СДСМ: Обвинителството да отвори истрага за Мицкоски и Клековски - го загрозија здравјето на граѓаните на Гостивар
1СДСМ: Обвинителството да отвори истрага за Мицкоски и Клековски - го загрозија здравјето на граѓаните на Гостивар
ЖивотХоландија и Данска „најдобри земји да се биде дете“, според УНИЦЕФХоландија и Данска се најдобрите две места за да се биде дете, земајќи ја предвид менталната благосостојба, физичкото здравје и вештините, покажа ново истражување објавено од детската организација на ООН, УНИЦЕФ денеска.Франција го зазеде третото место, а по неа се Португалија и Ирска, според извештајот, во којшто се споредуваат податоците од 43 држави од Организација за економска соработка и развој (ОЕЦД) и од Европската Унија (ЕУ). Извештајот покажа и дека многу земји претрпеле остар пад на академските вештини на децата, поради затворањето на училиштата од корона-пандемијата. Списокот од топ-10 го дополнуваат Шввајцарија, Шпанија, Хрватска, Италија и Шведска. Директорот на италијанскиот Истражувачки институт УНИЦЕФ Иноченти, Бо Виктор Њулонд рече дека „децата веќе се бореле на повеќе фронтови“ и пред пандемијата. - Сега, во услови на зголемена економска несигурност, земјите треба да им дадат приоритет на образованието, здравјето и благосостојбата на децата за да ги обезбедат нивните животни изгледи и среќата, како и економската безбедност на нашите општества, изјави Њулонд. Најдолу на листата се Нов Зеланд, Колумбија, Мексико, Турција и Чиле. Додека пак, Австралија, Белгија, Израел, Норвешка и САД не можеа да бидат целосно и соодветно рангирани. - Во пресрет на пандемијата, податоците поставија загрижувачки репер за благосостојбата на децата, особено за децата од обесправени средини. Степенот на предизвиците со коишто децата се соочуваат значи дека ни е потребен кохерентен, холистички пристап за целото детство, што ќе биде насочен кон нивните потреби во секоја фаза од нивниот живот, рече Њулонд. Во 43-те земји, околу 8 милиони 15-годишници - околу половина од возрасната група беа оценети како функционално и нумерички неписмени, што значи дека не можат да разберат основен текст. Бројките,, во таа смисла, се најголеми во Бугарија, Колумбија, Костарика, Кипар и Мексико. Се бележи, за среќа, и постојан пад на смртноста на децата, севкупно намалување на самоубиствата кај адолесцентите и зголемување на стапките на завршување училиште. Сепак, извештајот покрена загриженост за менталното здравје, со пад на задоволството од животот на децата. Јапонија беше единствената земја којашто забележа поголемо подобрување. Физичкото здравје на децата, исто така, е влошено, при што бројот на деца со прекумерна тежина и натаму е во нагорна линија. Тагови: УНИЦЕФ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Обвинителството да отвори истрага за Мицкоски и Клековски - го загрозија здравјето на граѓаните на ГостиварВладата сѐ уште не достави официјален документ со кој се потврдува дека водата што граѓаните на Гостивар ја користат повеќе од една недела е технички исправна.Повторно ново ветување. Повторно неисполнето. Повторно водата не е чиста, ниту техничка. Владата сѐ уште не достави официјален документ со кој се потврдува дека водата што граѓаните на Гостивар ја користат повеќе од една недела е технички исправна. Единствена „потврда“ беше изјавата на Мицкоски. Ништо повеќе. Денес повторно се врши хиперхлорирање. Кога се прави хиперхлорирање - капењето не е дозволено. Но никој не смее тоа јавно да им го каже на граѓаните, затоа што тогаш ќе се открие дека Мицкоски лажеше. А лажењето и навредите се единствениот начин на комуникација што тој го познава. Министерот Клековски најави дека од оваа недела водата ќе може да се пие. Мицкоски рече дека има бактерија. Денес официјално е потврдено: присутна е опасната бактерија Pseudomonas aeruginosa, која има сериозни последици по здравјето на човекот. Тоа значи дека капењето не било дозволено, а граѓаните се капеа. Ова е страшна информација што власта се обидува да ја прикрие. За ова мораат кривично да одговараат: • Христијан Мицкоски • министерот Клековски • и сите одговорни лица од институциите што молчеа додека се загрозуваше здравјето на граѓаните на Гостивар. Ова сѐ уште трае. Одговорноста не може и не смее да се избегне. Го повикуваме Савевски барем еднаш да постапи согласно законот и да застане во одбрана на граѓаните. Знаеме дека е под команда на Мицкоски, но овојпат се во прашање животите на граѓаните и нивното здравје. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСе уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53Епидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00Вечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56 Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09
Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09
МакедонијаРасветлено насилството во Гостивар, следува соодветна пријава (ВИДЕО)Идентификувани се лицата инволвирани во насилниот настан во Гостивар, откако полициските службеници од ОВР Гостивар, веднаш по објавеното видео на социјалните мрежи, презедоа низа мерки и активности за целосно расчистување на случајот.На 02.08.2026 година во 22:20 часот во ОВР Гостивар, А.В.(22) од Гостивар пријавил дека истиот ден околу 02:30 часот на ул. „Борче Јованоски“ во Гостивар, тој и неговиот пријател Л.Е. биле физички нападнати од три непознати машки лица, кои при нападот употребиле тврди и дрвени предмети. За настанот веднаш бил известен дежурен јавен обвинител, по чии насоки и во координација со надлежен обвинител, полициските службеници од ОВР Гостивар по преземени мерки и активности ги идентификуваа тројцата учесници во насилниот настан. Во полициска станица на службен разговор се повикани двајца малолетници од Гостивар, на кои, по наредба на јавен обвинител, им се одземени патните исправи. Третото лице е В.Д.(20) од Скопје, за кого е испратена телеграма до СВР Скопје за понатамошно постапување. По целосно документирање на случајот, во текот на денешниот ден, по брза постапка, лицата со соодветен поднесок ќе бидат изведени пред надлежен судија на претходна постапка. Тагови: мвр насилство Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЧетворица под истрага, пукале со три пиштоли и пушка на семејна прославаЧетири лица се осомничени за пукањето на семејната прослава во Добри Дол гостиварско, што се случи на 31 јули.За време на прославата, осомничените со три пиштоли и една пушка пукале во воздух, со што, ги довеле во опасност животите на поголем број присутни. Постапката е поведена по поднесена кривична пријава од страна на МВР. Од ОЈО Гостивар наведуваат дека поради опасност од бегство на осомничените, меѓу кои еден кој има македонско и словенечко државјанство, доставиле предлог за определување притвор. Од МВР претходно сопоштија дека привеле шест лица , а едно било повикано на службен разговор во врска со пукањето. За време на претресите на повеќе локации во Добри Дол, полицијата пронашла и одзела оружје и муниција Тагови: мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter