Николоски: Куманово добива пет специјализирани возила за одржување на комуналната хигиена во општината
2Николоски: Куманово добива пет специјализирани возила за одржување на комуналната хигиена во општината
ЕвропаХоландија ќе биде домаќин на Меѓународната комисија за решавање на украинските барањата за воена отштетаВисоки европски претставници на денешниот состанок во Хаг ќе одобрат формирање на меѓународно тело со седиште во Хаг, кое ќе одлучува за отштета што треба да ѝ се исплати на Украина поради руската инвазија.Телото, наречено Меѓународна комисија за решавање на барања за Украина, ќе ги процени и ќе одлучи за барањата за репарации, вклучително и износите што треба да се платат, со оглед на тоа што веќе постои „регистар на штети“ и се примени околу 80.000 барања за отштета од поединци или организации. Создавањето на ова тело ќе биде одобрено на состанок на високо ниво во Хаг, на кој ќе присуствуваат украинскиот претседател Володимир Зеленски и високиот претставник на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас. Механизмот за отштета ќе го координира Советот на Европа во Стразбур, тело од 46 земји задолжено за заштита на човековите права на континентот, од кое Русија беше исклучена во март 2022 година по инвазијата на Украина. Третата фаза би вклучувала создавање фонд за компензација, но функционирањето на овој клучен дел од механизмот сè уште не е разјаснето, особено околу прашањето за можната употреба на замрзнатите руски средства. Европскиот план за користење на овие средства е поддржан од многу земји-членки на ЕУ, вклучително и Германија, но се соочува со силен отпор од Белгија. Лидерите на ЕУ треба да одлучат за ова прашање на состанокот на Европскиот совет што почнува в четврток. Тагови: Холандија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваAERO Street Food Festival уште денес и утре!Повеќе од 15.000 посетители беа дел од првите три вечери на AERO Street Food Festival, кој од 4 септември се одржува во паркот „Авионче“, под покровителство на Општина Аеродром. Големата посетеност, богатата гастрономска понуда и разновидната музичка програма уште еднаш го потврдија Аеродром како препознатливо место за современи урбани настани и дружење на сите генерации. Фестивалот започна на 4 септември со настапот на DJ Milan Serafimov, по што на сцената се претставија The Ringtones. Првата фестивалска вечер ја заокружи DJ Aleksandar Jordanov, кој со својот сет ја задржа разиграната публика до самиот крај на програмата. Во саботата, на 5 септември, паркот „Авионче“ беше исполнет со посетители од сите делови на Скопје, но и од други градови во Македонија. Особено голем интерес предизвика понудата на 20-те гастрономски брендови, пред чии штандови постојано се чекаше за различните специјалитети од домашната и светската кујна. Во неделата, на 6 септември, бендот Dopamine приреди енергичен настап и целосно ја освои публиката. Забавата продолжи со DJ Rizinski, кој со ретро музика и познати светски хитови го претвори фестивалскиот простор во голема журка на отворено. AERO Street Food Festival продолжува денес и утре со последните две вечери од годинашното издание. Вечерва, на 7 септември, публиката ќе ја забавуваат диџеите од Fluere и бендот South Park. Големото финале на 8 септември ќе започне со DJ Ficho и DJ Guardian, по што Acoustic Division ќе приреди специјална музичка програма, а фестивалот ќе го затворат Sure Shotz. Општина Аеродром ги поканува граѓаните да бидат дел од последните две фестивалски вечери и да уживаат во разновидната храна, домашната музика и урбаната атмосфера во паркот „Авионче“. Фестивалскиот простор се отвора во 17:30 часот, музичката програма започнува во 19:30 часот, а влезот е бесплатен. Општина АеродромТагови: AERO Street Food Festival) Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаТИРЗ: Расте интересот за инвестирање во МакедонијаВо периодот јули 2024 - јуни 2026 година, приливот на странски директни инвестиции достигна 1,381 милијарди евра, што претставува 86% поголем прилив во споредба со периодот анализиран од јуни 2017 - мај 2019 година.Дополнително, приливот на странски директни инвестиции по глава на жител се зголеми од 405 на 752 евра. Овие податоци се показател за растечкиот интерес за инвестирање и за потенцијалот на нашата држава како атрактивна инвестициска дестинација. Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ДТИРЗ) како владина институција продолжува активно да работи на унапредување на инвестициската клима, привлекување нови квалитетни инвестиции и создавање услови за одржлив економски развој. Повеќе квалитетни инвестиции = Повеќе можности = Поголем економски развој! Дирекција за ТИРЗТагови: ТИРЗ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНиколоски: Куманово добива пет специјализирани возила за одржување на комуналната хигиена во општината За брзо време пристигнуваат и дел од новите електрични автобуси наменети за Куманово, поддршката за општината продолжува.Куманово добива 5 специјализирани возила за одржување на комуналната хигиена низ градот, донација од Владата за поддршка на општината. За брзо време ќе се донираат и новите електрични автобуси, истакна денеска во Куманово заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски. Тој денеска изврши примопредавање на возилата на градоналачникот на Куманово, Максим Димитриевски. “ Министерството за транспорт во соработка со Светска банка направи една поголема набавка на комунални возила, односно најголема којашто општините ја виделе како директна донација во изминатиот период. Дел од таа набавка и дел од таа донација доаѓа во Општина Куманово. Не затоа што сум тука, но после Скопје најмногу возила добива токму Општина Куманово и мислам дека е така правилно, затоа што се работи за најголемата општина на територија на државата. Тука имаме две мултифункционални возила за одржување на хигиена со соодветен механизам којшто можевте и да го видите, којшто доста ќе помогне во подигнување на сметот. Понатаму имаме еден камион-прскалка којшто ќе овозможи да имаме почисти улици, да се перат улиците, но исто така има можност да носи и техничка вода во кризни ситуации или во ситуации кога има недостаток на вода или прекин со водоснабдување. И секако, тука се две возила за метење на улици коишто ќе помогнат покрај да имаме чисти улици, да имаме и чисти тротоари, чисти плоштади и чисти отворени површини” – изјави Николоски. Тој додаде дека Владата продолжува со поддршката за општина Куманово, која што во изминатиот период беше интензивна. Најави пристигнување на електричните автобуси за Куманово. Знаете дека имавме два повици за поддршка на општините. Во првиот повик се обезбедени околу 242 милиони денари, во вториот повик около 328. Дополнително на тоа, преку буџетот на Министерството за транспорт имаме некаде околу 1 милион евра кои што се инвестираат во изградба на мост, инвестираме во изградба на капела, како и во изградба на локални улици во проект со Светска банка и ќе продолжиме тоа да го правиме во следниот период. Би сакал да најавам исто така дека во следниот период ќе пристигнат и електричните автобуси во Куманово, така што се обидуваме да помогнеме секаде наму каде што можеме”- истакна Николоски. Министерство за транспорт Тагови: Александар Николоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУбиено е 26 годишно момче во Чаир: Двајца дошле со мотоцикл, пукале кон петмина и побегнале11:00Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12Возачот на Јанушев побарал 1.500 евра за да вработи пожарникар во Скопје, ОЈО бара притвор11:34И денеска гори на неколку локации, високите температури се ризик за нови пожари15:05
Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18
Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12