Холандската централна банка до граѓаните: Секое домаќинство да има кеш - 70 евра по возрасен - Канал 5

Холандската централна банка до граѓаните: Секое домаќинство да има кеш - 70 евра по возрасен

Холандската централна банка до граѓаните: Секое домаќинство да има кеш - 70 евра по возрасен и по 30 евра по дете.

Холандската централна банка до граѓаните: Секое домаќинство да има кеш - 70 евра по возрасен

Централната банка на Холандија издаде предупредување до граѓаните: секое домаќинство треба да има резерва во готовина за најмалку три дена, во случај на вонредна состојба.

Се препорачува да се чуваат најмалку 70 евра по возрасен и 30 евра по дете како - кеш, за покривање на основните трошоци доколку електронските системи за плаќање престанат да работат.

Една од главните причини за таквото предупредување е зголемувањето на заканата од кибер напади, што стануваат се поверојатни поради тензичната геополитичка ситуација, пишува Политико.

Во такви моменти, готовината може да биде единственото решение. Холандската централна банка препорачува да имаат граѓаните доволно готовина за основни трошоци за три дена - како што се вода, храна, лекови и превоз.

Банкарите не ги заборавиле ниту трговците – им се советува да овозможат алтернативни методи на плаќање, како што се QR кодовите, во случај терминалите за картички да не работат.

Тие препораки се дел од пошироката стратегија за итни случаи на Европската комисија, објавена во март. Според тој план, на граѓаните им се советува да имаат залихи од храна за три дена, со цел да ги обезбедат основните потреби во случај на војна, природни катастрофи или други кризи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Земјите од групата „Квад“започнува голема воена вежба

Земјите од групата „Квад“ (Quad) – Соединетите Американски Држави, Јапонија, Австралија и Индија–денеска започнаа заедничка поморска воена вежба наречена „Малабар“ во водите кај регионот Канто, во близина на Токио, соопштија јапонските поморски сили.

Земјите од групата „Квад“започнува голема воена вежба

Во соопштението се наведува дека четирите земји имаат за цел да ги зајакнат меѓусебните врски преку заедничка обука, која ќе трае до 12 ноември и ќе опфати вежби за реагирање на дејствијата на подморници и поморски сили, пренесе агенцијата „Кјодо“.

„Безбедносната ситуација во регионот на Индо-Пацификот станува сè посложена“, изјави вицеадмиралот Кацуши Омачи, командант на јапонската флота, на свеченото отворање на вежбата, одржано на хеликоптерскиот носач „Исе“, закотвен во поморската база Јокосука, недалеку од Токио.

Околу 200 претставници од четирите земји-членки на „Квад“ (Quad) присуствуваа на церемонијата со која беше означен почетокот на вежбата. Поморската вежба „Малабар“ започна во 1992 година како билатерална иницијатива на морнариците на САД и Индија, додека поморските сили на Јапонија се приклучија во 2007 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Моментално сум бездомник“: Шок-признание на актер кој на сметката има 30 милиони

Шок-признание на  мегапопулараниот актер, холивудската ѕвезда Николас Кејџ  кој на сметката има 30 милиони, купувал замоци, а сега спие по хотели

„Моментално сум бездомник“: Шок-признание на актер кој на сметката има 30 милиони

Актерот Николас Кејџ ги изненади многумина кога објави дека морал привремено да ја напушти својата вила во Малибу, вредна 10,5 милиони долари, откако огромна дупка во земјата го оштетила теренот околу неговиот имот.

Актерот Николас Кејџ неодамна ги шокираше обожавателите кога на еден настан отворено изјави дека „моментално е бездомник“.

Кејџ призна дека во моментов нема дом, откако во близина на неговата вила во Малибу, Калифорнија, се појавила огромна дупка во земјата – настаната како последица на ерозија на почвата – која предизвикала оштетувања што го оневозможуваат неговото враќање дома. Актерот бил принуден да се евакуира, па затоа привремено престојува во хотели.

За ова тој зборуваше за време на своето гостување на „Лос Анџелес Комик Кон“ (Los Angeles Comic Con) на 31 октомври. Зборувајќи за своите планови за Ноќта на вештерките, Кејџ објасни дека оваа година нема да може да ги пречека децата од соседството во својот дом.

„Во моментов сум бездомник“, прокоментира актерот.

Оваа ситуација е особено необична, со оглед на имотот што го поседува актерот.

Тој го купил имотот во Малибу во 2024 година за приближно 10,5 милиони долари. Луксузна куќа покрај океанот сега е во центарот на проблем што надминува обично оштетување на имотот. Тој не може нормално да го користи својот имот и морал да најде сместување на друго место, пишува „Glossy“.

Сè започна во септември, кога обилните дождови и крајбрежната ерозија предизвикаа уривање на земјиштето до куќата. Настанатата дупка со текот на времето го проголта пристапниот пат, како и дел од надворешните објекти.

Богатството на Николас Кејџ се проценува на околу 30 милиони долари. Во периодот помеѓу 1996 и 2011 година, тој заработил над 150 милиони долари, а на врвот на својата слава, неговиот годишен приход изнесувал повеќе од 40 милиони долари.

Поради својот екстравагантен начин на живот – купување замоци, острови, скапи автомобили, па дури и черепи од диносауруси – како и поради огромните даночни долгови, тој западнал во сериозни финансиски проблеми и банкрот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола

„Утрово започна исплатата на средствата на граѓаните кои имаат платежни сметки во „АЛТА банка“ АД Битола, а не располагаат со платежни картички, со посебен приоритет на пензионерите и примателите на социјална помош“,

Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола

„Утрово започна исплатата на средствата на граѓаните кои имаат платежни сметки во „АЛТА банка“ АД Битола, а не располагаат со платежни картички, со посебен приоритет на пензионерите и примателите на социјална помош“, информираше гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, на средбата со претседателката на Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија (СЗПМ), Станка Трајкова, и директорот на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување, Никола Мемов.

Исплатата на средствата се одвива непречено. Иако за денеска преку СМС-пораки беа повикани околу 400 граѓани, на шалтерите се услужуваат и граѓаните кои немаат оставено телефонски број за контакт, а самостојно дошле да ги подигнат средствата. Согласно со утврдените ограничувања, граѓаните можат да повлечат до 20.000 денари, во рамките на максимално дозволениот износ за период од две недели.

Гувернерот посочи дека Народната банка работи и на создавање услови за организирање исплата на средствата преку шалтери и во други градови во земјата, со цел да им се олесни пристапот на пензионерите и примателите на социјална помош до нивните средства.

„Ги разбираме загриженоста и потребата на граѓаните да располагаат со своите средства, особено кога станува збор за пензиите, платите и средствата наменети за намирување на секојдневните животни потреби. Сакам уште еднаш јасно да нагласам дека средствата на клиентите и понатаму се наоѓаат на нивните сметки во „АЛТА банка“ АД Битола. Привремените ограничувања се однесуваат на начинот на располагање со средствата и се воведени со цел да се зачуваат ликвидноста и стабилноста на Банката и да се заштитат интересите на сите нејзини клиенти“, истакна гувернерот Славески.

Гувернерот Славески, директорот на ПИОМ, Мемов, и претседателката на СЗПМ, Трајкова, ги повикаа пензионерите да бидат спокојни дека исплатата на средствата на пензионерите и примателите на социјална помош е приоритет во активностите на Народната банка. Воедно, беше посочено дека се работи и на изнаоѓање решенија за постепено обезбедување на другите банкарски услуги во најкус можен рок.

Гувернерот Славески нагласи дека Народната банка континуирано презема активности за надминување на настанатата состојба и изнаоѓање соодветни решенија коишто ќе овозможат постепено и безбедно олеснување на располагањето со средствата на граѓаните и компаниите.

На средбата беше истакната и важноста на континуираната комуникација и соработката со здруженијата на пензионерите, како значајни партнери во навременото информирање на граѓаните и заштитата на нивните права како корисници на платежните услуги.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер