Хил: Го поддржуваме „Отворен Балкан“, во регионот сè уште постои недоверба - Канал 5

Хил: Го поддржуваме „Отворен Балкан“, во регионот сè уште постои недоверба

Американскиот амбасадор во Белград, Кристофер Хил, изјави дека земјите од балканскиот регион мора да имаат модели на соработка, истакнувајќи дека проектот „Отворен Балкан“ е многу позитивен.

Хил: Го поддржуваме „Отворен Балкан“, во регионот сè уште постои недоверба

„Ми се допаѓа што беше развиен овде на Балканот, не беше наметнат однадвор. Ние го поддржуваме како и другите проекти за регионална интеграција“, рече Хил за РТС, пренесе Бета.

На прашањето кои други предизвици остануваат со поцелосна економска интеграција, тој изјави дека „очигледно има политички предизвици – наследени проблеми и недоверба“.

„Би рекол дека овде има многу историско наследство, повеќе од потребно, мора да најдеме начин да го надминеме“, нагласи Хил.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Баерн Минхен го претстави дресот за Октоберфест, дел од навивачите негодуваат

Германскиот фудбалски шампион Баерн Минхен го претстави дресот за Октоберфест. Поради дизајнот на дресот некои навивачи се гневни и бараат отпуштање на дизајнерот.

Фото: Баерн Минхен го претстави дресот за Октоберфест, дел од навивачите негодуваат

Фудбалерите на Баерн во петок го пречекуваат Унион Берлин во натпревар од 4. коло на Бундеслигата, во нова специјална опрема дизајнирана во чест на Октоберфест.

Новиот дрес се одликува со шарен дезен кој остава силен визуелен впечаток на теренот.

Според официјалното соопштение на клубот, новиот дрес „ја спојува традицијата на Минхен со модерен и смел дизајн и го слави она што го прави Октоберфест посебен: радоста на живеењето, заедништвото и различноста“.

Понатаму се наведува дека шарениот цветен дезен претставува модерна интерпретација на традиционалните мотиви.

„Различните живописни бои ги отсликуваат многубројните аспекти на Октоберфест – неговата енергија, живост и разновидност – и ја доловуваат уникатната атмосфера што го исполнува Минхен секоја година за време на одржувањето на фестивалот.“

Дизајнот, кој се одликува со цветни шари и впечатливи бои, предизвика силни реакции, а навивачите не штедеа критики.

„Отпуштете го дизајнерот“, „Со сета должна почит, што е ова?“, „Фотошоп од пеколот“, „Ова е едноставно тажно“ и „Вака изгледа дрес откако ќе испиеш 18 литри пиво“ се само дел од коментарите објавени на Инстаграм-профилот на Баерн.

Иако смелиот дизајн има свои поддржувачи, на социјалните мрежи сепак доминираат негативните реакции.

Во дрес со новиот дизајн на Барен Минхен се појави и победникот од Грен слемот во Њујорк, вториот светски тенисер Александар Зверев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерството за култура и туризам објави Конкурс за финансирање превод и објавување на дела од македонски автори на странски јазици

Министерството за култура и туризам објави Конкурс за финансирање превод и објавување на дела од македонски автори на странски јазици за 2026/2027 година.

Министерството за култура и туризам објави Конкурс за финансирање превод и објавување на дела од македонски автори на странски јазици

Министерството за култура и туризам објави Конкурс за финансирање превод и објавување на дела од автори од Република Македонија на странски јазици за 2026/2027 година.

Конкурсот содржи јасно дефиниран буџет, јасно утврдени услови, мерила и критериуми кои ќе обезбедат потранспарентен модел на поддршка, рамноправност и одговорно управување со буџетските средства.

Целта на Конкурсот е да се поттикне меѓународната афирмација на македонската книжевност, да се зголеми достапноста на домашните автори за странската читателска публика и да се унапреди културната соработка со меѓународни издавачи.

Право на учество имаат исклучиво странски издавачи чија дејност опфаќа издавање книги. Со Конкурсот ќе се поддржуваат преводи и објавување на уметничка проза, поезија, драма, есеи, литература за деца, како и антологии и други книжевни избори наменети за поширок круг читатели.

Министерството ќе учествува во финансирањето на трошоците за превод на избраните дела, со највисок износ на поддршка до 300 000 денари по проект, додека трошоците за печатење, промоција и дистрибуција не се предмет на финансирање.

Конкурсот е отворен во текот на целата година, а стручната комисија ќе ги разгледува пристигнатите пријави во два рока: во октомври 2026 година и во март 2027 година.

Пријавите и придружната документација се поднесуваат во ПДФ-формат на електронската адреса: [email protected].

Конкурсот за финансирање преводи на репрезентативни и квалитетни дела од македонската книжевност на странски јазици, воспоставен во 2013 година, претставува значаен инструмент за меѓународна промоција на македонската литература и афирмација на домашните автори во странство.

Со оваа мерка, Министерството за култура и туризам останува посветено на поддршката на македонската книжевност и на нејзината меѓународна афирмација, на начин што ќе обезбеди законитост, отчетност и вистинска поддршка за дела и проекти што имаат реална културна вредност и значење за промоција на македонската литература во странство.

Повеќе информации и конкурсната документација се достапни на веб-страницата на Министерството за култура и туризам:

КОНКУРС ЗА ФИНАНСИРАЊЕ ПРЕВОД И ОБЈАВУВАЊЕ НА ДЕЛА НА АВТОРИ ОД РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА НА СТРАНСКИ ЈАЗИЦИ ЗА 2026/2027 ГОДИНА - Други конкурси - Конкурси - Министерство за култура и туризам - Република Македонија

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Борбени авиони на НАТО соборија беспилотно летало над Литванија

Борбени авиони на НАТО соборија беспилотно летало над Литванија откако беше издадено предупредување за главниот град Вилнус и околниот регион.

Борбени авиони на НАТО соборија беспилотно летало над Литванија

Леталото во Литванија дошло од соседна Белорусија и се движело кон запад.

Гитанас Науседа, претседателот на Литванија, утринава објави: „Беспилотно летало што штотуку навлезе во литванскиот воздушен простор беше уништено од борбени авиони на НАТО. Со оглед на тоа што Русија ја засилува агресијата врз Украина, ваквата подготвеност е од витално значење за нашиот регион.“

Во меѓувреме, Полска ги активираше своите воздухопловни сили како превентивна мерка поради руските напади со беспилотни летала врз Украина. Вчера полската војска извлече сомнително руско беспилотно летало од морето кај балтичкиот брег во северна Полска.

Литванија, Латвија и Естонија – сите членки на НАТО на границата со Русија – постојано се соочуваат со навлегувања на беспилотни летала на нивните територии откако Москва ја започна војната против украина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер