Хируршките клиники ќе набавуваат надворешени компресори - Канал 5

Хируршките клиники ќе набавуваат надворешени компресори

Итна набавка на нови надворешни компресори на хируршките клиники Мајка Тереза. Дел од клиниките имаат, дел треба преку тендер да чекаат компресор со цел да се овозможи сала плус за операција.

Хируршките клиники ќе набавуваат надворешени компресори

Заменик министерката за здравство Маја Манолева денеска имала состанок со раководителите на клиниката и донеле заклучок да се оперира во две смени. Болнците 8 септември и Наум Охридски да поднесат писмено барање за пренесочување на пероснал од Мајка Тереза кон нивните болници.

Со нетрпение се чека и извештајот од страна на германските експерти кои вчера проверуваа зошто во салите има мирис и дали проблемот е во компресорите или во инсталациајта. Манолева вели дека заеднички служби се тие што треба да го одржуваат целиот систем.

Салите во хируршките клиники не работат 18 дена. Се оперираат само итните пациенти, а операции прават и клиниките 8 сепетември и Наум Охридски кои бараат пероснал од медицински сестри бидејќи обемот на работа е зголемен. Засега нема одговор од обвинителство околу истрагата за случајот со хируршки клиники.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Епилог на трагедијата во Шпанија: Европското обвинителство поведе истрага за злоупотреба на пари при реновирање на пругата

Европското обвинителство денеска соопшти дека покренало истрага за можна злоупотреба на средствата на Европската унија (ЕУ) за време на реновирањето на пругата меѓу Мадрид и Севиља.

Епилог на трагедијата во Шпанија: Европското обвинителство поведе истрага за злоупотреба на пари при реновирање на пругата

Европското обвинителство денеска соопшти дека покренало истрага за можна злоупотреба на средствата на Европската унија (ЕУ) за време на реновирањето на пругата меѓу Мадрид и Севиља, каде на 28 октомври се случи тешка железничка несреќа во која загинаа 69 лица.

Агенти на Централната оперативна единица (УЦО) на Цивилната гарда пристигнале во седиштето на Управата за железничка инфраструктура (АДИФ), Државната агенција за безбедност на железницата (АЕСФ) и Ревизорскиот суд за да подигнат документи, пренесува „Паис“.

Истрагата е покрената на иницијатива на тоа обвинителство по трагичната несреќа на 28 октомври во Урда.

Ова не е прв пат Европското обвинителство, независно тело задолжено за истрага на злосторства кои ги загрозуваат финансиските интереси на ЕУ, да покрене истрага за работите на тој дел од шпанската железница.

Тоа тело покрена истрага и по железничката несреќа во Адамуз во јануари годинава, кога загинаа 46 лица.

Во двата случаи, фокусот на истрагата е да се утврди како Шпанија искористила субвенција од 111 милиони евра доделена од Брисел во јуни 2024 година за големото реновирање на железничката линија Мадрид-Севилја, која е најстарата брза линија во Шпанија.

Европското обвинителство побара договори и досиеја за работи поврзани со делниците каде што се случија несреќите.

Обвинителството има истражен модел сличен на оној на многу земји на ЕУ, во кои обвинителите ја водат истрагата, додека судијата назначен во Шпанија е единствено одговорен за надзор над напредокот на постапката во согласност со законските гаранции, надзор на мерките што ги ограничуваат основните права, како што се претреси на куќи или прислушување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Застрелан полицаец од блиску пука во напаѓачот во Краков (Вознемирувачко видео)

Драматично видео од полициската интервенција по денешната пукотница на главниот градски плоштад во Краков, Полска, во која загинаа пет лица, а повеќе од десет беа повредени, се појави на социјалните мрежи. 

Застрелан полицаец од блиску пука во напаѓачот во Краков (Вознемирувачко видео)

Видеото го објави и полскиот портал Niezależna.pl, наведувајќи дека го прикажува моментот во кој полицаецот пука во напаѓачот.

На видеото се гледа полицаец како стои над маж во маскирна облека и пука во него. Недолго потоа, полицаецот исто така паѓа на земја, веројатно ранет.

Полицијата потврди дека напаѓачот е ранет и уапсен

Полската полиција потврди дека напаѓачот е ранет и уапсен за време на интервенцијата.

„Во инцидентот на главниот плоштад, пет лица загинаа, а повеќе од десет беа повредени. Полицајците го раниле сторителот и тој во моментов е превезен во болница. Интервенцијата на службите на местото на настанот сè уште е во тек“, објави полицијата.

Полицијата, исто така, потврди дека меѓу повредените има полицајци, но сè уште не објавила детали за нивните повреди.

Влегол на плоштадот со автомобил и почнал да пука

Нападот се случил околу 15 часот во историскиот центар на Краков, една од најпосетуваните туристички области во Полска.

Според полициското соопштение, мажот влегол на главниот градски плоштад со автомобил и почнал да пука кон минувачите.

„Во тек е полициска операција на главниот плоштад во Краков. Околу 15 часот, еден маж почнал да пука кон случајни луѓе од автомобилот што го користел за да влезе на плоштадот. Сторителот е уапсен“, објави полицијата.

Првичните информации беа за двајца мртви, но полицијата подоцна потврди дека бројот на мртви се искачил на пет.

Идентитетот на напаѓачот и мотивот за пукањето се уште се непознати. Полицијата продолжува да ги истражува околностите на нападот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Иран се закани со ново оружје

Иран развил ново оружје со, како што тврдат тамошните претставници, изненадувачки можности, кое би можело да биде употребено во случај на нов воен судир.

Иран се закани со ново оружје

Ова го соопшти Сејед Зијаедин Агаџанпур, раководител на Организацијата за идеолошки и политички прашања при иранското Министерство за одбрана, испраќајќи директна порака до американскиот претседател Доналд Трамп.

Агаџанпур нагласи дека Иран нема намера да попушти пред притисоците од Вашингтон, ниту да прифати каква било форма на принуда од САД.

-Никогаш нема да им се покориме на вашите обиди за заплашување, порача иранскиот претставник.

Тој оцени дека главната цел на американската администрација е иранскиот народ да биде принуден да ги прифати барањата на Вашингтон и да капитулира. Сепак, според него, Техеран нема да отстапи од своите позиции, ниту ќе ги прифати, како што ги нарече, нелегитимните барања на противниците.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер