Средба Николоски-Сивањанам: Потврда на стратешкото партнерство, силни инвестиции со поддршка на Велика Британија
1Средба Николоски-Сивањанам: Потврда на стратешкото партнерство, силни инвестиции со поддршка на Велика Британија
3Принцот Хари со силна порака по апсењето на таткото на Меган: Децата заслужуваат да се чувствуваат безбедно
МакедонијаХиохи: Обединети со заокружување на бројот 9 гласате за подобра Струга и ставање крај на децениското уназадување на градотНа денешниот митинг во Струга имаше свое обраќање Коста Хиохи, носител на советничка листа на ВМРО-ДПМНЕ чиј слоган е „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“. Тој истакна дека како советничка листа нудат конкретна програма со проекти и визија за Струга која нуди подобар и поквалитетен живот за сите граѓани. „За Струга која некогаш беше град на поезијата и бисер на двете води, а стана град на диви депонии, криминал, дивоградби, локални шерифи и корупција. Дивата депонија за која општината троши баснословни суми ја контаминира целата општинска територија, подземните води, реката Црн Дрим, ни го контаминира воздухот кој директно влијае за загрозување на животите на сите нас“, истакна Хиохи. Хиохи ги истакна проблемите со кои се соочува Струга и нагласи дека по долги стручни анализи и консултации со експерти изготвена е соодветна програма која ќе стави крај на девастацијата на градот. „Најпрво, со изборот на новиот градоначалник и Советот на општината, ќе иницираме конзервирање на дивата депонија до нејзина конечна дислокација. Набавка на нови соодветни возила за транспорт на селектираниот отпад. Паралелно на тоа, ќе извршиме ревизија на функционалноста на водоводната мрежа и детекција и санација на дефектите, но и на дивите приклучоци, при што ќе се изврши ослободување на мрежата и зголемување на нејзината функционалност и капацитет. Ќе обезбедиме средства за заживување на старата струшка архитектура. Исто така се обврзуваме да се избориме за градба на катни гаражи со преку 300 возила во најфреквентните делови на градот, со цел да го решиме проблемот со сообраќајниот хаос“ изјави Хиохи. Хиохи укажа дека со масовна излезност на граѓаните и со заокружување на бројот 9, граѓаните гласаат за промени, за проекти и за развој на општина Струга, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСредба Николоски-Сивањанам: Потврда на стратешкото партнерство, силни инвестиции со поддршка на Велика БританијаЗаменик претседателот на Владата, Александар Николоски денеска оствари работна средба со новоименуваната амбасадорка на Обединетото Кралство, Маја Сивањанам.Во фокусот на средбата беше стратешкото партнерство меѓу Македонија и Обединетото Кралство, унапредување на меѓусебната соработка и зајакнувањето на партнерските односи во повеќе области. Посебно беше истакнато значењето на регионалната соработка и координацијата меѓу девете држави, како важен придонес кон остварувањето на заедничките приоритети и зајакнувањето на стабилноста и партнерството. На средбата беа разменети и мислења за актуелните политички и економски прашања, како и за можностите за натамошно унапредување на билатералните односи и соработката меѓу двете држави. Двајцата говорници ја потврдија заедничката заложба за продолжување и интензивирање на соработката и натамошно унапредување на стратешкото партнерство во интерес на двете земји. Тагови: Александар Николоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСлучајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
МакедонијаСДСМ: Мицкоски излажа на надзорната за Алта банка, СДСМ побара пауза за да се објави вистинатаПратеникот од СДСМ, Фатмир Битиќи, на денешната Надзорна расправа за причините за воведувањето администрација во Алта банка АД Битола побара 45 минути пауза, поради лагите изнесени од страна на Мицкоски за Алта банка. „Барам процедурално затоа што иако Надзорната расправа требаше да биде а институт во којшто ќе се обзнани вистината пред јавноста, во претходниот исказ на сведокот слушнавме низа на невистини затоа што се мафташе со некои списоци. Во меѓувреме ги извадивме записниците и затоа барам барам 45 минути пауза за да се обзнани вистината. Вистината којашто некој сакаше да ја покаже пред јавноста, а тоа е лагата“, рече Битиќи. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Други спортовиЕвропско првенство во кикбокс за сениори во спортскиот центар „Јане Сандански“Елена Костадиновска и Никола Бубевски се дел од судиската елита на Европското кик бокс првенство во Скопје.Почетокот на Европското првенство во кикбокс за сениори во спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје означи старт на една од најголемите спортски манифестации од овој ранг кај нас, каде што за медали во конкуренција на најдобрите ќе се борат импресивни 1.191 натпреварувач од целиот континент. Покрај македонските репрезентативци на татамите и ринговите, значаен дел од македонската делегација се и нашите меѓународни сениорски судии Елена Костадиновска и Никола Бубевски. Нивното учество на ваков престижен турнир е големо признание за нивниот професионализам, довербата од Европската федерација и потврда за квалитетот на македонската судиска организација на меѓународната сцена.Тагови: кикбокс Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСлучајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16