Хјундаи Нексо, вози на водород со стил (ФОТО) - Канал 5

Хјундаи Нексо, вози на водород со стил (ФОТО)

Hyundai е еден од оние производители кои веруваат дека во иднина има простор за водород како гориво за патничките автомобили.

Хјундаи Нексо, вози на водород со стил (ФОТО)

Дека нема да се откаже од водородот веќе покажа концептот Initium покажан на крајот на минатата година. Сега, на почетокот на април, на сцената доаѓа Nexo, втората генерација на моделот со погон на водород, но и првиот Hyundai со нов дизајнерски потпис.

Аголниот ретро дизајн во Hyundai е наречен „Art of Steel“, кој наиде на одобрување од посетителите на салонот во Сеул каде премиерно беше претставен фејслифтираниот Ioniq 6, уште еден Hyundai со необичен дизајн.

Ако Pontiac Aztek ви се допадна уште пред да добие култен статус поради неговата глобално позната серија, можеби ќе ви се допадне Nexo. Особено на задниот дел каде што автомобилот доби навистина необична форма со дополнителна стаклена површина во аглите на каросеријата.

Сè ќе биде проследено со едноставен, но многу модерен изглед на главните светла обликувани во четириделни квадрати. Прикажаната верзија е за корејскиот пазар, што значи дека наместо странични ретровизори може да се инсталираат камери. Новиот Nexo порасна на 4,75 метри во должина, а во однос на претходникот има плус во сите правци.

Автомобилот е исто толку интересен и внатре, каде патниците ги чека многу пространа кабина. Целосно новиот изглед се заснова на едноставноста, но и покрај дисплеите, класичните контроли на климатизацијата се задржани. Вреди да се спомене аудио системот Bang & Olufsen со 14 звучници, како и 12-инчниот head-up дисплеј.

Погонскиот систем има 255 КС, што е значително повеќе од неговиот претходник. Ова го скрати забрзувањето на 7,8 секунди, додека максималната брзина е поставена на 180 km/h. И она што е важно, резервоарите со водород имаат капацитет од 6,69 кг, а полнењето трае до пет минути. Според корејските стандарди, досегот е одлични 700 километри.

Цените и пристигнувањето на европскиот пазар се уште не се објавени. Реално и овде почетната цена би требало да биде околу 80.000 евра.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Цветковска: Колегите се почесто се самоцензурираат и не сакаат да ги истакнат расипаните јаболка во нашава медиумска канта

Фејсбук објава на новинарката Сашка Цветковска.

Цветковска: Колегите се почесто се самоцензурираат и не сакаат да ги истакнат расипаните јаболка во нашава медиумска канта

„Да си новинар (уште и жена) и на прес конференција на министерот за внатрешни работи да ти е најважно да го поддржиш насилството и да инсистираш на статистики за лажни пријавувања на насилства врз жени и девојки, ти не работиш за јавноста и не можеш и не смееш да им служиш на граѓаните. Колегите се почесто се самоцензурираат и не сакаат да ги истакнат расипаните јаболка во нашава медиумска канта поради наводно одбегнување на расправии со колеги. Овие не ни се колеги и ние не им служиме на колегите туку на граѓаните. Секое молчење не е неутралност, не кон жртвите, не кон народот. Срамота! Инаку, станува збор за Ивона Талевска поддржана од уште некои свои колеги кои да немаа партии и криминалци зад себе немаше да бидат никогаш ништо, камоли да делат ум.“-стои во објавата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Голем пресврт на светскиот пазар на нафта

Светскиот пазар на нафта влегува во нова фаза по неколкумесечните нарушувања предизвикани од војната на Блискиот Исток.

Голем пресврт на светскиот пазар на нафта

Цените на суровата нафта нагло се намалија, но европските економии и понатаму се соочуваат со исклучително скап дизел, кој ги зголемува трошоците за транспорт и производство.

Според најновиот извештај на Меѓународната агенција за енергија, објавен денеска, 13 ноември, цената на северноморската сурова нафта паднала за дури 32 проценти, од 136 долари за барел на почетокот на октомври на околу 93 долари.

Причина за ваквиот пресврт е обновувањето на испораките од земјите во Персискиот залив, кои постепено се зголемуваат и покрај нападите врз танкери и енергетска инфраструктура.

Глобалното производство на нафта во октомври достигнало 105,4 милиони барели дневно, што е зголемување од 2,3 милиони барели во споредба со септември. Ваквото закрепнување довело до ситуација во која понудата повторно ја надминува побарувачката, првпат од почетокот на војната со Иран.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЛДП: Капитулираат пред жртвите и 17.500 потписи на гневни граѓани, но победата не е извојувана од Владата на „машкиот надзор“

Овозможија дузина загубени животи на наши сограѓанки и голем број на човечки трагедии. Свесно и искалкулирано одлучија да ги отфрлат предлозите од април 2025 и март 2026 година за електронски нараквици за насилниците, предложени од ЛДП.

ЛДП: Капитулираат пред жртвите и 17.500 потписи на гневни граѓани, но победата не е извојувана од Владата на „машкиот надзор“

Овозможија дузина загубени животи на наши сограѓанки и голем број на човечки трагедии. Свесно и искалкулирано одлучија да ги отфрлат предлозите од април 2025 и март 2026 година за електронски нараквици за насилниците, предложени од ЛДП преку лидерката Моника Зајкова. Сега Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вчера призна јавно дека електронски нараквици за насилниците и сторителите на семејно насилство би дале позитивни резултати и најави усвојување на истата мерка на ЛДП што досега двапати ја предложи како закон во Собранието. Признание добивме, вината е дефинирана, а одговорност за загубените животи и трагедиите?

Денес, по собрани 17.500 потписи на граѓанки и граѓани и огромниот јавен притисок, власта објави капитулација и свое законско решение.

Но, ова не е победа на Владата, ова е задоцнета реакција на институциите пред барањата на жртвите и насобраниот гнев на граѓаните. Росица, Ивана, Катја, Рамајана и Билјана се само некои од имињата кои не смеат да бидат заборавени. Нивните имиња се потсетник дека за институционалното доцнење се плаќа застрашувачка цена.

ЛДП најавува дека после собраните потписи и огромната поддршка за оваа иницијатива уште завчера и по трет пат го поднесе Законот до пратениците и овој пат, нема веќе простор за оправдувања и нови грешки.

Заштитата на жените не смее да зависи од ничиј политички рејтинг и нивната безбедност не е политички маркетинг, туку јасно утврдена обврска на државата и институциите. Можеа да послушаат и да спречат. Одлука донесоа, кобна! Бараме одговорност сега! Иако ви се фотељите слатки сепак мора да постои во политиката нешто што се вика морал, етика и поклон пред грешката и жртвите.

Преголема грешка прават ако мислат дека без одговорност ќе им биде заборавено!!!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер