Сиљановска-Давкова – Ван дер Белен: Австрија останува важен и искрен поддржувач на македонскиот евроинтеграциски пат
1Сиљановска-Давкова – Ван дер Белен: Австрија останува важен и искрен поддржувач на македонскиот евроинтеграциски пат
ЗдравјеХоландија станува најпривлечна дестинација за клинички истражувања Холандија им овозможува на пациентите лесен пристап до здравствената заштита, покажува значителни научни резултат во истражувањето на педијатриската онкологија и нуди напредната медицинска терапија.Холандија им овозможува на пациентите лесен пристап до здравствената заштита, покажува значителни научни резултат во истражувањето на педијатриската онкологија и нуди напредната медицинска терапија, што ја прави земјата најпривлечна дестинација за клинички истражувања, се посочува во извештајот на маркетинг агенцијата „Сајтлајн Кастам Интелеџенс“. Во документот се нагласува дека Холандија особено покажува завидни резултати во раните фази на испитувањата, а нејзини предности се и ефикасната логистика за тестирање, силните онколошки перформанси, статусот на лидер во иновациите, брзите одобренија на лекови од напредната медицинска терапија и развиената инфраструктура. Дополнително, како што јави дописникот на МИА од Брисел, Холандија е една од водечките земји според клиничките испитувања по глава на жител, па така во оваа држава се иницирани 2,9 пати поголем број тестирање по глава на жител отколку во Германија. [Секој ден пристигнуваат нови податоци за научни лаборатории кои забрзано работат на создавање вакцина против корона вирус, додека Кина и САД почнаа со први тестирања на доброволци, а решенија] Претседателот на Холандската фондација за клинички истражувања (ДЦРФ), Барт Схирдер изјави дека ваквите податоци се причина за задоволство, што ја поттикнува нивната амбиција да бидат предводници на останатите земји од ЕУ во соработката во клиничките истражувања. Тој посочува и дека во една неодамна објавена статија во „Нејчр Медисин“, меѓу 11-те клинички испитувања на глобално ниво за кои се предвидува дека ќе имаат значително влијание врз развојот на медицината во 2024 година, три се поврзани со Холандија. Схирдер нагласува дека Холандија е вклучена во сите 24 референтни мрежи на даватели на здравствени услуги во Европа, кои имаат за цел да ја олеснат дискусијата и размената на мислења за сложени или ретки болести. - Холандија учествува во сите нив. Мислите дека сите земји го прави тоа? Тоа воопшто не е случај. Што е уште поважно, седум од тие 24 мрежи се предводени од истражители од Холандија, додава Схирдер. [Еден од десет пациенти никогаш нема да го вратат чувството за мирис и вкус по излекувањето од коронавирусот, покажуваат резултатите од ново истражување .] Според него, успехот на Холандија во овој домен е резултат и на добрата организација и ефикасност, посочувајќи како пример дека за одобрување на нови лекови од напредната медицинска терапија во земјата се потребни помалку од 30 дена, што е случај само во уште една европска држава. Како предност што ја нуди Холандија се посочува и солидното познавање на англискиот јазик од страна на лицата вклучени во клиничките истражувања. - Претпоставувате дека во доменот на клиничките испитувања, сите зборуваат англиски, нели? Но, тоа всушност не е така. Англиски најчесто зборуваат клучните лидери и водечките истражувачи. Од друга страна, во холандска болница вклучена во клиничко испитување, англиски зборува целиот персонал - од медицинската сестра за истражување, па до адвокатите и луѓето од етичкиот одбор, додава Схирдер. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
МакедонијаСиљановска-Давкова – Ван дер Белен: Австрија останува важен и искрен поддржувач на македонскиот евроинтеграциски патВо разговорот беа потврдени одличните македонско-австриски односи, втемелени врз заемна почит, пријателство и соработка, како и врз споделени европски вредности.Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на маргините на Конференцијата на страните на Рамковната конвенција на Обединетите нации за климатски промени (COP31) во Анталија, оствари средба со претседателот на Република Австрија, Александер Ван дер Белен. Во разговорот беа потврдени одличните македонско-австриски односи, втемелени врз заемна почит, пријателство и соработка, како и врз споделени европски вредности. Таа изрази благодарност за принципиелната поддршка од Австрија на македонскиот евроинтегративен пат и за нејзината посветеност кон стабилноста, безбедноста и европската перспектива на Западен Балкан. Соговорниците разменија мислења за иднината на европскиот проект и процесот на проширување на Европската Унија, при што беше нагласено дека неговата кредибилност се гради врз јасни правила, еднакви критериуми и заслуги, а европската перспектива мора да остане реална и достижна за земјите кандидатки. Сиљановска-Давкова истакна дека проширувањето не е само политичко и економско прашање, туку и безбедносно, особено во време на геополитички тензии коишто се закана за мирот во Европа. Обајцата укажаа на можностите за продлабочување на македонско-австриската соработка во економијата, енергетиката, климатските политики, образованието и културата. На средбата беше изразена подготвеност за интензивирање на политичкиот дијалог на највисоко ниво, а како конкретен чекор во таа насока беше договорено да се реализира официјална средба меѓу двајцата претседатели.Тагови: Сиљановска - Давкова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПродолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено Јавното обвинителство ги следи состојбите и доколку детектира кривично правен настан во случајот со АЛТА банка ќе постапи согласно законските надлежностиЈавното обвинителство ги следи состојбите и доколку детектира кривично правен настан во случајот со АЛТА банка ќе постапи согласно законските надлежности, одговори државниот обвинител Ненад Савески на надзорната расправа во Собранието на прашањата од пратеникот на СДСМ Миле Талески поврзани со сомнежи за евентуални незаконски дејствија. На надзорната расправа за АЛТА банка, се објавуваа документи и записници- имало ли влез на сомнителен капитал во домашната банка и од кога и со чии одлуки? Премиерот Мицкоски рече дека уште во 2023, владата на СДСМ и ДУИ дава насоки да се влезе во деловни односи со Давор Мацура. Лидерот на СДСМ Венко Филипче одговори дека ова е брутална лага. Пратеничката од СДСМ и претседателка на комисијата за финансирање и буџет, Сања Лукаревска, по исцрпувањето на листата на повикани сведоци за првиот ден, доцна синоќа ја прекина расправата и најави дека продолжението и агендата дополнително ќе се утврдат на координација.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
МетеоПроменливо облачно и релативно топлоВремето денес ќе биде променливо облачно и релативно топло. По одделни котлини ќе има појава на утринска магла. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 17 до 21 степен. Во Скопје, претежно облачно, во делови од котлината ќе има појава на утринска магла. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 17 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Во петок ќе преовладува релативно топло време со температури кои ќе бидат значително над просекот за овој период од годината и ќе дува засилен до силен ветер од јужен правец (наместа со брзина над 80 km/h). Од сабота поради продор на постудена воздушна маса од север температурите ќе бидат во опаѓање.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34