Хитлер земал женски хормони?

На денешен ден во 1889 година е роден Адолф Хитлер. За неговиот приватен живот постојат многу теории. Така, се преиспитува неговата здравствена состојба, евентуалната дијагноза на психичката болест, а во прашање се доведува и неговата сексуална ориентација, ја пренесува Б92 приказната од „Washington Examiner“.

Но, во велешките од интервјуата на Американската армија со него се тврди дека имал хомосексуални склоности и дека не спиел со Ева Браун во собата, како и дека земал повеќе видови лекови, а меѓу нив и женски хормони. Херман Мерл, виенски лекар и воен истражител, после интервјуто со личните лекари на Хитлер, напишал „хомосексуалец“ во полето каде се впишува сексуалната ориентација.

„Ева Браун – посебна спална соба“, и „Женски хормони, повеќе од 50.000 инјекции“, додава тој.

Освен тоа, во документот пишува и дека му го раскажал неговиот сексуален живот и односот со Браун.

Овие белешки ќе отидат на аукција на која ќе се најдат и предмети, како што се сетот за чај од хитлеровиот планинарски дом и дневниците на Јозеф Менгел.

Мерл исто така тврди дека Хитлер бил „хистеричен мегаломан“ и дека боледувал од необични болести. Се мисли дека боледувал и од Паркинсова болест.

Во една од изминатите аукции се наоѓаа и документи во кои стоеше дека Хитлер консумирал сперма од бик за да го подигне нивото на тестостероните.
притисни ентер