Хорор во САД: Маж загина по излетување од ролекостер со брзина од 110 км/час- има и повредени (ВИДЕО)
1Хорор во САД: Маж загина по излетување од ролекостер со брзина од 110 км/час- има и повредени (ВИДЕО)
Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
1Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
ЖивотХилари Клинтон направила пластични операции , хирурзите открија што изменилаПолитичарката Хилари Клинтон (72) се појави во многу помладо издание на настан на Бродвеј во Њујорк , а експерти за пластична хирургија се одговорни за нејзиниот нов изглед.Хилари се појави со забележително помалку брчки и поизразени образи, при што лекарот Рос Пери тврди дека поранешната прва дама на САД е „генетски благословена“ со здрава кожа, но дека оваа промена може да дојде од ботокс и филер инекција и операција позната како блефаропластика, или лифтинг на очните капаци. „Хилари Клинтон изгледа фантастично, а помалите третмани со текот на годините ја направија оваа промена помалку драматична. Нејзиното чело е особено мазно, што е веројатно резултат на инјекции со ботокс. За некој кој има 72 години, очекував да видам повеќе брчки на челото и околу очите. Таа исто така била подложена на блефаропластика и ја отстранила вишокот кожа околу очите “, изјави хирургот за„ Дејли меил “. „Таа, исто така, се чини дека има малку поголем волумен на усните, што може да значи дека инјектирала филер во нив“, додаде пластичниот хирург, докторката Џуди Тод. View this post on Instagram As a young reader, I absolutely adored Nancy Drew, the intrepid sixteen-year-old high school graduate who solved mysteries. My friends and I all wanted to be more like Nancy: smart, brave, and independent. (In particular, I admired the way she would sometimes do her detective work wearing sensible pants.) That's why I was absolutely delighted to come face-to-face with one of my old Nancy Drew mysteries—The Hidden Window Mystery—while in my hometown of Park Ridge, Illinois last week. It had been donated to my old school's used book sale, and enjoyed by another local family, the Machons, who noticed that I'd signed my name on the inside cover. Nancy Drew was the first literary hero that I shared with both my mother, Dorothy, and my daughter, Chelsea. She's one of the heroes we write about in "The Book of Gutsy Women." I love that we shared her with the Machons and countless other families, too. #GutsyWomen A post shared by Hillary Clinton (@hillaryclinton) on Oct 14, 2019 at 1:23pm PDT Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветХорор во САД: Маж загина по излетување од ролекостер со брзина од 110 км/час- има и повредени (ВИДЕО)Еден човек загина откако падна од возење на тобоганот во Six Flegs во Џорџија вчера попладне, додека други четворица се повредени, соопшти американската полиција и очевидци. Падот се случил на тобоганот Голијат, опишан како „хипертобоган“ бидејќи достигнува брзина до 110 км/ч и има висина од 60 метри, се наведува на веб-страницата Six Flegs, објави Хафингтон Пост. Сведоците рекоа дека мажот некако бил „исфрлен од тобоганот“, по што удрил во различни делови од него. Некои тврдат дека загинатиот маж бил со дете во тобоганот, но надлежните не соопштуваат ништо за тоа. - Тој беше на нашите слики. Тој падна и удри во тобоганот три пати, рече еден сведок, додавајќи дека телото на мажот удрило други луѓе пред да слета на друга атракција подолу. 🚨#BREAKING: A father has just FALLED TO HIS DE@TH off of a rollercoaster at Six Flags near Atlanta GA. Witnesses say the father was riding with his child and then flew out of seat, smashed into riders behind him, and hit the rollercoaster several times before ultimately falling to the ground. One of the most horrifying stories I've ever heard. Please pray for this family, I cannot even imagine what they are going through. — Matt Van Swol (@mattvanswol) October 12, 2026 Six Flags cut $200M in costs and 10% of staff after the 2024 Cedar Fair merger. Workers flagged maintenance getting squeezed. Goliath's 200 feet, 70 mph. Now a rider's dead off it. — IredcapI (@IredcapI) October 12, 2026 „Сикс Флегс“ го евакуирале ролекостерот и го затвориле паркот откако човекот паднал, а на едно од видеата се гледа како тобоганот застанал и посетителите на паркот излегуваат од скалите покрај оградата. - Убаво си поминувавме и од тоа само почнавме да викаме: „О, Боже, што се случува? - изјави една жена сведок на падот. Портпаролот на „Sixs Flags Park“ рече дека паркот и локалните власти веднаш реагирале и целосно соработуваат со истрагата. - Длабоко сме тажни поради инцидентот со гостите во нашиот парк денеска - рече портпаролот. Надлежните сè уште не потврдуваат како починало лицето, ниту што ги нанело повредите на останатите. Исто така, не е јасно што го предизвикало инцидентот. Детективите од Единицата за големи злосторства во округот Коб истражуваат. Минатиот месец, Six Flags Magic Mountain во Јужна Калифорнија објави дека го пензионира својот познат тобоган X2 поради тужбите кои тврдат дека возењето предизвикало сериозни повреди на мозокот. Исто така, Six Flags неодамна ја финализираше тужбата за неправилна смрт поднесена од семејството на 22-годишен маж кој почина откако се возеше на тобоган во 2022 година, а уште три тужби за наводни трауматски повреди на мозокот беа поднесени минатата недела. PHOTO: Person who reportedly fell and died from a roller coaster at Six Flags Over Georgia. https://t.co/bkS947KR8j — Scope Report (@ScopeReport_) October 12, 2026 Минатата година, 32-годишен маж почина откако се возел на тобоган со голема брзина во забавниот парк „Епик Универзум“ на Universal во Флорида. Тој починал како последица на траума од тапа сила, а неговата смрт била прогласена за несреќен случај.Тагови: ролеркостер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотСе очекува милионска понуда за ретка слика на Ван Гог- луѓе чекаат со часови за да ја видат https://kanal5.com.mk/nacistichki-begalci-od-argentina-so-sudska-odluka-kje-ja-vratat-ukradenata-slika-od-evrejski-trgovec/a765495Стотици луѓе во Хонг Конг чекаа денеска во ред за да видат слика од Винсент ван Гог која не била јавно изложена повеќе од шест децении, пред аукцијата во „Сотбис“ во Њујорк, каде што делото би можело да достигне цена од 180 милиони долари.Аукцијата на 18 ноември ќе ја тестира силата на пазарот на луксузна уметност, каде што колекционерите продолжуваат да се натпреваруваат за ретки, престижни дела, без оглед на пошироката економска неизвесност. Создадена е во 1890 година Сликата „Шатањиери во цвет“ (Костени во цут), создадена во мај 1890 година, е едно од најважните дела од последниот период од животот на холандскиот уметник во француското село Овер-сур-Оаз, каде што починал околу два месеци подоцна на 37-годишна возраст. Сликата би можела да постави нов рекорд на аукција за дело од Винсент ван Гог, изјави Скот Нихел од Одделот за модерна и современа уметност на „Сотбис“ во Њујорк. „Ова е момент на исклучителен оптимизам, френетична енергија, ентузијазам, страст и боја во опусот на уметникот“, рече тој. Сликите од периодот на животот на Ван Гог поминат во Овер-сур-Оаз, создадени веднаш по неговото ослободување од психијатриска установа во Сен-Реми-де-Прованс, ретко се појавуваат на пазарот, а оваа аукција ќе го привлече вниманието на колекционери, музеи и инвеститори. „Никогаш претходно не сум слушнал за сликата, па сакав да ја видам со свои очи“, рече Ли Шаншан, 50-годишен љубител на уметноста кој патувал околу два и пол часа од јужниот град Шенжен за да го види уметничкото дело. Ќе се продава како дел од колекција од 12 дела Сликата, која прикажува огромно расцутено костеново дрво со крошна полна со цвеќиња, ќе се продава како дел од колекција од 12 дела кои не се изложени долго време, вклучувајќи ги и дела од Пол Сезан и Клод Моне. По смртта на Ван Гог во јули 1890 година, сликата „Шатањиери во цвеќе“ станала сопственост на неговиот брат Тео, а потоа и на сопругата на Тео, Јохана ван Гог-Бонгер, и нивниот син Винсент Вилем. Уметничкото дело подоцна било во сопственост на германскиот издавач Самуел Фишер, основач на S. Fischer Verlag, пред да влезе во колекцијата на Џорџ „Бади“ ДеСилва, американски текстописец, филмски продуцент и коосновач на Capitol Records. Во 1953 година, сликата ја стекнала колекционерката Хариет Харис-Јонас, чија колекција се сметала за толку значајна што Метрополитен музејот на уметност во Њујорк им организирал на посетителите да ги видат делата во нејзиниот стан на Петтата авенија. Потоа, сликата ја купило семејството Блакиер во 1975 година од трговецот со уметнички дела Вилденштајн.Тагови: Ван Гог слика Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизСаша БаронКоен ќе игра во театарска претстава на Квентин ТарантиноАнглискиот актер Саша Барон Коен, најпознат по улогата на Борат, ќе глуми во нова претстава за Вест Енд, напишана и режирана од холивудскиот режисер Квентин Тарантино, за која билетите се пуштени во продажба денес.„Попинџеј Кавалер“, сместен во Европа во 1830-тите, беше најавен претходно оваа година и е првата театарска претстава напишана од Тарантино, објавува „Гардијан“. „Кога ќе ве повика најдобриот режисер во светот, не поставувате прашања“, рече Барон Коен, додавајќи дека е воодушевен што соработува со Тарантино. Најпознат по своите филмски класици „Pulp Fiction“ и „Reservoir Dogs“, Тарантино рече дека со нетрпение очекува „да му пружи на Вест Енд одлична вечер“. Премиерата на претставата е закажана во март следната година, но билетите се пуштени во продажба денес, а претставата претходно беше најавена како „комедија на измама и маскирање инспирирана од големите авантуристички епови на сцената и екранот“. Барон Коен, 54, е познат по своите комични ликови што ги создава сам, вклучувајќи го озлогласениот лажен гангстер Али Г, казахстанскиот новинар Борат Сагдиев и австрискиот моден дизајнер Бруно Гехард. Тој е добитник на две награди на Британската академија за филмска и телевизиска уметност (БАФТА) и три Златни глобуси, а исто така е номиниран за три Оскари и шест Еми награди.Тагови: Квентин Тарантино Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести30 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32Бугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00Од денеска парно – ниските температури порано ја почнаа грејната сезона08:50Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија18:00Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија15:00
30 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32
Бугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00