Бочварски: Ребалансот е доказ за економската неспособност на власта и сиромаштијата во која живеат граѓаните
2Бочварски: Ребалансот е доказ за економската неспособност на власта и сиромаштијата во која живеат граѓаните
Алармантен број на убоди од инсекти: Над 30 луѓе побарале помош на клиника од убоди на оса, пчела, стршлен
1Алармантен број на убоди од инсекти: Над 30 луѓе побарале помош на клиника од убоди на оса, пчела, стршлен
ЗдравјеХоландија е на удар на новиот сој на коронавирусот –ФЛИРТ, ќе има и вакцинација Новата варијанта на корона вирусот, позната како FLiRT, предизвика бран инфекции во Холандија и покрај летните горештини.Професорката по вирусологија на Медицинскиот центар на Универзитетот Еразмус во Ротердам, Марион Копманс, истакна дека најточниот показател за степенот на ширење на вирусот е неговата количина во отпадните води. „Така, бројот на вирусни честички во отпадните води е 14 пати поголем отколку во истиот период во 2023 година или дури во 2021 година, кога беше широко распространет друг вид на коронавирус - Делта“, додаде таа, пренесува NL Times. Како што наведе таа, сегашниот бран на болести е неспоредлив со претходниот, истакнувајќи дека нема причина за паника. „Коронавирусот сега предизвикува сериозни последици многу поретко отколку порано. На пример, бројот на хоспитализирани во моментот речиси и да не се зголемува, и покрај зголемениот број случаи на инфекција“, рече Копманс, додавајќи дека кашлица, затнат нос, главоболка и мускулна болка се меѓу главните симптоми. Резултатите од студијата InfectieRadar, спроведена од Националниот институт за здравје на Холандија (RIVM) од 8 до 14 јули меѓу 10.300 Холанѓани, откриле корона вирус кај 1,3 отсто од учесниците. Националниот институт за здравје на Холандија неодамна објави дека инциденцата на респираторни инфекции, вклучувајќи го и коронавирусот, се зголемува во Холандија во последниве недели. Според официјалните податоци, просечниот број на патогени честички во отпадните води се искачи на 941 на 100.000 луѓе, во споредба со 786 една недела порано. Институтот потсети дека новата фаза на вакцинација на населението во Холандија ќе започне на 16 септември. Против инфекција со коронавирус може да се вакцинираат и жителите на земјата над 18 години кои добиле покана да се вакцинираат против грип. FLiRT е група на подваријанти на вирусот Омикрон, кои се доволно различни за да го заобиколат имунитетот. Официјално, подваријантите се нарекуваат KP.2, JN.1.7, но научниците ја нарекоа групата како варијанта FLiRT.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЗелен хуман град: Дали Град Скопје ќе ги заштити скопјани или профитите на Титан УСЈЕ?Советникот на ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД, Марјан Калевски денеска поднесе советничко прашање до Град Скопје во врска со тоа дали Градот Скопје ќе ја исполни својата законска должност и ќе застане на страна на скопјани .Советникот на ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД, Марјан Калевски денеска поднесе советничко прашање до Град Скопје во врска со тоа дали Градот Скопје ќе ја исполни својата законска должност и ќе застане на страна на скопјани со тоа што ќе достави негативно мислење за обнова на А - интегрираната дозвола на ТИТАН - Усје поради големото загадување што го предизвикува фабриката во согласност со член 100 став (1) од Законот за животната средина. Дополнителна тежина на ова прашање дава фактот што Советот на Град Скопје на својата 5 седница на 25 декември 2025 година едногласно ја усвои иницијативата на ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД за дислокација на Цементарница „Усје“ и сите други индустриски загадувачи со заклучок: „Се задолжува градоначалникот на Град Скопје да се обрати до владата за да го разгледа начинот за започнување на постапка за дислокација на Усје и сите големи индустриски загадувачи на соодветни места надвор од скопската котлина согласно Законот за животна средина и Просторниот план на РМ“ Поради сериозноста на состојбата со загадувањето во Скопје, како и засегнатоста на сите скопјани со овој повеќедеценики проблем, побаравме одговорот на прашањето да добиеме во најкус можен рок без да се чека истекот на деловнички утврдениот рок, со цел навремено да ги информираме граѓаните. ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД нема да престане да се бори со сите расположливи средства за заштита на здравјето на граѓаните и животната средина од опасните, животозагрозувачки последици на загадувачката индустрија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаБочварски: Ребалансот е доказ за економската неспособност на власта и сиромаштијата во која живеат граѓанитеНа седницата на Комисијата за финансирање и буџет, пратеникот од СДСМ Благој Бочварски, посочи дека ребалансот на Буџетот за 2026 година е уште една потврда за погрешните економски политики на Владата, кои резултираат со повисоки цени.На седницата на Комисијата за финансирање и буџет, пратеникот од СДСМ Благој Бочварски, посочи дека ребалансот на Буџетот за 2026 година е уште една потврда за погрешните економски политики на Владата, кои резултираат со повисоки цени, стагнација на платите, поголем дефицит и зголемен јавен долг. Бочварски посочи дека граѓаните секојдневно ја чувствуваат економската криза преку растот на цените и намалената куповна моќ. „Не може да се даде преодна оценка за буџет на држава каде индустриското производство опаѓа, инфлацијата е речиси двојно поголема од европскиот просек, каде порастот на цените на храната е 8%, на овошјето над 16%, пијалаци над 10%“, рече Бочварски. Тој посочи дека животот станува сè поскап, додека Владата не презема мерки за подобрување на животниот стандард на граѓаните. „Потрошувачката кошничка расте од месец во месец и дојде веќе до 70.000 денари или три минимални плати, а од друга страна имаме минимална плата којашто за првпат после седум години стагнира“, рече Бочварски, додавајќи дека залудни се обидите на Владата на граѓаните да им презентира розева слика за реалната состојба во државата. Пратеникот Бочварски, посочи дека економските показатели покажуваат дека Владата нема исполнето ниту едно од клучните економски ветувања, а тоа се потврдува и со предложениот ребаланс. „Ветивте силен раст и развој - го нема. Ветивте повисоки плати - ги нема. Ветивте намален јавен долг - тој се зголеми за 2,5 милијарди евра. Ветивте дефицит под 3%, а денес имаме 4,1%. Ветивте високо ниво на странски инвестиции, а тие уште првата година паднаа за 60%. Ветивте зголемување на субвенциите за земјоделците, а во реалноста тие се намалија“, рече Бочварски. Притоа, тој порача дека ребалансот е директна последица на нереалното планирање на буџетот и потфрлањето во наплатата на приходите. „Буџетот не издржа ниту до средината на оваа година. Има потфрлање во приходите кои нема да можат да ја следат расходната страна од буџетот која пак хронично троши повеќе отколку што може да собере од нашата економија. Со овој ребаланс се потврдува дека буџетот не издржа ниту до средината на оваа година“, рече Бочварски. Воедно, Бочварски додаде дека приходната страна на буџетот е нереално проектирана, со што власта повторно се обидува да направи економска манипулација. „Проектирате зголемување на приходната страна за 4,6 милијарди денари, а имаме потфрлање на приходите од неверојатни 240 милиони евра. Од планираните 375 милијарди денари, на половина од годината се собрани околу 170 милијарди, додека за втората половина се очекуваат 210 милијарди денари. Ова е нова економска манипулација. Од погрешни претпоставки не можат да излезат точни резултати“, рече Бочварски. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПотпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07Мицкоски на потпишување на договор за изградба на автопат Скопје-Блаце08:50Мицкоски: Опозицијата бега од реформи во Изборните законик поради страв од пораз15:00
Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00
Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43
Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07
КултураБројот на загинати во земјотресите во Венецуела се искачи на 3.342Бројот на загинати во двата земјотреси во Венецуела се искачи на 3.342, објави венецуелското министерство за информирање.Бројот на повредени достигна 16.470, додека бројот на луѓе кои останаа без своите домови скокна на над 17.300. Првиот земјотрес во Венецуела со магнитуда од 7,2 степени според Рихтеровата скала се случи на 24 јуни, на околу двесте километри западно од Каракас. По него следуваше втор земјотрес со магнитуда од 7,5 степени, на оддалеченост од 45 километри, а потоа и низа последователни потреси. Земјотресот со магнитуда од 7,5 степени беше најсилниот во последните повеќе од сто години, велат податоците на американскиот геолошки институт.Тагови: Венецуела Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter