МакедонијаХоландија донираше специјализирани возила за МВР – зајакнување на капацитетите за гранични работи и миграцииДонацијата, како што соопшти МВР, се состои од две специјализирани комбиња за превоз на затвореници и мигранти, наменети за Одделот за гранични работи и миграции при Бирото за јавна безбедност.Заменик министерот за внатрешни работи Астрит Исени и директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев денеска во Министерството за внатрешни работи присуствуваа на примопредавање на донација од Кралството Холандија, претставувано од амбасадорот Озлем Џанел и генералниот директор на Службата за транспорт и поддршка при Министерството за правда и безбедност на Холандија, Ерик де Брост. Донацијата, како што соопшти МВР, се состои од две специјализирани комбиња за превоз на затвореници и мигранти, наменети за Одделот за гранични работи и миграции при Бирото за јавна безбедност. На настанот му претходеше потпишување на Протокол за примопредавање од страна на директорот Јанев и генералниот директор Де Брост. Заменик министерот Исени изрази благодарност за континуираната поддршка од Кралството Холандија, истакнувајќи дека оваа донација претставува значаен придонес во јакнењето на оперативните капацитети на Министерството. -Со примопредавањето на овие специјализирани возила директно ја зајакнуваме оперативната подготвеност на нашите служби и ја унапредуваме меѓународната полициска соработка. Оваа донација не е само материјална поддршка, туку и силна потврда за довербата и партнерството меѓу двете земји - истакна заменик-министерот Исени. Тој додаде дека билатералната соработка со Кралството Холандија се реализира преку повеќе заеднички проекти насочени кон модернизација на полицијата, зајакнување на институционалните капацитети и унапредување на владеењето на правото. Донацијата претставува уште еден конкретен чекор во продлабочувањето на партнерството меѓу двете земји и придонесува кон поефикасно справување со безбедносните предизвици, особено во областа на граничното управување и миграцијата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМВР: Го пуштивме во употреба „Безбеден град“ – проект што спасува животи и гради побезбедна иднина„Безбеден град“ е проект за кој долго се зборуваше, а ние го реализиравме. Денес тој претставува еден од најважните механизми за модернизација на полициското работење и заштита на животите на граѓаните.Резултатите веќе го потврдуваат тоа. Во периодот од февруари до јуни оваа година, бројот на загинати лица во сообраќајни незгоди е намален за 40% – од 55 жртви во истиот период минатата година, на 34 оваа година. Од почетокот на примената на системот се евидентирани над 130.000 сообраќајни прекршоци, а повеќе од 95% од нив се однесуваат на пречекорување на дозволената брзина. Тоа јасно покажува дека најголемата опасност на нашите патишта не се камерите – туку неодговорното возење. Продолжуваме со неговата имплементација низ целата држава, затоа што нашата цел не е да изрекуваме повеќе казни, туку да имаме помалку сообраќајни несреќи, помалку изгубени животи и побезбедни патишта за сите. „Безбеден град“ е технологија што спасува животи. Безбедноста нема алтернатива.Тагови: безбеден град Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВодата во Скопје безбедна за пиењеНеделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење.ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола. Секторот за санитарна контрола во периодот од 29.06.2026 до 03.07.2026 зема 187 примероци за физичко-хемиска и 187 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 41 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18).Тагови: вода Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаГолеми пожари беснеат во јужна Европа – во Франција евакуирани 10 илјади луѓеШумските пожари продолжуваат да беснеат низ јужна Европа, принудувајќи илјадници жители да ги напуштат своите домови, додека високите температури и силниот ветер дополнително ја влошуваат состојбата.Најкритично е во југозападниот дел на Франција, во близина на Перпињан, каде што се евакуирани повеќе од 10.000 жители. Повеќе од 700 пожарникари, со поддршка од специјализирани авиони, се борат со огнената стихија, што досега зафати околу пет илјади хектари. ALERTE - La situation est maintenant catastrophique dans les Pyrénées-Orientales. Des villages sont cernés par les flammes. https://t.co/kkegcPR0sK pic.twitter.com/nODqyxpMtz — Infos Françaises (@InfosFrancaises) July 5, 2026 Поради опасноста, француските власти донесоа одлука третата етапа од велосипедската трка тур де франс низ пиринеите да се одржи без присуство на публика. Пожари се активни и во Португалија, Шпанија и Грција. Токсичниот облак предизвикан од пожарот во Орео-Кастро кај Солун со помош на ветерот се прошири на југ кон Атика и стигна дури до Пелопонез поради променливите ветрови.Тагови: пожари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter