Хидросистемот Ѓавато не работи со полн капацитет, неопходна е итна санација на цевководот - Канал 5

Хидросистемот Ѓавато не работи со полн капацитет, неопходна е итна санација на цевководот

Ако пред неколку години Дојранското езеро беше преполнето, а водата беше речиси до работ на шеталиштето и кејот, сега сликата е сосема поинаква. Според мерењата на УХМР, водата е повлечена речиси еден метар под минималното ниво.

Хидросистемот Ѓавато не работи со полн капацитет, неопходна е итна санација на цевководот

Дојранското езеро освен што е едно од најпознатите туристички дестинации во Македонија е дом и на ретки видови на жив свет, за што познавачите алармираат дека неговото постојано празнење, постепено може да доведе до еколошка катастрофа. Жителите велат дека ваквата состојба влијае и на туристичката сезона годинава.

-Повлечена водата, за разлика од последните 4,5 години. Мислам дека помалку туристи има оваа година моја проценка лани имаше повеќе истиот период бевме дојдени со сопругата..

- Оваа година многу е намалено за разлика од лани, ги сопреа пумпите и нема ништо сега, многу е лошо.

- Порано беше подобро, имаше повеќе и активности, а сега слабо. А водата? Водата е повлечена. Претходните години водата беше до овде..али сега не.

За проблемот пред неколку недели алармираше градоначалникот Анго Ангов, откако хидросистемот Ѓавато кој е пуштен во употреба од 2002 година, сега скоро и да не носеше вода во езерото.. тој бара итна и целосна санација на системот пред да биде предоцна..

- Она што сакам да го упатам како препорака до Владата и министерството е дека треба повеќе да се грижиме за природните ресурси кои што ги имаме. Дојранско езеро е прогласено за споменик на природата и обврската не е само на општината и државата има обврска да се грижи за него а знаеме дека согласно децентрализацијата која што ја имаме без финансиска подршка од Владата и од министерството ние буквално ништо не можеме да преземеме. - Анго Ангов – градоначалник на општина Дојран

Во моментот кога екипата на Канал 5 беше во Ѓавато работеа 2 пумпи, а течеше и вода во отворениот канал кај езерото..

Раководителот на одделението за хидросистемот Ѓавато Јован Попов вели дека за останатите 8 пумпи е потребна целосна реконстукција, а потребна е и санација на цевководот и бунарите..

- Има 2,3 бунари кои треба да се исчистат и за сето тоа се прави анализа и проект, колку пумпи ќе треба, квалитет на пумпи, тука во препумна станица колку пумпи ни фалат. Исто така електрониката е исто така важна, цевководот, вентилите и сите тие се земаат во обзир. - Јован Попов – раководител на одделение за хидросистем „Ѓавато“

Што и кога ќе преземе Владата, пред неколку дена го прашавме премиерот Христијан Мицкоски, но конкретен одговор на нашето прашање немаше.

Од министерството за животна средина пак велат дека годинава се издвоени 2 милиони денари за изработка на проект за санација, за што наскоро ќе биде распишан и тендер. Заменик министерката Ане Лашкоска најави и дека од понеделник по извршена попраква ќе биде пуштена во употреба уште една пумпа..

-Тендерската документација веќе ни е при крај повеќе од 90% е сработена и во наредните 2 до 3 недели очекувам да биде распишан и тендерот за изработка на проект. Имаме многу кога мислам многу на диви приклучоци на хидросистемот. Во наредниот период инспектороратот за животна средина и просторно планирање заедно со испекоратот ќе имаат акции на терен и навистина ќе бидеме ригорозни по ова прашање.- Ане Лашкоска – заменик министерка за животна средина и просторно планирање

Освен за еколошката состојба, хидросистемот би можел да помогне и за развој на земјоделието во регионот.

- Доколку овој систем работи со полн капацитет, односно доколу работат сите 10 пумпи, освен што ќе придонесе да се врати стариот сјај на Дојранското езеро и да се задржи количината на водата, тој значително може да им помогне и на земјоделците, бидејки водата би можела да се користи за наводнување на речиси целиот регион.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Новата снимка од Мараја Кери предизвика загриженост, фановите коментираат

Снимка од Мараја Кери во Бразил предизвика загриженост кај нејзините обожаватели.

Новата снимка од Мараја Кери предизвика загриженост, фановите коментираат

На социјалните мрежи, луѓето почнаа да се прашуваат дали сè е во ред со 57-годишната пејачка, откако видео од нејзино јавно појавување покажа дека таа се движи малку нестабилно додека излегува од автомобил.

За време на престојот во Бразил, пејачката делеше автограми и се фотографираше со фановите кои се собраа да ја поздрават, држејќи транспаренти. Иако изгледаше добро расположена, некои гледачи забележаа дека ѝ треперат рацете и дека чекори несигурно. Снимката беше објавена на „TikTok“.

Фановите се прашуваат дали сè е во ред

„Дали треба да се грижиме?“ – праша еден корисник на „TikTok“. „Изгледа како да чувствува болка“, напиша друг, додека трет ѝ посака добро здравје на пејачката: „Се молам за неа и ѝ испраќам убави желби на нашата Божиќна кралица“.

Сепак, не сите ја протолкуваа оваа ситуација како причина за загриженост. Некои укажаа на конкретните услови во кои се движеше пејачката: врнеше дожд, теренот беше закосен, а Кери носеше високи потпетици.

„Како прво, врне дожд. Второ, теренот е закосен. Трето, таа носи високи потпетици. Четврто, не сака да падне“, напиша еден корисник. На снимката се гледа и како нејзиниот асистент ја држи околу половината додека таа поминува покрај фановите. Засега нема информации кои укажуваат на тоа дека Мараја Кери има некакви здравствени проблеми, а самата снимка не е доволна за да се донесе таков заклучок.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Microsoft“ и големиот прекин – што навистина се случи?

Услугите на „Microsoft“ конечно работат правилно по повеќе од 24 часа –што навистина тргна наопаку?

„Microsoft“ и големиот прекин – што навистина се случи?

„Microsoft“ го реши големиот проблем што предизвика повеќе од 24 часа застој на „Microsoft 365“, тоа предизвика сериозни прекини во работењето на бизнисите и владините агенции низ целиот свет.

Проблемите започнаа на 12 ноември околу 17:17 часот по средноевропско време, кога услугата „Exchange Online“ падна. Малку повеќе од два часа подоцна, проблемите се проширија на остатокот од платформата „Microsoft 365“.

Што го предизвика тоа?

„Microsoft“ првично се сомневаше дека невообичаено големиот сообраќај е причина за проблемите. Сепак, последователната истрага покажа дека неколку серверски системи неочекувано престанаа да работат, оставајќи ги преостанатите сервери неспособни да се справат со зголеменото оптоварување.

Обидите за рестартирање на серверите беа неуспешни, бидејќи тие повторно престанаа да реагираат откако се врати сообраќајот. Компанијата на крајот утврди дека проблемот е поврзан со претходно надградување на капацитетот на мрежата, предизвикано од последователна промена во мрежната инфраструктура.

Потоа инженерите применија поправка на компонента одговорна за автентикација и насочување на сообраќајот. Обновувањето беше спроведено постепено, со обработка на заостанати е-пораки.

„Microsoft“ нагласи дека нема докази за злонамерна активност и дека вештачката интелигенција не е причина за проблемот.

Кој беше засегнат?

Покрај „Outlook“ и „Exchange Online“, прекините влијаеја на календарите на „Teams“, закажувањето состаноци, „Copilot“, „SharePoint“ и „Intune“. Некои функции продолжија да работат за време на прекинот.

Влијанието се почувствува надвор од технолошкиот сектор. Националната здравствена служба на Велика Британија (NHS) мораше да се потпре на алтернативни системи, додека индиските авиокомпании „Air India“, „IndiGo“ и „Akasa Air“ пријавија проблеми со поддршката за е-пошта.

Проблемите влијаеја и на финансиските институции. Една тајванска компанија дури мораше да користи факс за да ги потврди трансакциите со акции.

Според „Downdetector“, имало повеќе од 7,4 милиони пријави за проблеми низ целиот свет. Сепак, овој број не го претставува вкупниот број на индивидуални корисници погодени од прекинот.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Франција на нозе: 200.000 луѓе на улиците

Француската полиција уапси 121 лице за време на протестите одржани низ целата земја, објави француското Министерство за внатрешни работи.

Франција на нозе: 200.000 луѓе на улиците

Според Министерството, околу 106.000 луѓе учествувале во демонстрациите, додека синдикатите проценуваат дека околу 200.000 граѓани се собрале на улиците.

22 лица се приведени во Париз, вклучувајќи тројца малолетници. Апсењата се главно за носење оружје од категорија Д, навреди и кршење на забраните за посетување одредени места или учество во демонстрации, објавува „BFMTV“.

Според полициските податоци, околу 24.000 луѓе протестираа во француската престолнина, додека младинските синдикати проценуваат дека на улиците имало близу 100.000 демонстранти.

Низ цела Франција се одржаа повеќе од 60 протестни собири. Во Париз истовремено се одржаа три одделни демонстрации - против предлог-закон за претпоставка за легална употреба на оружје од страна на безбедносните сили, меѓународен марш против насилството врз децата и протест на движењето „Жолти елеци“ против зголемувањето на трошоците за живот.

Тензии беа пријавени во Париз, Бордо, Нант, Лион и Руан. На Плоштадот на нацијата во Париз, полицијата употреби солзавец за да ја растера толпата, што предизвика први знаци на паника кај демонстрантите.

Во Нант, полицијата употреби водени топови, додека во Бордо беа пријавени судири за време на кои некои демонстранти фрлаа предмети кон полицијата.

Во Тулуз, според организаторите, протестираа 6.000 луѓе, додека полицијата соопшти дека имало 1.800. Собирот помина без инциденти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер