БалканХил: Изборниот процес не може да го остави на страна бриселскиот дијалогИзборниот процес не може да го остави на страна бриселскиот дијалог, смета американскиот амбасадор во БелградАмбасадорот на САД во Србија, Кристофер Хил денеска изјави дека не гледа како изборите во Србија или во САД, би можеле да го остават настрана дијалогот меѓу Белград и Приштина или да го запрат на одреден временски период. Српски медиуми објавија на својата веб-страница делови од изјава на Хил за Танјуг при што тој нагласува дека очекува дијалогот да продолжи и дека мора да се погледне „флексибилноста на Белград и Приштина“, бидејќи „на крајот и неизбежно тоа ќе треба да биде процес на давање и земање“. „Секако не сакам да се преправам дека не сме во изборна сезона. Ние сме во изборна сезона, а изборните сезони, без разлика дали се во Србија или во САД, секогаш претставуваат посебни предизвици за политиката. Но, што се однесува до бриселскиот дијалог, не гледам како може на кој било начин да биде оставен настрана или паузиран на кој било начин“, рече Хил. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаУапсени се повеќе лица во контрола на угостителски објекти во СкопјеНоќеска акциска контрола во угостителски објекти во Скопје, лишени од слобода повеќе лица, меѓу нив и малолетници.Секторот за внатрешни работи Скопје, во содејство со инспектори од Државен пазарен инспекторат, ноќеска изврши контрола во повеќе угостителски објекти во Скопје. За време на контролата легитимирани се 37 лица и лишени од слобода се осум лица, од кои три малолетници. Притоа, во два угостителски објекти констатирано е пречекорување на работното време, а во еден од угостителските објекти констатирано е точење на алкохол на малолетни лица, како и лица кои поседуваат наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори. Акциските контроли продолжуваат и во наредниот период, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСе уредува нова парковска површина кај „Џевахир“ во општина АеродромСе уредува нова парковска површина од околу 3.000 м2 во непосредна близина на комплексот „Џевахир Скај Сити“ во Општина Аеродром.Градоначалникот на Општина Аеродром Дејан Митески денеска изврши увид во активностите за расчистување на просторот што ќе прерасне во нов парк со детско игралиште, пешачки патеки, урбана опрема и зеленило. На целиот простот ќе биде поставен и систем за наводнување, како и комплетно нови линии за осветлување. Благодарност до компанијата „Џевахир“ за поддршката и соработката во реализацијата на овој проект со кој аеродромци добиваат ново место за одмор, рекреација и дружење. Општина АеродромКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВо Општина Кисела Вода се одржа втората едукативна трибина за женското здравје Вчера, во Големата сала на Општина Кисела Вода, се одржа втората едукативна трибина за женското здравје. Овој настан е дел од низата активности на Општина Кисела Вода заедно со Здружението „ХЕМА-ОНКО“ во рамките на овогодишната кампања „Розев Октомври“. Настанот беше посветен на превенцијата, раното откривање и лекувањето на цервикалниот канцер. Целта на оваа средба беше преку стручни совети и реални искуства да се подигне свеста кај јавноста за важноста на редовните прегледи. За овие клучни медицински теми, пред присутните говореа еминентни експерти: проф. д-р Ирена Алексиевска Папештиев, специјалист гинеколог-акушер и директор на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство, како и проф. д-р Виолета Клисаровска, онколог при ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија. Посебен белег на трибината остави обраќањето на Анита Бошкова, правничка и поетеса, која пред присутните го сподели своето лично искуство како пациентка, истакнувајќи го огромното значење на навременото откривање на болеста во битката за животот. -Здравјето на жената е столб на секое здраво семејство и општество. Со континуираното организирање на вакви настани, сакаме гласно да порачаме дека раната дијагностика е од пресудно значење и дека ниту една жена не смее да биде оставена сама кога станува збор за нејзиното здравје. Општина Кисела Вода продолжува да биде силен сојузник на сите иницијативи кои нудат едукација, надеж и вистинска поддршка-изјави градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска Кампањата, која стартуваше од општина Кисела Вода, ќе биде заокружена со голем „Розев пикник“ на Школка во Градскиот парк на 4 октомври, соопштуваат од Општината.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook