Робертсон проговори за целосниот распад во Ливерпул-„Бев на неговата свадба, а една недела подоцна тој почина“
1Робертсон проговори за целосниот распад во Ливерпул-„Бев на неговата свадба, а една недела подоцна тој почина“
СветХидроавион падна во море и се запали во Вашингтон (ВИДЕО)Неколку лица се повредени, од кои едно во критична состојба, откако хидроавион со 11 лица се урна покрај брегот на американската држава Вашингтон. Сите лица од авионот се спасени, потврдија локалните власти и Федералната администрација за воздухопловство (FAA), пишува ABC News. Според FAA, хидроавионот DeHaviland DHC-3 се урна во морето кај островот Сусија околу 17:20 часот по локално време. Канцеларијата на шерифот на округот Сан Хуан објави дека сите се извлечени од водата. „Имаме повеќе пациенти со разни повреди, од повреди на главата до фрактури и исеченици“, се вели во нивното соопштение. Потврдено е дека едно лице е во критична состојба. Remarkable outcome: All 11 people aboard the Kenmore Air floatplane survived the emergency landing and subsequent fire in Shallow Bay near Sucia Island yesterday.pic.twitter.com/BU0sT9ksxQ — GlobePulses (@GlobePulses) July 24, 2026 Авион на Kenmore Air полетал од езерото Јунион во Сиетл со десет патници и пилот во него. Компанијата објави дека четворица од повредените се префрлени во болници, додека другите се згрижени во станицата на крајбрежната стража во Белингам. Брз одговор на очевидците Шерифот на округот Сан Хуан, Ерик Питер, изјави за ABC News дека најмалку еден цивилен брод бил сведок на несреќата, чиј екипаж веднаш почнал да ги вади луѓето од водата. Кога службите за итни случаи пристигнале на местото на настанот, авионот веќе горел и тонел. „Благодарение на брзата реакција на сите на местото на настанот, била избегната поголема трагедија“, изјавил шерифот. Истрагата е во тек По несреќата започнала голема спасувачка операција, во која учествувале службите за итни случаи и американската морнарица, чиј хеликоптер ги превезувал дел од повредените. Крајбрежната стража соопшти дека добила пријава за принудно слетување во Норт Бич Шалоу Беј, по што хидроавионот се запалил. #BREAKING: A Seaplane Carrying Eleven Passengers has Crashed During Flight from Seattle’s Lake Union to Roche Harbor pic.twitter.com/szOH0X4C4F — dubsea (@dubseatv) July 24, 2026 Извршниот директор на „Кенмор Ер“, Дејвид Гуџел, им се заблагодарил на спасувачите. „Среќни сме што сите патници и екипаж се безбедни. Наш приоритет сега е да се осигураме дека ќе ја добијат целата потребна грижа и поддршка. Целосно соработуваме со истражителите и ќе објавиме потврдени информации штом ќе пристигнат“, изјавил Гуџел. Причината за несреќата е под истрага на Федералната администрација за воздухопловство (FAA) и Националниот одбор за безбедност во сообраќајот (NTSB).Тагови: Вашингтон Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваАл Пачино повторно со поранешната партнерка 54 години помлада од него- Еве што ги спои повторноХоливудскиот великан, актерот Ал Пачино и неговата поранешна партнерка Нур Алфалах – која е 54 години помлада од него – повторно го привлекоа вниманието на јавноста со тоа што се појавија заедно во Лос Анџелес. Поранешните партнери се појавија заедно во Лос Анџелес, а фотографијата и описот што ги објави Нур ја открија причината за нивното повторно обединување. Холивудскиот великан, актерот Ал Пачино и неговата поранешна партнерка Нур Алфалах – која е 54 години помлада од него – повторно го привлекоа вниманието на јавноста со тоа што се појавија заедно во Лос Анџелес. Легендарниот 86-годишен актер и 32-годишната продуцентка присуствуваа на отворањето на Музејот на наративна уметност „Лукас“, а Нур сподели нивна заедничка фотографија на Инстаграм. Покрај фотографијата, таа остави краток, но впечатлив опис: – Мајката и таткото на Роман – напиша таа, додавајќи емотикон со црвено срце. Со ова таа покажа дека, без оглед на природата на нивната моментална врска, ги поврзува нивниот тригодишен син Роман, кој се роди во 2023 година. За таа пригода, и двајцата избраа црни комбинации, а нивната блискост повторно поттикна прашања за тоа каква е нивната врска денес. Нејзината сестра, Софија Алфалах, во коментарите напиша „Вечерно излегување за родителите“, со што дополнително ја истакна нивната заедничка улога како родители. Пачино и Нур претходно беа во романтична врска, но кога во интервју за списанието „Пипл“ (People) во 2024 година беше прашан дали е во врска, славниот актер одговори: „Не. Имам пријателски однос.“ Неговиот претставник тогаш исто така изјави дека Пачино и Алфалах останале добри пријатели и заеднички се грижат за својот син, Роман.Тагови: Ал Пачино Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТошковски: Има големни злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“08:36Мицкоски ќе се обрати во ООН во петок, денеска учествуваше на Самит на мултилатеризмот15:00Мицкоски: Учество на седницата во рамки на ГС на ОН со која претседаваше Антонио Кошта12:50Мицкоски: Денеска бевме дел од отворање на Генералното собрание на ОН11:01
ФудбалРобертсон проговори за целосниот распад во Ливерпул-„Бев на неговата свадба, а една недела подоцна тој почина“Дефанзивецот на англискиот премиерлигаш од Енфилд Роуд, Енди Робертсон јавно зборуваше за смртта на својот соиграч и пријател Диого Жота и за тоа колку тешко му било на целиот тим на Ливерпул.Диого Жота за жал почина минатата година на само 28-годишна возраст, во тешка сообраќајна несреќа заедно со својот брат Андре Силва. Тоа беше тежок удар за неговите најблиски, но и за сите во Ливерпул. Енди Робертсон беше еден од неговите најблиски пријатели во клубот и нему сè уште му е тешко да зборува за тоа. „Тешко е да се опише и да се зборува за она низ што сите поминавме. Беше ужасно. Ако зборуваме за новите засилувања... Новите играчи дојдоа во клуб чие срце беше скршено. Многу ми беше жал за нив. Дојдоа за големи пари – зборувам за фудбалот. Им требаа неколку месеци за да се прилагодат. Искрено, не ни беше грижа за фудбалот. Тоа беше вистината. Изгубивме еден од нашите најдобри пријатели од соблекувалната“, рече Робертсон, кој донекаде застана во одбрана на Флоријан Вирц, Александар Исак и скапите засилувања што пристигнаа во тоа време. Andy Robertson on how Diogo Jota’s passing affected the club: “I felt so bad for the new guys who signed for big money… they couldn’t settle in for months…because we didn’t care about football…we lost our edge as a team…” https://t.co/Q6nY7aPl2A — Watch LFC (@Watch_LFC) September 22, 2026 Тој призна дека најтешко му паднало тоа што претходно бил на свадбата на Жота – сите биле среќни и весели. А потоа... „Сите фудбалери го имаат тоа нешто, таа предност. А кога ќе го изгубите тоа, не можете да играте на највисоко ниво. Кога се навраќам на минатата сезона, гледам дека ја изгубивме решителноста. Се прашувавме: 'Која е поентата на сè? Погледнете го семејството и децата на Жота'. Бевме во жалост; тој за нас не беше само играч – беше навистина тешко. Само една недела претходно бев на неговата свадба – една од најтешките ситуации во мојот живот – а веќе следната недела го гледав неговото семејство скршено од болка.“Тагови: Ливерпул Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваО.Аеродром: „Гола месечина“ повторно носи култура и забава во АеродромОпштина Аеродром и годинава ја поддржува културната манифестација „Гола месечина“, која од 25 до 27 септември ќе се одржи во паркот „Авионче“.Во рамките на тридневната фестивалска програма, посетителите ќе имаат можност да уживаат во разновидни културни и забавни содржини, меѓу кои музички настапи, стендап-комедија, кабаре, детска програма и други содржини наменети за сите генерации. Со поддршката на фестивалот „Гола месечина“, Општина Аеродром продолжува да придонесува кон збогатување на културниот живот во општината и создавање можности за граѓаните да уживаат во квалитетни културни содржини. Фестивалот „Гола месечина“ ќе се одржи на 25, 26 и 27 септември во паркот „Авионче“, а влезот за сите посетители е бесплатен.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook