Холандија ќе укинува летови од Шипхол како мерка за намалување на бучавата - Канал 5

Холандија ќе укинува летови од Шипхол како мерка за намалување на бучавата

 Холандските власти решија да го намалат бројот на летови од и кон аеродромот Шипхол во Амстердам, во обид да ја намалат бучавата. 

Холандија ќе укинува летови од Шипхол како мерка за намалување на бучавата

Според овој план, како што јави дописникот на МИА од Брисел, се предвидува од наредното лето бројот на летови од Шипхол, кој е петти по големина аеродром во Европа, да се намали за околу 9.100 летови, со што вкупниот број летови на годишно ниво би се свел на околу 452.500.

Кратењето на бројот на летови е дел од планот за намалување на бучавата од аеродромот, што се надоврзува на претходните мерки за забрана на полетувања и слетувања во доцните ноќни часови, ограничување на пристапот за приватни летала, како и забраната за премногу бучните модели на авиони.

Според аеродромските власти, досега преземените мерки веќе резултирале со намалување на бројот на јавни поплаки поврзани со бучавата.

Но, авиокомпаниите и аналитичарите предупредуваат дека ваквите мерки и пред се намалувањата на бројот на летови може да се одразат негативно врз холандската економија и да доведат до загуби во работењето на Шипхол.

Според извршниот директор на авионската групација „Ер Франс-КЛМ“, Бен Смит ваквата мерка е „апсолутно неразбирливо“ и е нејасно зошто холандската Влада сака да ја поткопа позицијата на Шипхол и водечката домашна авикомпанија КЛМ.

- Ова е одличен подарок за нашите конкуренти како „Луфтханза“ и „Бритиш Ервејс“, изјави Смит, додавајќи дека од таквата одлука најголема корист би можеле да имаат аеродромите во Копенхаген и Стокхолм.

Според проценките, околу 60 отсто од укинатите летови ќе бидат на компанијата КЛМ, која оцени дека ваквата мерка „не е во согласност со законите и прописите“.

Директорот на аналитичката куќа „Џеј-Ел-Ес Консалтинг“, Џон Стрикленд смета дека укинувањето на летовите би било „катастрофално“ за КЛМ и за холандската економија.

- Некои летови може да бидат префрлени на други аеродроми кои не се соочуваат со такви ограничувања, вклучително и оние кон неевропските аеродроми. Ограничувањето на огромните економски и социјални придобивки од воздухопловството, не претставува вистинско решение за земја зависна од трговијата како што е Холандија, оцени Стрикленд.

Од друга страна, американскиот авиопревозник „ЏетБлу“, кој исто така би имал значителни загуби со намалувањето на бројот на летови од Схипхол во текот на летото, се закани дека ќе бара од властите на САД да и забранат летови на КЛМ кон њујоршкиот аеродром „Џон Кенеди“, како реципрочна мерка.

- Веруваме дека владите на САД и Холандија имаат обврска според нашиот договор за отворено небо да осигураат дека на „ЏетБлу“ ќе има постојан пристап до аеродромот во Амстердам, соопшти компанијата.

Засега нема најави дека примерот на Холандија ќе го следат и други земји, иако тоа не е исклучено во иднина, имајќи предвид дека, на пример, лани белгиската Влада мораше да плати 25 милиони евра казни поради бучавата околу бриселскиот аеродром Завентем.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите

Во духот на илинденските идеали за истрајност, борба за слобода и патриотски непокор, Македонија денеска одбележува едни од најголемите и најзначајни настани за својата државност.

 Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите

Во духот на илинденските идеали за истрајност, борба за слобода и патриотски непокор, Македонија денеска одбележува едни од најголемите и најзначајни настани за својата државност – 123 години од Илинденското востание и Крушевската република и 82 години од првото заседание на АСНОМ

Во меморијалниот центар на АСНОМ во Пелинце, со положување на свежо цвеќе од бројни домашни и странски делегации како и музичка изведби на традиционални македонски песни од Националниот џез оркестар, се одбележа Илинден – Денот на Републиката. Пред присутните во Пелинце се обрати премиерот Христијан Мицкоски, кој порача дека битката на оваа генерација е последната надеж за иднината на државата против која, како што рече, се сторени многу неправди и во име на која се донесени погрешни историски одлуки.

-Денес татковината знам дека не е земјата и државата за која сонуваа илинденците и асномците, но нашата битка е токму да ја вратиме таквата татковина. // Не паѓајте во замката на талогот кој тие го создаваат. Ве молам внимавајте и не му верувајте на тој талог од неуспеси, цинизам и мразење на сè што е успешно. Нашата генерација има обврска да се избори за нешто што е подеднакво важно — да ја зачува душата, да ја врати вербата во институциите, да го врати достоинството на чесниот човек и повторно да ја направи надежта најсилна движечка сила на нашето општество. Затоа што денес не се води само политичка битка. Не се води само економска битка. Не се води само битка за нови инвестиции, повисоки плати, подобри училишта, модерни болници или нови патишта, иако сето тоа е неопходно и ќе продолжиме да го правиме со уште поголема решителност,- - Христијан Мицкоски, претседател на влада.

Илинден во Пелинце го одбележаа и голем број на граѓани, за кои, како што рекоа пред камерата на Канал 5 - празнувањето на овој голем македонски празник е дел од семејната традиција.

Инаку, меморијалниот центар на АСНОМ во Пелинце иако симбол на независноста и борбата на македонскиот народ за самоопределување, е изграден на 8 километри од местото каде што всушност е одржано првото заседание на АСНОМ – Манастирот Прохор Пчински на територијата на денешна Србија, поради тогашниот отпор да се дозволи чествувањето на Илинден во манастирот на македонските делегации. Откогаш, Македонија овој значен празник го одбележува тука, на Пелинце.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се влошува состојбата со пожарите во Грција

Опасноста од шумските пожари во поголем дел од западна Европа се намали денеска, но најкритичниот фронт се премести во Грција.

Се влошува состојбата со пожарите во Грција

Опасноста од шумските пожари во поголем дел од западна Европа се намали денеска, но најкритичниот фронт се премести во Грција, каде што силните ветрови ги разгореа пламените јазици, a избувна нов пожар на западниот остров Кефалонија.

За Грција, опасноста потсетува на трагедијата од 2018 година, кога во пожарот во крајбрежното место Мати, во близина на Атина, загинаа 104 луѓе. Тоа беше најсмртоносниот шумски пожар во Европа во овој век.

Стотици пожарникари трет ден по ред во неделата се обидуваат да го стават под контрола големиот пожар што уништи десетици куќи западно од Атина, додека, пак, новиот пожар на Кефалонија предизвика низа наредби за евакуација,

Двајца се уапсени поради сомнение дека од небрежност го предизвикале пожарот западно од атина и против нив ќе бидат поднесени кривични обвиненија.

Силните и непредвидливи ветрови и натаму ја отежнуваат работата на пожарникарите, додека властите се во состојба на висока готовност поради можноста од избувнување нови пожари во поширокиот регион на Атина. За оваа област, како и за островот Евија, во неделата е прогласена опасност од пожари од четврта категорија на скала од пет степени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Милошоски од Мечкин Камен: Демографијата е нашата нова борба за Македонија

Генерацијата од 1903 ни ги остави непокорот и саможртвата, генерацијата од 1944 ја претвори слободата во држава, а генерацијата од 1991 ја потврди самостојноста.

Милошоски од Мечкин Камен: Демографијата е нашата нова борба за Македонија

„Генерацијата од 1903 ни ги остави непокорот и саможртвата, генерацијата од 1944 ја претвори слободата во држава, а генерацијата од 1991 ја потврди самостојноста. Нашата задача е оваа слободна Македонија денес, да има кој да ја наследи утре“, порача потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски, во илинденското обраќање на Мечкин Камен.

Осврнувајќи се на жртвата на Питу Гули, Никола Карев и Илинденците, Милошоски истакна дека демографијата е новата борба на денешната генерација и прашање што бара долгорочна национална одговорност. Тоа е заедничка обврска кон идните поколенија и македонската држава.

Потпретседателот истакна дека Крушево, симбол на борбата за слобода и државност, денес има неколкукратно помалку првачиња отколку во минатите децении, а со истиот предизвик се соочува целата држава.

„Што ќе вредат спомениците ако нема детски раце што ќе положат цвеќе пред нив? Колку ќе вреди македонскиот јазик ако нема кој да го говори? Ќе вредат ли училиштата ако во нив нема детски џагор?“, запраша Милошоски.

Според него, современата борба за Македонија не се води со пушка и Црешово топче, туку преку одговорноста да се создаде семејство и да се воспитаат деца.

„Демографијата не е само статистика. Таа е бебешкиот плач, родителските солзи радосници, полните училишта и семејствата што со надеж гледаат кон иднината. Демографијата е прашање на личен приоритет, семејна среќа и национален опстанок“, истакна потпретседателот.

Милошоски нагласи дека Македонија мора да биде над политичките поделби.

„Партиите доаѓаат и си одат. Владите се менуваат. Татковината останува. Можеме да спориме за патот, но не смееме да го изгубиме правецот. Може да имаме различни политички ставови. Тоа не е слабост — Тоа е демократија.

Но, постојат работи што мора да стојат над нашите поделби. Македонија е првата меѓу нив. Бидејќи националното единство не е отсуство на разлики.

Националното единство е присуство на заедничка одговорност за државата!”

Потпретседателот додаде дека на младите треба да им се остави земја каде што ќе основаат семејства и ќе ги растат своите деца.

„Слободата ја наследивме од предците. Иднината ја должиме на потомците. Македонија треба да им ја предадеме како жива татковина – со деца, полни училишта и млади што творат овде“, порача Милошоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер