ЖивотХобија со речиси ист ефект врз умот како и медитацијатаКога станува збор за медитација, повеќето луѓе замислуваат мирно седење со затворени очи и фокус на дишењето. Иако ова е најпозната форма на медитација, постојат неколку хобија кои можат да го смират умот и да го насочат вниманието на сегашниот момент. Психолозите долго време истакнуваат дека одредени активности можат целосно да го преокупираат нашето внимание, така што секојдневните грижи и брзите мисли привремено исчезнуваат од фокусот, нивото на стрес се намалува. 1. Градинарство Без разлика дали садите цвеќе, полевате зеленчук, плевите коров или ги посматрате растенијата, вниманието спонтано се насочува на она што се случува пред вас. Растенијата растат по свое темпо, а градинарството нè потсетува дека некои работи не можат да се забрзаат, туку бараат грижа и внимание. Затоа ова хоби развива чувство на смиреност и прифаќање на природниот ритам на животот. Особено радува кога ќе видите како вложениот труд во текот на неколку недели или месеци постепено се претвора во цвеќе, плодови или бујни билки. Видливиот напредок смирува, а свежиот воздух, движењето и фокусираното внимание ментално ве ослободува од товарот. 2. Печење од основни состојки Правењето леб, колачи или други печива бара целосна концентрација - од мерењето на состојките и месењето тесто до крајниот производ. За разлика од многу активности каде постојано го префрламе вниманието помеѓу пораките, електронската пошта и социјалните медиуми, печењето нè прави трпеливи. На тестото му треба доволно време да нарасне, а колачите не можат да се печат пред да им дојде времето. Во свет каде што сме навикнати на брзи резултати, печењето нè потсетува на важноста да успориме и да веруваме во процесот. Споделувањето на она што сте го подготвиле со семејството или пријателите додава дополнителна емоционална вредност на ова хоби бидејќи поттикнува поврзување со другите. 3. Набљудување птици Набљудувањето птици е еден од наједноставните начини да го вежбате вниманието. Наместо да размислуваме за утрешните задачи или минатите настани, фокусот се префрла на природата - движењето меѓу гранките, пеењето на птиците или воочувањето разлики меѓу видовите. Ова хоби не бара никакво посебно предзнаење, ниту посета на национални паркови. Многу луѓе кога ќе обрнат внимание откриваат колку е разновиден дивиот свет во соседството, градските паркови, па дури и низ прозорецот. 4. Плетење или хеклање Повторувањето на движењето со рацете има речиси терапевтски ефект. Плетењето и хеклањето бараат доволно концентрација за да го окупираат умот, но не дотолку за да предизвикаат дополнителен стрес. Затоа многу луѓе ги опишуваат овие активности како исклучително смирувачки. Ритмот на движењата создава чувство на предвидливост и сигурност, а грешките не се причина за фрустрација. Доволно е да се расплетат неколку редови и да се продолжи понатаму, што исто така нè потсетува дека напредокот не мора да биде совршен за да биде вреден. Друга предност на овие хобија е што напредокот е лесно видлив. Ред по ред, се создава шал, ќебе или друг предмет, што дава чувство на цел и покажува како малите, доследни чекори со текот на времето произведуваат конкретни резултати. По ментално напорен ден, комбинацијата од повторување, креативност и чувство на исполнетост може да има исклучително релаксирачки ефект. 5. Пешачење Престојот во природа е еден од најприродните начини за смирување на умот. За време на подолга прошетка, вниманието спонтано се насочува кон патеката, пејзажот, временските прилики и на ритамот на сопствените чекори, наместо на мобилниот телефон и листата со обврски. За разлика од вежбањето во затворен простор, природата постојано нуди нови глетки, звуци и мириси што нè враќаат во сегашниот момент и помагаат секојдневните проблеми да добијат поинаква перспектива. 6. Сликање или цртање Изборот на бои, скицирањето форми, мешањето нијанси или испробувањето нови техники бара доволно концентрација што загрижувачките мисли постепено ја губат својата моќ. Во уметноста, честопати не постои еден точен начин на работа, овозможува слобода за истражување, експериментирање и играње. Многу возрасни се откажуваат од цртањето или сликањето зашто веруваат дека не се доволно талентирани или се премногу стари за такво хоби. Но, откажувањето од потребата за совршенство е често она што ги прави овие активности корисни за менталното здравје. Целта не е да се создаде ремек-дело, туку да си дозволите целосно да се посветите на креацијата. Не постои универзален начин за опуштање Важно е да се нагласи дека не постои „вистинско“ хоби или универзален метод на релаксација. Заедничко за сите овие активности е тоа што ни помагаат да го успориме темпото, да го намалиме нивото на стрес и барем накратко, да го стишиме ројот на мисли, токму како медитацијата. Извор: ordinacija.vecernji.hrКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПредлог буџет за 2027 година на собраниска комисија 08:31По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
ЗдравјеБесплатни скрининг тестови за рак на простата денеска во ЖелезничарВо здравствениот дом Железничар денеска ќе има бесплатни тестирања за рак на простата. Бесплатниот скрининг е наменет за мажи над 45 години и ќе се спроведува во рамки на кампањата „Мовембер“ односно ноември - месец за подигнување на свеста за машкото здравје. Бесплатните прегледи ќе се одвиваат од 13 часот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПредлог буџет за 2027 година на собраниска комисија Во Собраниската комисија за финансирање и буџет денеска на дневен ред е предлогот на буџетот на Македонија за 2027 година, во второ читање. Поднесени се над 100 амандмани. Согласно проекциите, вкупните приходи на буџетот се планирани на ниво од 395,4 милијарди денари, расходите на ниво од 440,4 милијарди денари, додека буџетскиот дефицит е проектиран во износ од 45 милијарди денари или на ниво од 3,5% од планираниот БДП. Отстапувањето од фискалното правило е резултат на очекуваниот фискален ефект од потребата за исполнување на обврските од членството во нато алијансата за капитални вложувања во одбраната, со утврден износ од 2% од БДП-то. Проекциите на даночните приходи се планирани на ниво од 223 милијарди денари, со што тие учествуваат со 17,4% во БДП-то. Воедно износот на проектираните приходи е намален за 1,5 милјарди денари поради обврската за враќање на солидарниот данок кој се прибираше во 2023 година, а врз основа на законско решение за кое уставниот суд заклучи дека тоа било неуставно.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПредлог буџет за 2027 година на собраниска комисија 08:31По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
МетеоПроменливо облачно со сончеви периоди и температура до диури 25 степениВремето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува засилен до силен ветер од јужен правец (наместа со брзина над 80 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 13, а максималната ќе достигне од 18 до 25 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 24 степени. МИНИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во 0С) 7 Попова Шапка, 9 Крушево, Лазарополе, 10 Гевгелија, 11 Скопје – Петровец, Струмица, 12 Скопје – Зајчев Рид, Охрид, Претор, Кавадарци, Тетово, Битола, 14 Прилеп, Куманово, Берово, 15 Велес, 16 Штип, Крива Паланка, Виница, Демир Капија. КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 24 часа до 07 часот во (l/m2) 9 Лазарополе, 5 Пожаране, 3 Битола, 2 Претор, 1 Попова Шапка, Крушево, Куманово. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Под влијание на серија од влажни бранови следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Утре ќе преовладува релативно топло време со температури кои ќе бидат значително над просекот за овој период од годината и ќе дува засилен до силен ветер од јужен правец (наместа со брзина над 80 km/h). Од сабота поради продор на постудена воздушна маса од север температурите ќе бидат во опаѓање, особено во северните делови.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook