Холандска атлетичарка го собори рекордот стар 41 година - Канал 5

Холандска атлетичарка го собори рекордот стар 41 година

Одличната  холандска атлетичарка Фемке Бол денеска го собори светскиот рекорд во сала на 400 метри.

Холандска атлетичарка го собори рекордот стар 41 година

Рекордот го држеше Јармила Краточвилова 41 година, а новото најдобро време сега е 49,26 секунди. Рекордот е подобрен за дури 33 стотинки.

Бол постигна рекорд на холандскиот шампионат во Апелдорн, само една недела откако за првпат во кариерата собори под 50 секунди (49,96 секунди). Минатата година Бол освои седум медали на три големи натпреварувања. Таа блесна на Европското првенство во Минхен, каде што стана првата личност во историјата која ги споила златните медали на 400 метри и 400 метри со пречки.

"Навивачите се одговорни за овој рекорд. Никогаш во животот не сум видела толку многу луѓе во оваа сала. Штом ја минав целта, знаев дека рекордот е мој поради вревата што ја правеа гледачите", рече новата светска рекордерка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжение или крај на ерата на Вучиќ?

Продолжение или крај на ерата на 14-годишната доминација на Александар Вучиќ? Србија го живее последниот ден од кампањата, пред изборите в недела.

Продолжение или крај на ерата на Вучиќ?

Продолжение или крај на ерата на 14-годишната доминација на Александар Вучиќ? Србија го живее последниот ден од кампањата, пред изборите в недела, на кои како никогаш претходно владеачка елита не се соочува со можност за пораз од студентско движење кое прерасна во најсилна опозициска сила. И студентската листа и листата Обедината Србија последните пораки ќе ги испрат од Белград, пред стапувањето на изборниот молк. Александар Вучиќ кој влезе во трката за премиер, синоќа од Ниш ги повика граѓаните на масовност, за како што рече, да докаже дека не стравува од голем одѕив, кој според анализите би им одел во прилог на студентите. Поддршка му дадоа и поранешните претседатели на Србија и на Републкика Српска, Томислав Николиќ и Милорад Додик.

-Кога ќе ги прашате дали ќе ѝ воведете санкции на Русија: „туц“, „мух“, „ух“, „их“, но одговор нема. Ја покажавме разликата меѓу нас и нив, и така треба да се однесуваме во недела. Ајде, победа во недела, убедлива победа, победа во Ниш, победа во цела Србија. , изјави Александар Вучиќ.

И додека Вучиќ го држеше говорот во Ниш, реки студенти и граѓани марширајќи од повеќе српски градови, допатуваа во Белград, пред денешниот главен митинг на плоштадот Славија. Илјадници граѓани френетично ги поздравија на улиците студентите, предводени од носителот на нивната листа, кадиологот Илија Срдановиќ.

-Екслозија на повеќедецениското акумулирање на среќа, на нашата несреќа, гнев, очај, сега конечно излегува на виделина.

-Мислам дека ова е фантастичен настан. Нема веќе назад. Ова е победа и пред гласањето. Мислам дека во недела само треба да потпишеме и тоа да се потврди.

-Немам зборови, затоа сум тука. И мислам дека допрва ќе биде добро. , изјавија жители на Белград.

Анкетите во Србија во изминатиот период покажаа спротивставени бројки. Последното истражување на „Нова српска политичка мисла“, објавено вчера, покажа предност за студентите во однос на Српската Напредна партија на Вучиќ од два процента, но и прогноза за огромна излезеност од 80 проценти. Токму поради тесните бројки во дел од анкетите, експертите по безбедност очекуваат атмосферата да се вжештува во текот на 48-часовниот молк, која би кулминирала на денот на изборите.

-Веројатно некои поединци ќе се одлучат на такви чекори да излезат и да кажат дека изборите се „украдени“ и на некои места да предизвикаат хаос, треба да знаат дека ќе има голем број припадници на безбедносните сили. Тоа е воиграна тактика и тие активности се подготвуваат однапред. , изјави за Курир, Мирослав Беговиќ, професор по безбедносни науки

Изборниот молк почнува на полноќ и ќе трае до 20 часот в недела. За 250 места во Собранието се натпреваруваат 18 изборни листи. Право на глас имаат речиси шест и пол милиони гласачи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вакцинацијата против сезонски грип во „Бит пазар“ се одвива без застој и со строго закажани термини

Втор ден од вакцинацијата против сезонски грип. Во поликлиниката „Бит Пазар“ вакцинацијата тече без застој, а граѓаните пристигнуваат еден по друг на закажаните термини. 

Вакцинацијата против сезонски грип во „Бит пазар“ се одвива без застој и со строго закажани термини

Вчера се вакцинираше медицинскиот персонал, а денеска граѓаните пред нашата камера кажаа зошто се одлучиле на вакцинација.

Во првите денови од имунизацијата приоритет имаат најранливите категории граѓани. Кој сè има право на бесплатна вакцина и како се одвива процесот, објаснува доктор Соња Ралева.

„Вакцинацијата поминува со уреден тек, закажаните граѓани си доаѓаат во регуларните термини. Од Мој термин се закажани на 10 минути и нема ниту гужви ниту чекања.Во првите неколку дена се закажани најризичните граѓани, возрасни од 65-годишна возраст и во оваа група припаѓаат и ризичните групи, пациентите со хронични заболувања, бремените жени и малите деца од шест месеци до петгодишна возраст – за оваа група вакцинацијата е бесплатна.“- изјава – д-р Соња Ралева.

Доктор Ралева дополнително појаснува дека поради големиот интерес, особено кај повозрасната популација, граѓаните мора претходно електронски да се пријават преку веб-страницата vakcinacija.mk. Без регистрација и закажан термин, не е можно директно да се дојде на вакциналниот пункт и да се прими вакцина.

Интересот за вакцинација е голем. За само една недела се пријавиле над 55 илјади граѓани. Во земјава пристигнаа првите 30 илјади вакцини, а дополнителни количини се очекуваат во ноември. Здравствените работници апелираат граѓаните да немаат страв од вакцинацијата, посочувајќи дека досега не се пријавени сериозни несакани реакции и дека вакцината го намалува ризикот од компликации од сезонскиот грип.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Повеќе од половината судови во државата со зголемен број нерешени предмети

Половина од судовите во земјава добиле оценка дека се неажурни, над 134 илјади предмети останале нерешени, недостасуваат 163 судии и околу 3000 судски службеници.. 

Повеќе од половината судови во државата со зголемен број нерешени предмети

Ова се дел од податоците за 2025 година од извештаите на судскиот буџетски и на Судскиот совет, кои денеска беа разгледани на комисиска седница во Собранието. Претседателот Александар Камбовски потенцираше дека сето ова е резултат на бројните кадровски проблеми – лани од министерството за финансии немале одобрено ниту едно редовно вработување, и покрај тоа што недостасуваат стручни соработници, записничари, службници во писарници, курири, информатичари.. За ефикасно судство се потребни услови, а ако нема суштински мерки, и во иднина ќе се зголемува бројот на предмети кои се одолговлекуваат, алармира Камбовски.

-Во моментов судството ни функцнионира во хроничен кадровски дефицит. Недостаток на судии и судски службеници е најголема закана за ефикасноста на судскиот систем. Финансиската зависност ја ограничува реалната независност на судството. / Без суштинско подобрување на кадровската и финансиската состојба, постои ризик од дополнително влошување на ажурноста, зголемување заостатоци и натамошно намалување на довербата на граѓаните во судството,- Александар Камбовски – претседател на Судски совет.

Пратениците си ја префрлаат топката за тоа кој е виновен за поразителните податоци. Според опозицијата, актуелната власт треба да ги тргне рацете од судството и да им овозможи независна работа, додека од ВМРО-ДПМНЕ велат дека актуелната состојба е последица на претходната власт.

Во текот на минатата година до Судски совет пристигнале 425 претставки од граѓани, а само 13 биле оценети како основани, најголем дел поднесени поради незадоволство од донесени судски одлуки. Имало и 90 барања за поведување постапка за утврдување одговорност, во кои биле опфатени 161 судија.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер