Холандија децидна – на страната на Македонија сме да ги почне преговорите

Новата методологија за проширување е главна тема на состанокот во Брисел на министрите за надворешни работи на Европската Унија...

Холандија го кристализира ставот - зелено светло за Македонија, скептичност за Албанија. Министерот за надворешни работи, Стеф Блок по денешниот Совет за општи работи во Брисел порача дека Хаг дава поддршка за земјава да ги почне преговорите, но вели дека за консензус од сите 27 земји членки е прерано да се зборува. Според Блок, клучно е Македонија да добие позитивен извештај за напредокот за 10-ина дена.

-Новата методологија за нас е разумна, но се уште не сме разговарале за почеток на преговори. Прво сакаме да го видиме новиот извештај на Комисијата, кој мора да покаже јасен напредок. За двете земји нема асполутно зелено светло. А кога би имало? Кога ќе ги исполнат критериумите. Северна Македонија, како што сум посочил и претходно, веќе направи значително подобрување. Затоа Холандија веќе е на нивна страна, но за Албанија би сакале поголем прогрес. , изјави Стеф Блок, министер за надворешни работи на Холандија

За шефот на романската дипломатија пак, новата методологија не смее да биде алиби за пролонгирање на почетокот на преговорите.

-Ја поддржуваме одлуката за што е можно поскоро отворање на преговорите со Албанија и Северна Македонија. Можеме да ја направиме оваа методологија поефикасна, но единствен услов е таа да не ги блокира или одложи тековните процеси, посебно со Северна Македонија и Албанија, изјави Богдан Ауреску, министер за надворешни работи на Романија

Извешатите за напредокот на Македонија и Албанија во скратена форма се очекува да бидат објавени кон почетокот на март, а првиот тест за евентуален датум за преговори двете земји ќе го имаат на Европскиот Совет на 27 ми март. Главниот предизвик и натаму останува прашањето дали Македонија може да извиси поради пакетот со Албанија, со оглед дека клучните земји членки се скептични кон Тирана, а во исто време, не отстапуваат од позицијата за можно раздвојување на двете земји.

Хаос на улиците во Москва, повеќе од 3500 уапсени, обвиненија против демонстрантите

Обвинителите отвориле кривична постапка по незаконските работи на недозволениот собир во центарот на Москва.

Отворена е постапка и поради насилства над полицијата, изјавила Јулија Иванова портпаролката на московското одделение на руските истражни комитети.

„Врз основа на резултатите од предистражните истраги спроведени од истражните органи на Главниот оддел за истраги во Москва на Истражниот комитет, беа покренати кривични случаи според член 318 од Кривичниот законик на Русија (употреба на насилство врз јавен службеник), член 167 од рускиот кривичен законик (намерно уништување или оштетување на имот) и член 213 од рускиот кривичен законик (хулиганство) “, изјави Иванова за агенцијата Тасс.

Повеќе од 3.500 лица се уапсени вчера за време на протестите низ Русија за поддршка на уапсениот опозициски лидер Алексеј Навални, што не беше одобрено од властите, објави претходно Ројтерс.

"Според прелиминарните проценки, вкупно 300 малолетници се приведени во различни руски региони. Тој број е околу 70 во Москва, а околу 30 деца во Санкт Петербург", напиша Кузнецова на својата веб-страница, пренесува Тасс.

Инаку опозиционерот Алексеј Навални кој е најголемиот политички противник на рускиот претседател Владимир Путин, беше уапсен на 17 јануари кога се врати од лекувањето во Германија во Москва.

Извор: B92

За неносење маска 385 санкции

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се  385 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи и денеска апелираше до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид 19.

Во Скопје 228 санкционирани возачи, 21 за брзо возење

На територијата на град Скопје во рамки на засилените сообраќајни контроли изречени се вкупно 228 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 25 санкции.

Од МВР денеска информираат дека од нив 11 се за технички неисправни и нерегистрирани возила, 17 мерки се за користење на мобилен телефон. Изречени се и 13 мерки за возење под дејство на алкохол, 21 санкција за непочитување на брзината на движење и 51 мерка за непрописно паркирани возила.

Засилените сообраќајни контроли, посочуваат од МВР, продолжуваат и во наредните денови. Апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

притисни ентер