Ламин Јамал со девојка му Инес ја прослави победата на СП- снимката веднаш собра 6 милиони лајкови (ФОТО)
2Ламин Јамал со девојка му Инес ја прослави победата на СП- снимката веднаш собра 6 милиони лајкови (ФОТО)
ФудбалХоландија без Чави Симонс на на Светското првенство во 2026 годинаСтрашна повреда на фудбалер на Тотенхем, Мундијалот во 2026 останува без уште една ѕвезда. Фудбалерот од средниот ред на Тотенхем и Холандија Чави Симонс потврди дека поради повреда ќе го прпушти престојниот Светски шампионат. Симонс заработи повреда на предниот вкрстен лигамент на натпреварот од 34. коло од англиската Премиер лига против Вулверхемптон (1-0). Тој беше заменет во 63. минута и изнесен од теренот на носила. Симонс објави дека претрпел сериозна повреда поради која нема да може да настапи на финалето на Светското првенство во 2026 година. - Велат дека животот може да биде суров, и јас така се чувствувам денес. Мојата сезона одеднаш заврши, и само се обидувам да го протолкувам тоа. Искрено, скршено ми е срцето. Ништо од ова нема смисла. Сè што сакав беше да се борам за мојот тим, а сега таа можност ми е одземена... заедно со шансата да одам на Светското првенство. Претставувањето на мојата земја ова лето... е само пропуштена можност. Ќе биде потребно време да се помирам со ова, но ќе продолжам да бидам најдобриот соиграч што можам. Не се сомневам дека заедно ќе ја добиеме оваа битка. Ќе одам по овој пат воден од вера, со сила, со упорност, со самодоверба, броејќи ги деновите додека не се вратам на теренот. Бидете трпеливи со мене, напиша 23-годишниот фудбалер на социјалните мрежи. Во сезоната 2025/26, Симонс постигна шест гола и имаше седум асистенции во 43 натпревари за Тотенхем и Лајпциг, а во дресот на Холандија има одиграно 34 натпревари на кои постигнал 5 голови.Тагови: Тотенхем Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканБугарија им дозволи на САД да ги чуваат воените авиони во близина на Софија, сега се пишманијаБугарија ќе побара од парламентот одобрение за сместување на до осум американски авиони-танкери во воената база Безмер, изјави денес премиерот Румен Радев.Бугарија ќе побара од парламентот одобрение за сместување на до осум американски авиони-танкери во воената база Безмер, изјави денес премиерот Румен Радев, откако претходниот план за нивно стационирање на цивилен аеродром предизвика контроверзии. Владата ќе го испрати до парламентот барањето на Вашингтон за стационирање на авионите во воениот објект Безмер за поддршка на американските воени операции на Блискиот Исток, изјави Радев на годишната конференција на бугарските амбасадори во Софија. Без парламентарно одобрение Одлуката претходно оваа година авионите, кои главно се користат за полнење гориво на други авиони во воздух, да се стационираат на цивилниот аеродром во главниот град Софија, беше донесена без претходно парламентарно одобрение, предизвикувајќи политичка контроверзност. Авионите го напуштија местото минатиот месец. „Проблемот беше што воените авиони беа стационирани на цивилен аеродром во непосредна близина на Софија. Затоа им предложивме на нашите сојузници користење на воени аеродроми“, рече Радев. Воената база Безмер се наоѓа околу 260 километри југоисточно од Софија. Тензии на Блискиот Исток Соединетите Американски Држави и Иран ги засилија своите напнати размени на напади откако пропадна привремениот договор за прекин на огнот потпишан во јуни, зголемувајќи ја можноста за враќање во целосен конфликт. Израелски воен претставник изјави во неделата дека Израел се подготвува да прими дополнителни американски авиони за полнење гориво.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПриведена директорката на Комуналец од Гостивар и уште двајца раководители 15:27Уапсена е директорката на ЈП„Комуналец“ од Гостивар и двајца нејзини соработници (ВИДЕО)13:52Се чекаат резултатите од Институтот за јавно здравје за утврдување на причинителот за епидемијата во Гостивар 10:53Прогласена епидемија во Гостивар: – над 300 нови пациенти со стомачни тегоби за еден ден18:00Гостивар пред прогласување на епидемија – над 300 нови пациенти со стомачни тегоби за еден ден15:00
Се чекаат резултатите од Институтот за јавно здравје за утврдување на причинителот за епидемијата во Гостивар 10:53
ЗабаваПовторно се шири бизарната теорија за Шакира по нејзиниот настап на СП (ВИДЕО)Настапот на колумбиската пејачка Шакира на полувремето од финалето на Светското првенство предизвика бројни реакции, но не поради самиот настап, туку поради необична теорија на заговор. Шакира ја изведе официјалната шампионска химна „Даи Даи“ со Бурна Бој за време на полувремето од натпреварот помеѓу Аргентина и Шпанија, а на сцената ѝ се придружија Џастин Бибер, BTS и Мадона. Враќањето на Шакира на светската фудбалска сцена, 16 години по легендарната песна „Вака Вака“ од 2010 година, беше еден од најочекуваните моменти на вечерта. Теорија за двојничка Нејзиниот настап се случи недолго откако на интернет почна да циркулира теоријата дека Шакира користела двојничка на церемонијата на отворањето на првенството во јуни. Потоа таа ја изведе истата песна на стадионот Ацтека во Мексико Сити, а дел од публиката беше убеден дека лицето на сцената не е таа. View this post on Instagram A post shared by ShakiraMedia (@shakira.media) Корисниците на социјалните мрежи споделија снимки и фотографии за кои тврдеа дека ја поддржуваат идејата. Некои истакнаа дека очилата за сонце премногу го кријат нејзиното лице: „Тоа не е Шакира, тоа е двојничка“, гласеше еден коментар. Други се пошегуваа: „Плачам, дали испратија двојничка на Шакира на отворањето?“ Трет заклучи: „Извинете, но тоа не е Шакира.“ Иако теоријата нема докази, таа повторно се појави по последниот настап. Обожавателите сега тврдат дека Шакира намерно избегнувала да носи очила за да докаже дека тоа навистина била таа. „Шакира овој пат без очила само за да не биде обвинета дека е двојничка, умирам од смеа“, напиша еден корисник на X. „Шакира не носи очила затоа што минатиот пат рекоа дека е двојничка“, забележа друг. Трет се пошегува: „Шакира без очила за сонце како да вели - да, овој пат навистина сум јас.“Тагови: Шакира Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПриведена директорката на Комуналец од Гостивар и уште двајца раководители 15:27Уапсена е директорката на ЈП„Комуналец“ од Гостивар и двајца нејзини соработници (ВИДЕО)13:52Се чекаат резултатите од Институтот за јавно здравје за утврдување на причинителот за епидемијата во Гостивар 10:53Прогласена епидемија во Гостивар: – над 300 нови пациенти со стомачни тегоби за еден ден18:00Гостивар пред прогласување на епидемија – над 300 нови пациенти со стомачни тегоби за еден ден15:00
Се чекаат резултатите од Институтот за јавно здравје за утврдување на причинителот за епидемијата во Гостивар 10:53
СветЕскалира конфликтот на САД и ИранКонфликтот меѓу САД и Иран добива нова, опасна димензија откако американската војска изврши серија воздушни напади врз цели во Иран .Конфликтот меѓу САД и Иран добива нова, опасна димензија откако американската војска изврши серија воздушни напади врз цели во Иран како одговор на иранскиот ракетен и беспилотен напад врз американска база во Јордан, во кој загинаа најверојатно тројца американски војници а уште некокумина се повредени. Нападите беа извршени по наредба на американскиот претседател Доналд Трамп. Според Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ), операцијата имала за цел да ги ослабне иранските воени капацитети и да испрати јасна порака дека нападите врз американските сили нема да останат без одговор. Во соопштението се наведува дека загинатите војници биле погодени додека американските и сојузничките сили се бранеле од ирански балистички ракети и беспилотни летала. Трамп по возобнувањето на војната истакна дека загинувањето на војниците е трагедија, но мисијата продолжува. -Тие големи патриоти се бореа за да Иран нема нуклеарно оружје. Иран е многу тешко погоден и оштетен. Изгубија се што е воено. Ние го контролираме Теснецот, тие не контролираат ништо. И ќе видиме што ќе се случува. Удривме по нив ноќеска многу силно и тоа го сторивме во чест на најверојатно трите загинати војници, кои беа големи патриоти – изјави Трамп. Од друга страна американскиот државен секретар Марко Рубио е со поблаг тон во однос на Трамп. Според Рубио и покрај се Техеран може да се врати на преговарачката маса доколку сака. -Ние секогаш сме отворени за дипломатија. Иран мора да биде реален, дека мода да има договор, со кој тие ќе мораат да живеат. Иран пред една недела требаше да соопшти дека Ормунскиот Теснец ќе биде отворен и нема повеќе да напаѓаат бродови. И наместо да го прават тоа тие нападнаа три брода. Нивното поведение треба да се смени, ако сакаат и ние да го смениме – вели Рубио. Во моментов нема извештаи од Иран за можни жртви или штети од нападите. Иранските државни медиуми изутринава објавија дека се слушнале експлозии во јужниот и северозападниот дел на Иран. Новата ескалација на Блискиот Исток ги покачи цените на нафтата и тие нагло растат поради конфликтот меѓу САД и Иран, надминувајќи ја границата од 90 долари за барел од типот Брент, откако пропадна привремениот договор постигнат минатата недела.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПриведена директорката на Комуналец од Гостивар и уште двајца раководители 15:27Уапсена е директорката на ЈП„Комуналец“ од Гостивар и двајца нејзини соработници (ВИДЕО)13:52Се чекаат резултатите од Институтот за јавно здравје за утврдување на причинителот за епидемијата во Гостивар 10:53Прогласена епидемија во Гостивар: – над 300 нови пациенти со стомачни тегоби за еден ден18:00Гостивар пред прогласување на епидемија – над 300 нови пациенти со стомачни тегоби за еден ден15:00
Се чекаат резултатите од Институтот за јавно здравје за утврдување на причинителот за епидемијата во Гостивар 10:53