Британка не знаела што ѝ прават повеќе од 20 години- сопругот ја дрогирал и силувал заедно со десетици други мажи
1Британка не знаела што ѝ прават повеќе од 20 години- сопругот ја дрогирал и силувал заедно со десетици други мажи
КултураХоландската поетеса Анеке Брасинга годинашен добитник на „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијатаХоландската поетеса Анеке Брасинга е добитник на наградата „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата за 2026 година. Одлуката за годинашниот венцоносец беше објавена денеска во МАНУ каде што беа претставени биографијата на Брасинга, нејзиното творештво и библиографија. Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, кој присуствуваше на претставувањето, истакна дека со доделувањето на „Златниот венец“ на Анеке Брасинга се зацврстува и една значајна културна врска меѓу Македонија и Холандија, врска што се гради преку литературата, преводот и заемната љубопитност на две култури што се среќаваат во просторот на поезијата. - Постојат моменти кога зборовите не се доволни за да ја соберат онаа тивка, моќна сила со која еден автор, преку своето дело, успева да го помести светот, подалеку од прозаичното и поблиску до суштественото. Денес не прогласуваме лауреат. Прогласуваме сведоштво. Прогласуваме доказ дека поезијата е врвен акт на творечка храброст и дека „Струшките вечери на поезијата“ оваа година имаат поетски глас што во полна творечка убавина ќе одекне пред светот, нагласи Љутков пред присутните. Тој додаде дека постојат биографии што се пишуваат со животот и постојат биографии што животот ги обликува како историја. - Биографијата на Брасинга е токму таква. Дебитира со поезија, продолжува со есеистика, се впушта во пенливите води на прозата, а потоа, со онаа посебна возбуда кај луѓето што навистина ги сакаат зборовите, станува преведувач. Не само преведувач на текстови, туку преведувач на светови. Поезијата на Брасинга е оној простор каде јазикот престанува и започнува нешто друго. Нешто за кое зборот „стих“ е премалку. Таа пишува со онаа ретка трпеливост, речиси забранета во нашата нервозна епоха. Трпеливост на некој што знае дека вистинскиот збор не доаѓа прв, дека треба да се почека, дека тишината е исто толку важна колку и говорот, истакна министерот. Љутков рече дека поезијата на Брасинга ја поседува таа ретка способност да го направи малото - големо, а големото - блиско и човечно. Таа е авторка, нагласи, што знае дека еден единствен збор, поставен со вистинска мера и тишина околу него, може да ја промени, не само реченицата, туку и начинот на кој читателот го доживува светот. - Во исто време, нејзиното дело е и мост, мост меѓу јазиците, меѓу културите, меѓу различните поетски традиции на Европа. Со доделувањето на „Златниот венец“ на Анеке Брасинга се зацврстува и една значајна културна врска меѓу Македонија и Холандија, врска што се гради преку литературата, преводот и заемната љубопитност на две култури што се среќаваат во просторот на поезијата, потенцираше министерот. За Љутков, ова признание не е само почит кон едно исклучително творештво, туку и нова можност за продлабочување на културниот дијалог меѓу нашите две земји. Тоа отвора врати за нови преводи, нови литературни средби, нови културни проекти, но и за една поширока културно-туристичка перспектива. - Струга, со својата поетска традиција и со реката Дрим како вечен сведок на стиховите, може да стане место каде холандските љубители на литературата ќе го откриваат духот на македонската култура, исто како што македонските читатели преку поезијата на Брасинга ќе го чувствуваат поетскиот пејзаж на Холандија, нагласи Љутков. Тој додаде дека „Струшките вечери на поезијата“ постојат во силна верба, дека зборот е свечен аргумент на убавината. - Шеесет и пет години. Толку пати Струга и Македонија го отворале срцето пред светот и порачале - дојдете, слушнете, останете барем толку, колку што трае еден стих. И светот доаѓал. На мостовите на Дрим застанале поетски големини како Неруда, со својата страст кон животот, Јевтушенко со гневот против неправдата, Бродски со својата егзилска меланхолија, Адонис со мудроста на древниот Ориент, Ко Ун со тишината на будистичката длабочина… Имиња што се пресвртници во историјата на поезијата, подвлече министерот. Денес името на Анеке Брасинга го збогатува тој престижен пиедестал, истакна тој, нагласувајќи дека не како додаток, туку како логично продолжение на таа низа. - Струшките вечери на поезијата и Македонија, со „Златниот венец“, денес изразуваат благодарност кон авторка која целиот свој живот го прави токму она што го сметаме за наша врховна мисија: ги чува зборовите пред да исчезнат, ги преведува пред да замолчат и создава нови, пред светот да заборави дека има насушна потреба од нив, подвлече министерот. Љутков се обрати и директно до Анеке Брасинга. - Добредојдовте во семејството на лауреатите на „Златниот венец“. Оваа чест е ваша, но, убавината на моментот е заедничка. Затоа што поезијата, дури и кога е напишана во самотија, никогаш не е само за еден. Таа е за сите нас. За оние кои доаѓаат по нас. Дури и за оние кои сè уште не знаат колку таа им е потребна. Ви благодариме што нè потсетувате дека тишината може да биде полна со значење, а зборот - со вечност, порача министерот за туризам и култура од амфитеатарот на МАНУ. На настанот беше прочитана порака до „Струшките вечери на поезијата“ од страна на Брасинга. - Голема чест и големо изненадуване е за мене што Управниот одбор на „Струшките вечери на поезијата“ ми го додели „Златниот венец“ за 2026 година. Длабоко сум трогната од ова високо признание, уште повеќе што сум првата холандска поетеса на која ѝ е доделена оваа награда. Тоа ми дава чувство како со овој венец да е одликувана целата холандска поезија и од минатото и од сегашноста, наведува таа во нејзината порака. Таа изразува благодарност што ќе учествува на, како што нагласува, прочуениот меѓународен „Струшки фестивал“ и додава оти се надева дека „Златниот венец“ ќе го носи со достоинство. - Особено ме исполнува со радост и благодарност сознанието дека дел од мојата поезија се преведува и ќе биде објавена на македонски јазик. И, конечно, ќе ми биде големо задоволство во Охрид да го посетам споменикот и музејот посветени на писателот А. ден Долард. Тој живеел во едно село недалеку од моето родно место, во шумите на Велуве во источна Холандија. Токму тој на холандските читатели им го откри прекрасниот свет на Македонија, а јас уште од детството бев една од тие читатели, споделува Брасинга. Образложението за одлуката, наградата „Златен венец“ да ѝ се додели на Брасинга, поет од Кралството Холандија, пред присутните го сподели в.д. директорот на „Струшките вечери на поезијата“, Никола Кукунеш. - Советот на „Струшките вечери на поезијата“, врз основа на значењето на поетското дело на холандската поетеса Анеке Брасинга, нејзиниот исклучителен придонес во современата европска и светска поезија, како и врз основа на високите естетски вредности и влијанието на нејзиниот поетски опус, донесе одлука, наградата „Златен венец“ на „Струшките вечери на поезијата“ за 2026 година да ѝ се додели на Анеке Брасинга за нејзиното севкупно поетско творештво. Поезијата на Анеке Брасинга се одликува со исклучителна јазична инвентивност, богата метафоричност и силна имагинативна енергија. Нејзиниот поетски јазик е густ, барокно разигран и исполнет со неочекувани зборовни споеви, неологизми и звучни асоцијации, кои се спојуваат со филозофска длабочина и со суптилна иронија и создаваат уникатна поетска атмосфера. Критиката често ја опишува како „магионичар на јазикот“, поетеса која ја истражува границата меѓу значењето и звучноста на зборот и ја отвора поезијата кон нови јазични хоризонти. Низ своето поетско творештво и преку својата значајна преведувачка работа, Брасинга воспоставува жив дијалог со европската и светската книжевна традиција, збогатувајќи го современиот поетски јазик, кажа Кукунеш. Во нејзиното творештво, како што додаде, се преплетуваат мотивите на природата, љубовта, кревкоста на убавината и ранливоста на јазикот, како и длабоките егзистенцијални прашања за човековата судбина, меморијата и времето. Нејзината поезија често се движи меѓу реалното и надреалното, создавајќи поетски свет во кој се судираат духовното и материјалното, културата и природата, интимното искуство и универзалните теми на човечкото постоење. - Со својот оригинален поетски глас, со јазичната храброст и со длабочината на поетската мисла, Анеке Брасинга се вбројува меѓу најзначајните современи поети на холандската литература и меѓу највлијателните европски поетски гласови на нашето време. Нејзиното дело ја проширува можноста на поетскиот јазик и ја потврдува поезијата како простор на слобода, имагинација и духовно истражување. Токму поради таа оригиналност и духовна сила, нејзиното дело е високо вреднувано со најзначајните книжевни признанија во холандската литература, потврдувајќи ја Анеке Брасинга како еден од најзначајните поетски гласови на современата европска и светска поезија. Со оваа одлука, доделувајќи ѝ го „Златниот венец“ за 2026 година, „Струшките вечери на поезијата“ ја изразуваат својата почит кон исклучителниот поетски опус на Анеке Брасинга и нејзиниот траен придонес во современата светска поезија, потенцираше Кукунеш. Пред присутните се обрати и уметничкиот директор на „Струшките вечери на поезијата“, Мите Стефоски. - Наградата „Златен венец“ на „Струшките вечери на поезијата“ за 2026 година е уште една потврда на книжевните вредности на творештвото на Анеке Брасинга и со тоа сосема заслужено се вбројува во листата на најзначајните светски поетски гласови овенчани со истата, истакна Стефоски. Анекe Брасинга е родена на 20 август 1948 година во Шарсберген. Кога имала една година, нејзините родители се преселиле во блискиот Арнхем. Шестчленото семејство живеело скромно. Како дете, Анекe сакала да стане биолог и многу пешачела низ шумите на Гелдерланд. Од 1967 година живее во Амстердам, но исто така сака да престојува и во (дивата) природа. Патувала во Индија, Исланд, Ирска и Шкотска. Од 1967 до 1972 година, Брасинга студирала книжевен превод на Институтот за преведување при Универзитетот во Амстердам. Од 1974 година започнала да објавува нејзини преводи. Покрај импресивен број сложени романи, Брасинга преведувала и поезија од Силвија Плат, Харт Крејн, Ингеборг Бахман и Михаел Хофтман. Пишувала есеи за авторите што ги преведувала и објавувала книжевна проза. Како книжевна прозаистка, Брасинга дебитирала под псевдонимот А. Гарденер во првиот број на списанието „Ревизор“ (De Revisor) (1974), со текстот „Од еден дневник“. Нејзините први преводи и есеи исто така се појавиле во „De Revisor“ - во тоа време платформа за нова генерација млади автори силно ориентирани кон странската книжевност. Како поетеса, Брасинга неформално дебитирала во 1985 година со библиофилското издание на нејзината дебитантска збирка, за која ја добила наградата „Треванијан“. Таа збирка била вклучена во „Аурора“ (Aurora, 1987), официјалното деби. Во 1989 година била објавена збирката „Имот“ (Landgoed), за која Брасинга ја добила наградата „Херман Гортер“ - поетска награда на градот Амстердам. Нејзината книга книжевна проза „Клешта“ (Hapschaar) била наградена со ЕЦИ - наградата за литература во 2001 година, поетската збирка „Huisraad“ (1998) со наградата „Пол Снук“ во 2001 година, а поетската збирка „Видик“ (Verschiet) (2001) и со наградата за поезија „Ида Герхардт“ 2002 и со престижната ВСБ - награда за поезија 2002. Нејзините песни се преведени на германски, француски, англиски, руски, унгарски и шпански јазик.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БизарноНевеста добила килограми чисто злато на свадбата- сега полицијата ја уапси и ѝ го одзеде накитот (ВИДЕО)Инфлуенсерката на социјалните медиуми Чагла Оз Танчалан е уапсена под сомнение за „перење криминален имот“. Оз претходно беше приведен од Одделот за финансиски криминал на полицијата во Истанбул, објавува Onedio.com. Нејзиниот сопруг, Мехмет Фатих Танчалан, е познат по прекарот Ванли Кара Хајдар. Двојката еднаш се појави во јавноста поради килограми злато што невестата го добила како свадбен подарок. Оз беше приведена од Одделот за финансиски криминал на полицијата во Истанбул. Потоа беше префрлена во градот Ван, каде што беше изведена пред обвинителството. По истрагата на Јавното обвинителство во Ван, судот нареди познатата инфлуенсерка да биде приведена. Три други лица блиски до неа се повикани да дадат изјави како дел од истрагата. За време на претресот спроведен во Мурадије на 12 септември, беа запленети накит и пари. Нејзиниот сопруг, Мехмет Фатих Танчалан, исто така беше претходно уапсен по истото обвинение. Мехмет Фатих Танчалан беше приведен на 8 септември за време на ноќна рација во неговиот дом во округот Мурадије во покраината Ван. Танчалан тврдел дека го добил златото на чување од златар и дека ги покрил трошоците преку спонзорства. Турската агенција за финансиски криминал и истраги (МАСАК) го истражува имотот на двојката.Тагови: злато невеста Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветТрамп се огласи за барањето за помилување на Линдзи Кленси, која си ги уби трите мали деца Доналд Трамп го прекина молчењето во недела, 13 септември, откако адвокатот на Линдзи Кленси јавно го повика да интервенира во нејзиниот случај, вклучително и барање за помилување .Доналд Трамп го прекина молчењето во недела, 13 септември, откако адвокатот на Линдзи Кленси јавно го повика да интервенира во нејзиниот случај, вклучително и барање за помилување кое претседателот нема овластување да го одобри бидејќи случајот се суди во државен, а не во федерален суд. Адвокатот на Линдзи Кленси, Кевин Редингтон, се појави во емисијата „Добро утро Америка“ во вторник, 8 септември, откако случајот беше прогласен за судење без пресуда, и директно му се обрати на Трамп, кој има 80 години. „Господине претседателе, се надевам дека ќе го разгледате случајот на оваа млада жена, каква личност е, низ што поминала и ќе размислите за помилување“, рече Редингтон за својата клиентка, која ги задави своите три мали деца, петгодишната Кора, тригодишната Досон и осуммесечниот Калан, во 2023 година, објави списанието „Пипл“. Претседателско помилување, уставно овластување што Трамп често го користеше за време на својот втор мандат, никогаш не беше можно во овој случај, бидејќи претседателите можат да даваат помилувања само за федерални злосторства, додека случајот на Кленси беше решено според државниот закон на Масачусетс. Доналд Трамп го потврди ова во изјава за новинарите пред да ја напушти Ирска во неделата, откако присуствуваше на Отвореното првенство на Ирска на едно од неговите терени за голф. „Тоа е многу тажна ситуација. Јас, јас сигурно сум слушнал за тоа. Но, погледнете, многу е тажно, нема победник“, рече Трамп. Тој додаде: „Нема, нема победник, без разлика што правите. Три деца се мртви, па не знам. Но, тоа е навистина државен случај, знаете, не федерален.“ Во Овалната соба, пред судењето да биде прогласено за судење без пресуда, Трамп ги нарече убиствата „ужасна трагедија“ и рече дека го следел судењето затоа што „толку е на телевизија што е тешко да не се гледа“. „Претпоставувам дека ќе има уште едно судење. Тоа е ужасна ситуација“, рече Трамп на 4 септември. „Видете, таа направи нешто ужасно, ужасно. Не можеше да биде полошо. Но, ќе откриете која ќе биде цената. Ќе има цена. Ќе биде ментална институција или затвор или нешто слично.“ Одбраната на Кленси тврдеше дека таа страдала од постпартална психоза предизвикана од лекови на рецепт и затоа не е кривично одговорна за убиствата. Обвинителството тврдеше дека мајката смислила план да ги убие своите деца со „упредени и однапред смислени“ дејствија. Пред да ја напушти Ирска во недела, Трамп беше прашан и за барањето на Редингтон претседателот да го искористи своето „огромно влијание“ за да „допре“ до окружниот обвинител на округот Плимут, Тим Круз, републиканец кој моментално размислува дали повторно да го отвори случајот против Линдзи Кленси. „Сигурен сум дека ако хипотетички се обрати до Тим Круз, знаете, двајцата се републиканци, и не знам, можеби тоа би било нешто што Тим би го послушал и би го разгледал“, изјави Редингтон за Си-Би-Ес Бостон откако се појави во емисијата „Добро утро Америка“ минатата недела. Тој додаде: „Мислам дека секоја помош што можеме да ја добиеме е корисна“. Трамп рече дека „слушнал од други луѓе“ дека Редингтон е „многу добар адвокат“ и додаде дека го цени „тоа што мислел така“, но не вети дека ќе се обрати до окружниот обвинител. „Се надевам дека ќе можат да го решат тоа“, рече Трамп во неделата вечерта во скијачки центар во округот Клер, Ирска. „Тоа е нешто што мора да го решат. Многу е тажно, нема победници“.Тагови: Доналд Трамп трите деца Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСудење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00Мицкоски во посета на САД, предвидени се средби на високо ниво08:40Од полноќ дизелот поевтинува за 2 денари, бензините поскапи за 3,5 денари за литар 15:0039-годишник осомничен дека му се заканувал на премиерот Мицкоски10:10ЦУК: Во изминатото деноноќие 11 пожари, само еден е активен, останатите се изгасени08:25
Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00
СудбинаУбава Бразилка отишла на шест естетски операции наеднаш- починала среде третманот (ФОТО)Жена во Бразил, која била подложена на шест козметички процедури во една исцрпувачка осумчасовна процедура, починала, а сега нејзината 51-годишна сестра бара одговори од властите.Андреја Виеира Гаспар заштедила 118.000 бразилски реали, што е еквивалентно на 22.918 долари, во текот на две години за да се подложи на естетските операции, која вклучувала лифтинг на лицето, блефаропластика, липосукција и трансплантација на масно ткиво на лицето во градот Гојанија, Бразил. Андреја, која живеела во Шпанија пред операцијата, починала неколку дена по процедурата на 12 август, објавува TMZ. Сега нејзината сестра Џијане Виеира тврди дека Андреја, чиј сон бил да се подложи на операцијата, немала никакви консултации пред процедурата и дека нејзините предоперативни тестови биле направени во Шпанија, а не во Бразил. Џијане вели дека откако јазикот на Андреја почнал сериозно да отекува, се обидела да контактира со медицинскиот тим, но, според нејзината сестра, Андреја не добила соодветна медицинска нега пред да биде предоцна. „Сестра ми умира. За Бога. Се јавувате на телефон, но никој не доаѓа. За Бога.“ Таа тврди дека локалната болница во Анкар немала одделение за интензивна нега ниту амбулантно возило. Според Џиане, Андреја починала на раце по повеќекратни обиди за реанимација. „Од почитување на медицинската доверливост, која останува на сила дури и по смртта, како што бара етичкиот кодекс за лекари, нема да се даваат интервјуа или коментари во врска со клиничките податоци... Докторот верува дека истрагата ќе покаже дека пружената медицинска нега била соодветна“, рече д-р Лесандро Мартинс. A woman in Brazil died after having six cosmetic procedures done in a single session. https://t.co/KF5Fg0hX7f — Thought Catalog (@ThoughtCatalog) September 12, 2026 Во меѓувреме, адвокатот што ја застапува болницата во Анкар вели дека Бразилката „веднаш добила итна медицинска помош и биле преземени потребни мерки“ за да ѝ се обезбеди лекување.Тагови: Бразилка естетски операции Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook