Хит снимка: Родители ѝ подариле Тесла на тинејџерка, таа не трепна- подобро да одам пеш (ВИДЕО) - Канал 5

Хит снимка: Родители ѝ подариле Тесла на тинејџерка, таа не трепна- подобро да одам пеш (ВИДЕО)

Дарежлива мајка била изненадена од реакцијата на нејзината ќерка тинејџерка која рече дека „попрво би пешачела отколку да ја вози новата Тесла“ што ја добила за нејзиниот 16-ти роденден.

Хит снимка: Родители ѝ подариле Тесла на тинејџерка, таа не трепна- подобро да одам пеш (ВИДЕО)

Мајката Неши на TikTok објави видео од реакцијата на нејзината неблагодарна ќерка на нејзиниот роденденски подарок. Рекла дека планирала да ја изненади ќерка си, па ѝ ги врзала очите и ја извела надвор. Но, таа не ја очекувала реакцијата на тинејџерката.

„Не ми се допаѓа Тесла“, ладно рекла девојката кога го видела автомобилот украсен со панделка.

@neshieslife2340 Surprised my daughter with her sweet 16 gift and she didn’t even like it I’m so piss right know I can’t stand a ungrateful kids!😰😓😥😥 #spoiledkids#momlife #viralvideos ♬ original sound - Neshie’s life

Потоа се обидела да ѝ објасни на мајка си дека сака Мерцедес и почнала да ја убедува да ја врати Теслата. Ниту 1.600 долари во кеш не биле доволни за да ја задоволат тинејџерката. Таа ѝ го вратила клучот од автомобилот на мајка си и влегла во куќата оставајќи ја шокираната мајка на патеката.

Видеото собра 30,5 милиони прегледи и многумина не можеа да поверуваат дека некој може така да реагира на нов автомобил. На крајот, родителите ја замениле Теслата за Шевролет, но и тоа не го задоволило девојчето.

„Нема да го возам“, рекла таа и го клоцнала автомобилот. Сепак, мајката попуштила и конечно ја однела својата ќерка во салонот на Мерцедес да го избере автомобилот што го сака.

@neshieslife2340 I took her to Mercedes Benz and she thoughtvshe was going to get a 115,000 dollar car nope not going to happen #spoiledkids #momlife #momlifeiscrazy #viralvideos ♬ original sound - Neshie’s life

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Љупчо Пренџов избран за заменик на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ

Пратеникот Љупчо Пренџов е избран за заменик на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки. Одлуката ја донел партискиот Извршен комитет на седницата одржана на 12 ноември, објави Пренџов на Фејсбук.

Љупчо Пренџов избран за заменик на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ

Тој му се заблагодари на лидерот Христијан Мицкоски за довербата и на членовите на Извршниот комитет за поддршката, оценувајќи го изборот како ново поглавје во својот политички ангажман.

„Довербата е обврска. Одговорноста е да се оправда со работа и резултати“, напиша Пренџов.

Пренџов претходно беше организациски секретар на Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ), а во март 2017 година беше избран за потпретседател на таа партија. Во Собранието влезе во 2020 година како претставник на ГРОМ, од листата на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Драган Ковачки беше избран за генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ на 6 февруари годинава, кога Централниот комитет го избра и новиот состав на Извршниот комитет.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во сабота во малата сала на СЦ „Јане Сандански“ ракометно дерби, Вардар- Алкалоид

Во сабота нè очекува уште едно големо ракометно дерби – Вардар против Алкалоид. Видеолотарија и  навивачите со силна подршка на трибините за црвено-црните.

Во сабота во малата сала на СЦ „Јане Сандански“ ракометно дерби, Вардар- Алкалоид

Дерби-натпреварот меѓу Вардар и градскиот ривал Алкалоид, закажан за сабота, 14 ноември, со почеток во 18:30 часот, ќе се одигра во СЦ „Борис Трајковски“, наместо во малата сала на СЦ „Јане Сандански“.

ВЛТ е со Вардар! Ги повикуваме сите навивачи во сабота да бидат дел од црвено-црната енергија и со гласна поддршка да му помогнат на тимот во дербито.

Вардарци, се гледаме во СЦ „Борис Трајковски“!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски панично ја брани Алта банка – Савески веднаш да постапи по кривичната пријава против Славески!

Колку повеќе прашања за одговорност се отвораат за Алта банка, толку по панично Христијан Мицкоски ја брани. 

СДСМ: Мицкоски панично ја брани Алта банка – Савески веднаш да постапи по кривичната пријава против Славески!

Од што се плаши Мицкоски најмногу? Од вистината.

Од тоа што ќе го покажат документите за влезот на Алта банка во Македонија, што ќе се откие потеклото на капиталот, трансакциите и сметките и ќе ги потврдат неговите врски со криминалниот картел на Вучиќ.

Мицкоски и Трајко Славески ја донесоа Алта банка во Македонија, ја внесоа пералницата на пари на Вучиќ.

Славески јавно призна дека одлуката ја донел по консултации со Мицкоски.

Во Србија има истрага, Алта банка е под стечај, сопственикот е приведен, се истражуваат 380 милиони евра. Дури се споменуваат сомнежи и за печатење пари.

Во Македонија граѓаните не можат да дојдат до своите пари а Мицкоски и Славески сакаат да го заташкаат скандалот за да се спасат од одговорност.

Обвинителот Ненад Савески треба да го прекине молкот и веднаш да постапи по кривичната пријава што ја поднесе СДСМ.

Гувернерот Трајко Славески има директна одговорност.

Основани се сомненијата за несовесно работење во службата и злоупотреба на службената положба и овластување при одобрувањето на преземањето на банката и спроведувањето на надзорот.

Зошто не биле направени потребните проверки на сопственикот Давор Мацура, потеклото на капиталот за кој има инофрмации дека е од криминал и дрога, зошто не се пресметале ризиците?

Савески треба да преземе мерки на претпазливост, вклучително привремена забрана за вршење на должноста на Трајко Славески, за да се спречи влијание врз сведоците, уништување на документацијата и доказите.

Обвинителството мора да покаже дека работи независно и по закон.

Скандалот со Алта банка нема да се заташка. Правдата доаѓа.

Од Мицкоски до Славески – сите ќе одговараат!

Скопје, 13.11.2026 година

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер