Лозарите од тиквешијата годинава очекуваат намален род за најмалку 20%, не се задоволни од откупната цена
2Лозарите од тиквешијата годинава очекуваат намален род за најмалку 20%, не се задоволни од откупната цена
ЖивотХјуман рајтс воч го обвини Западот за лицемериеХјуман рајтс воч (ХРВ) ги обвини САД и нивните сојузници за недостаток на критики за акциите на Израел во Појасот Газа, прашувајќи каде се повиците Израел да ги почитува меѓународните норми при нападот врз Газа, како и повиците за одговорност.-Реакцијата од Вашингтон и, со неколку исклучоци, европските престолнини на акциите на Израел во Газа од 7 октомври е пригушена. Каде е јасната осуда на суровото заострување на 16-годишното затворање на Газа што претставува колективна казна, воено злосторство?, рече вчера заменик-директорот на програмата на ХРВ, Том Портеус. Портеус, исто така, изрази бес поради изјавите на израелските лидери „кои се обидуваат да ја заматат многу важната разлика меѓу цивилите и борците во Газа, иако наредуваат постојано зголемување на бомбардирањето на оваа густо населена територија, претворајќи ги градските блокови и населби во урнатини“. -Каде се јасните и недвосмислени повици Израел да ги почитува меѓународните норми во нападот врз Газа?, праша Портеус. Тој рече дека барањата на меѓународното хуманитарно право за заштита на цивилите треба да важат за сите. Портеус се осврна на руската инвазија на Украина, каде што западните земји ја истакнаа важноста од почитување на правилата на вооружениот конфликт во нивните напори да добијат меѓународна поддршка за Украина и да ја изолираат Русија. -Лицемерието и двојните стандарди на западните земји се флагрантни и очигледни, критикуваше Портеус. Тој нагласи дека ова ризикува да ја поткопа долгогодишната макотрпна работа на хуманитарните групи и групите за човекови права, заедно со некои држави, „за зајакнување и стандардизирање на нормите наменети за заштита на цивилите заглавени во конфликти ширум светот“. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОколу 50 тони небезбедна храна открила АХВ во првата половина од годинатаРечиси педесет тони небезбедна храна уништиле или вратиле инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство.Најчеста причина за заплена на небезбедната храна биле изминат рок на употреба, непознато потекло, нерегистрирани оператори.. Повеќе од Елизабета Дамјановска Спасеноска. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛозарите од тиквешијата годинава очекуваат намален род за најмалку 20%, не се задоволни од откупната ценаЛозарите од тиквешијата годинава очекуваат намален род за најмалку 20% во однос на лани заради пролетните оштетувања на родот од мрзнењата како и од летните горештини Лозарите од тиквешијата годинава очекуваат намален род за најмалку 20% во однос на лани заради пролетните оштетувања на родот од мрзнењата како и од летните горештини и неможноста да се обезбеди доволно наводнување за сите лозови површини. На три недели пред почетоко на бербите тие укажуваат дека откупните цени кои се најавени за годинава дека ќе бидат за половина денар повисоки за врнацот како најзастена црна сорта и денар повеќе за смедерваката ни од далеку не ги покриваата трошоците кои ги имаат направено. Лозарите укажуваат дека по брзана постапка мора да се измени законот за вино кој на винариите им дава можност ако исплатат веднаш да им ја намалат за 8% откупната цена на грозјето, законска дупка што многу се злоупотребуваше лани кога сите се исплаќаа по пониски цени и не им се даваше можност на лозарите за избор на исплата во целост на рати. Очекуваат и изнаоѓање на решение за откуп на црното грозје за кое винариите уште од лани укажуваат дека има намелен интерес за продажба и имаат залихи па не планираат да откупат многу годинава. За ова недомна според Серафимовски неодамна имало средба а владата излезе со информација дека со пренамена ќе се овозможат финансии со 1% фиксна камата и ти месеци грејс период наменски за откуп на црно грозје и оризова арпа како најпроблематични. Во пелагониско пак жетвата на пченицата за неколку дена финишира и таму големи проблеми имаат со ниските откупни цени. Според пелагониските сточари проблемот со млекарниците не е решен бидејќи дел од нив продолжуваат да им ги намалуваат откупните цена на суровото млеко . Заради многуте насобрани проблеми националнаат земјоделска мрежа упатила барање до новиот министер за земјдеолство Серафимовски за средба во најголемата житница пелагонија за преку дијалог да се најдат решенија за проблемите кои ги мачат земјдоелците. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеМЗ: Нема нови случаи на западно-нилска трескаНема нови лабораториски потврдени случаи на западнонилска треска која ја пренесуваат комарците во земјава, а последните ПСР тестови за последните случаи се негативни, информира Министерството за здравство.Од министерството посочуваат дека до институтот за јавно здравје не се пристигнати нови потврдени случаи, а од Инфективната клиника за Канал 5 пак велат дека состојбата на тројцата скопјани кои деновиве беа ставени на респиратор поради тешка форма на западно нилска треска со воспаление на мозокот и мозочните обвивки останува иста, ниту се подобрува ниту се влошува. Вкупниот број на потврдени и суспектни на „западен нил“ е 16, вели директорот на Инфективна д-р Фадил Цана.. Сите се над 60 години со придружни хронични болести и сите инфекцијата ја добиле во Македонија, никој не патувал во странство. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter