3Првиот регистриран случај од западно-нилска треска годинава во Европа е во Македонија, досега има 8 заболени
СветХили: Пред еден месец британската и норвешката армија одвратија руски подморнициБританскиот министер за одбрана Џон Хили изјави дека пред еден месец британската и норвешката армија извршиле операција за одвраќање на руски подморници осомничени за „малигна активност“ во северниот дел на Атлантски Океан.Една руска подморница од класата Акула и две подморници на Главната управа за длабокоморски истражувања пловеле во близина на подводните кабли и цевководи во британските територијални води. - На претседателот Путин му порачувам: Ве гледаме. Ги гледаме вашите активности околу нашите кабли и цевководи и треба да знаете дека секој обид за нивно оштетување нема да биде толериран и ќе има сериозни последици - наведе Хили. Тагови: Џон Хили Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалВидео: Вознемирувачка снимка, фудбалерка шутира противничка во глава?!Бразилка го удира противникот со нога во глава, веднаш добила петгодишна забрана за настап во спортот.Извесна Лара до Насименто Коста предизвика скандал на натпревар во футсал напаѓајќи ги противничките, што доведе до сериозни последици и суспензија. На еден аматерски натпревар во футсал во Бразил, фудбалерката Лара до Насименто Коста физички нападна две противнички и го шокираше целиот свет. По еден прекршок, нејзината противничка падна на подот, а Лара изненадувачки наместо да и помогне двапати ја шутн во глава легнатата фудбалерка а потоа со тупаница нападна уште една противничлка фудбалерка која само се обиде да интервенира. Целиот напад траел пет секунди. Нападнатата играчка, Ана Жулија Аленкар, по инцидентот била пренесена во болница. Сè се случи во спортскиот центар на периферијата на Форталеза, главниот град на сојузната држава Сеара. Натпреварот од женското првенство на општината Еузебио се играше меѓу екипата „Ас Резенјас“ (As Rezenjas) и клубот „Прожето РДЈ Еспорт Феминино“ (Prožeto RDJ Esport Feminino). Во моментот на инцидентот, кој се случи на почетокот на второто полувреме, екипата „Ас Резенјас“ губела со 1:0. Brazilian futsal player Lara Do Nascimento Costa slide tackled Anna Julia Alencar and in a rush of adrenaline and emotion went ahead to kick her opponent twice in the head as she writhed in pain on the floor. The aftermath has seen her banned from the sport for 5 years while her… — The Football Assembly ⚽️ (@TF_Assembly) July 27, 2026 Натпреварот веднаш по инцидентот бил прекинат. По дисциплинската расправа, е одлучено на Лара до Насименто Коста да ѝ се изрече петгодишна забрана за учество во сите натпреварувања организирани од Спортската лига на Еузебио. Поради инцидентот, санкционирана беше и нејзината екипа. На крајот, постои можност против неа да биде поднесена кривична пријава.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Мицкоски пак го копира Вучиќ - сè е copy-paste, само со неколку дена задоцнувањеМицкоски вчера ги повика граѓаните да пријавуваат корупција и најави бесплатна линија.Ова е директна копија на кампањата што токму сега се води во Србија. СДСМ уште претходно најави дека Мицкоски, по углед на постариот брат од сестринската партија, ќе ја препише и оваа мерка. Сè е copy-paste. Само со неколку дена задоцнување. Во Србија половина од граѓаните на порталот за пријава го пријавија токму Вучиќ. Мицкоски не мора да се замара. Линијата за пријава кај нас е веќе отворена - веќе шест месеци стои на веб-адресата Micko.mk. Да го известиме дека и него веќе го пријави половина Македонија. Него и неговите соработници од организираната криминална група ВМРО. Единствен проблем е што, исто како Вучиќ во Србија, Мицкоски го приватизираше Обвинителството. На Обвинителот му се јавува на телефон, му се даваат задачи од собраниската говорница или преку медиумите. Затоа се катастрофални извештаите на Европската комисија за судството, каде се констатира, мешање во судството и обвинителството, отсуство на реформи, широко распространета корупција и проблематични јавни набавки. Дополнително, доаѓа и медиумскиот мрак, по истиот рецепт. Групата „Ало“, поврзана со „Информер“ и другите провладини медиуми од Србија, пристигнува во Скопје. По веќе воспоставената медиумска мрежа на над 40 % од Орбановите медиуми, сега следува уште поголема концентрација на медиумско влијание. Тандемот Латас – Ивона Талевска е задолжен да го изгаси медиумското светло во име и за сметка на Мицкоски. Мицкоски, ова веќе е премногу. Копирањето на Вучиќ станува смешно. Прес конференција на Кети Штерјова, СДСМ Веќе е отворена линија за корупција www.micko.mk - половина Македонија го пријави Мицкоски Мицкоски вчера ги повика граѓаните да пријавуваат корупција и најави бесплатна линија, амане мора да се замара, линијата за пријава кај нас е веќе отворена - шест месеци стои на веб-адресата Micko.mk, нагласи Кети Штерјова од СДСМ, на денешнатра прес-конференција. Штерова посочи дека оваа кампања на Мицкоски е копија на кампањата што во Србија ја води Вучиќ „Ова е директна копија на кампањата што токму сега се води во Србија.Во Србија половина од граѓаните на порталот за пријава го пријавија токму Вучиќ.Мицкоски не мора да се замара. Линијата за пријава кај нас е веќе отворена - веќе шест месеци стои на веб-адресата Micko.mk. Да го известиме дека и него веќе го пријави половина Македонија. Него и неговите соработници од организираната криминална група ВМРО“, рече Штерјова. На прес-конференцијата, Штерјова укажа дека суштинскиот проблем е што институциите, судтсвото е ставено под политичка контрола на Мицкоски, затоа и државата добива лоши извештаи од Европската Комисија во делот на судтво. „Единствен проблем е што, исто како Вучиќ во Србија, Мицкоски го приватизираше Обвинителството. На Обвинителот му се јавува на телефон, му се даваат задачи од собраниската говорница или преку медиумите. Затоа се катастрофални извештаите на Европската комисија за судството, каде се констатира, мешање во судството и обвинителството, отсуство на реформи, широко распространета корупција и проблематични јавни набавки“, рече Штерјова. Воедно, Штерјова предупреди дека, дека покрај копирањето на политичките методи, се пресликува и моделот на медиумско влијание по истио рецепт како во Србија. „Групата „Ало“, поврзана со „Информер“ и другите провладини медиуми од Србија, пристигнува во Скопје. По веќе воспоставената медиумска мрежа на над 40 % од Орбановите медиуми, сега следува уште поголема концентрација на медиумско влијание“, рече Штерјова. Линк до видеото : https://youtu.be/pUMXKjcA878?si=yzP6UiNKbPE_5bOt Скопје, 28.07.2025 СДСМ СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГрад Скопје-Нова мерка за еднакви можности: Бесплатни униформи за средношколцитеСо цел да се унапреди еднаквоста меѓу учениците и да се обезбедат подобри услови за образование, се воведува мерка за доделување бесплатни униформи за сите ученици запишани во прва година во средните училишта.Оваа мерка има за цел да ги намали социјалните разлики, да го олесни финансискиот товар на семејствата и да придонесе кон создавање училишна средина во која знаењето, трудот и успехот се единствените критериуми што ги издвојуваат учениците. Секој ученик заслужува да се чувствува прифатено, почитувано и еднакво, а вложувањето во образованието е вложување во иднината на целото општество. Со почит, Град СкопјеКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter