 

На автопатот Демир Капија - Неготино синоќа околу 20 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово при Регионалниот центар за гранични работи Југ го лишиле од слобода Е.Ф.(19) од Радовиш, затоа што во возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки превезувал шест лица мигранти, три од Непал и три од Индија.

- Претходно, на наплатна станица Демир Капија, тој не застанал на знак за запирање, даден од полициски службеници и продолжил со движење кон Гевгелија, при што влегол во тунел каде се изведувале градежни работи и со возилото удрил во работна машина, соопштија денеска од МВР.

Mигрантите се сместени во Транзитниот центар Табановце за понатамошна постапка, а по целосно документирање на случајот, против Е.Ф. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Нејмар го напушта Ал-Хилал, се враќа во родниот Сантош

 Бразилската ѕвезда Нејмар ја заврши својата авантура во Саудиска Арабија. Од него се очекуваше многу, но никогаш не успеа да го покаже потенцијалот во Ал-Хилал, а паралелно со тоа проблеми му правеа и многу повреди.

Нејмар ја напушта арапската земја за да се врати во Бразил. Според последните информации, постигнат е договор и Нејмар ќе се врати во Сантос на позајмица во следните 6 месеци. Разбирањето е веќе факт и ќе биде официјализирано во следните неколку дена.

Во неделата, претседателот на Сантос, Марсело Тешеира и директорот Педро Мартинс се сретнаа со претставниците на Нејмар и преговараа за платата на играчот.

Пожар во објект за стари лица во село Чемерско

Опожарен е објект за стари лица во село Чемерско на 30 километри од Кавадарци. 

Упатени 12 пожарникари од Кавадарци и се чека на првите информации за евентуални повредени

притисни ентер