Хери Мен од Шкотска добитник на наградата „Мостови на Струга“ - Канал 5

Хери Мен од Шкотска добитник на наградата „Мостови на Струга“

Шкотскиот поет Хери Мен е добитник на наградата „Мостови на Струга“, која фестивалот Струшки вечери на поезија и УНЕСКО во изминатите десет години ја доделуваат за дебитантска поетска книга од млад светски автор.

Хери Мен од Шкотска добитник на наградата „Мостови на Струга“
Наградата ја добива за збирката со 18 песни „Лифт“, издание на „Tall Lighthouse“. Ќе му биде врачена во август, на 53-тото издание на фестивалот, на кој лауреат и добитник на главната награда „Златен венец“ е јужнокорејскиот поет Ко Ун.

- Она што е вредна одлика на поезијата на Хери Мен е смелоста со која преку јазичните игри, во своевиден неовангарден стил, успева да изнајде поетски ракурс преку кој ќе бидат поетизирани и навидум непоетските теми, како песните „Ултразвук“, „Проблеми со компјутерот“, „Земја“, „Откритие“... сето тоа изобилство од научни, стручни термини сега е впрегнато во еден современ и модерен поетски јазик, што оваа поезија ја прави непосредна, комуникативна и актуелна, рече Славе Ѓорго Димоски, претседател на Управниот одбор на фестивалот, соопштувајќи ја одлуката за наградата.

Оваа година биле пријавени 15 книги, а во потесен избор биле збирките поезија на Денис Шкофиќ и Катја Перат од Словенија (земја од која пристигнале пет дела), и авторот од Хрватска Александар Хут Коно.

Директорот на СВП Мите Стефоски на прес-конференцијата рече дека сите пристигнати книги се исклучително вредни и заслужуваат посебно внимание и затоа решиле да бидат претставени во еден поширок избор кој ќе биде промовиран во текот на фестивалот, заедно со другата издавачка продукција на СВП за 2014.

- Кај овие млади поети, иако дебитанти, веќе се наѕираат назнаките на една зрела поетика. Затоа решивме дека заслужуваат да се направи антологија на сите поетски книги кои пристигнаа на конкурсот, рече Стефоски. Од сите нив, сепак, се издвоила книгата на Мен која, рече тој, носи поетски јазик што изобилува со стручни и технички термини.

- Пресудно за да ја добие наградата, како што стои и во нашата одлука, е смелоста. Не се тоа дадаистички игри кои служат за деестетизација на стварноста. Напротив, сите тие термини се пресоздадени во нов, автентичен и свој поетски јазик, иако навидум изгледа дека сето тоа што го искористил е непоетско - од вселена до биологија и имиња на бактерии. Станува збор за несекојдневен поет и затоа заслужува признание, рече директорот на СВП.

Хери Мен е роден во 1982 во Бакингемшир. Работи како уредник и дигитален издавач. Неговиот глас е позајмен од Харпер аудио за многу книги за деца. Во 2012 ја освоил третата награда на Меѓународниот поетски фестивал во Кардиф и втора награда на Меѓународниот ПЕН-центар. /Извор: МИА/

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хајди Клум открива морничав детаљ од костимот за Ноќта на вештерките

Хајди Клум открива морничав детаљ од костимот за Ноќта на вештерките-Фановите се обидуваат да погодат во што ќе се трансформира

Хајди Клум открива морничав детаљ од костимот за Ноќта на вештерките

Славната манекенка Хајди Клум која традиционално воодушевува со својот костим за Ноќта на вештерките сподели последна трага пред забавата во Њујорк, а еден необичен протетски додаток поттикна бројни шпекулации.

Хајди Клум повторно ја заинтригира јавноста, давајќи навестувања за својот костим за Ноќта на вештерките.

Познатата манекенка – која со години е прочуена по своите неверојатни трансформации – сподели последна трага пред забавата во Њујорк.

На фотографиите што ги објави на Инстаграм се гледа необичен протетски додаток, кој наликува на уста полна со остри, застрашувачки заби. Покрај објавата стоеше кратка порака: „Вашата последна трага... Се гледаме утре“, што дополнително ја разгори љубопитноста на нејзините следбеници.

Таа сè уште го нема откриено конечниот изглед, но на социјалните мрежи веќе врие од шпекулации. Меѓу потенцијалните инспирации што се спомнуваат се Монстро Елисасу од хорор-филмот „Супстанца“ (The Substance), застрашувачките суштества од серијата „Последните од нас“ (The Last of Us) и Векна од „Чудни нешта“ (Stranger Things).

Сложена трансформација Во текот на изминатите неколку дена, Клум постепено споделуваше детали за подготовките. Таа објави фотографии од протетски елементи што наликуваат на органи и ткива, а претходно навести дека овогодинешниот костим ќе биде исклучително крвав.

Нејзиниот долгогодишен соработник, шминкерот и експерт за специјални ефекти Мајк Марино, истакна дека ова е еден од најсложените проекти на кои некогаш работеле. Во едно интервју, манекенката исто така откри дека нејзиното тело ќе добие форма каква што вообичаено не се среќава во човечката анатомија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Марк Маркез на тронот во Малезија – има „меч-топка“ за титула

Возачот на Дукати, Марк Маркез, победи на денешната трка за Големата награда на Малезија во шампионатот Мото ГП.

Марк Маркез на тронот во Малезија – има „меч-топка“ за титула

Маркез ја оствари својата седма победа сезонава во Сепанг и е на чекор до одбрана на титулата, откако неговиот главен ривал Хорхе Мартин од тимот на „Априлија“ се здоби со скршеница на зглобот.

Возачот на КТМ, Педро Акоста, го освои второто место, додека Алекс Маркез од тимот „Гресини“ заврши трет. Аи Огура заврши на четвртата позиција.

До бодови на трката во Малезија стигнаа и Енеа Бастианини, Марко Бецеки, Лука Марини, Фабио ди Џанантонио, Бред Биндер, Франко Морбидели, Фабио Квартараро, Алекс Ринс, Франческо Бањаја, Маверик Вињалес и Икер Лекуона.

Марк Маркез води во генералниот пласман со 399 поени, Мартин е втор со 355, а Бецеки е на третото место со 332. До крајот на сезоната во шампионатот Мото ГП остануваат уште три тркачки викенди, а следниот ќе се одржи од 6 до 8 ноември во Катар.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Театарската претстава „Татко“ со две нови изведби во Лабораториум

По октомвриската премиера, театарската претстава „Татко“, во режија на Нина Николиќ, повторно ќе биде изведена на 4 и 5 ноември 2026 година, во Културниот центар Лабораториум во Скопје.

Театарската претстава „Татко“ со две нови изведби во Лабораториум

Претставата е во продукција на Перипетија продукција, а е реализирана според истоимената драма на Август Стриндберг, во современа адаптација на драматургот Тамара Барачков.

Иако напишана пред повеќе од еден век, драмата на Стриндберг отвора прашања кои и денес се длабоко присутни во општеството. Во оваа сценска поставка, класичниот конфликт меѓу брачните партнери добива нова перспектива, преку која се преиспитуваат механизмите на моќ, контролата и психолошкото насилство во интимните односи, како и последиците што тие ги оставаат врз семејството.

Современата адаптација на Тамара Барачков прави значајно поместување во однос на оригиналниот текст. Женскиот лик повеќе не настојува да ја докаже непресметливоста на сопругот, туку бара институционална помош и заштита од психолошкото насилство на кое е изложена. Со ова поместување, претставата ја напушта едноставната поделба на жртва и виновник и отвора простор за преиспитување на одговорноста на двајцата партнери, но и на општествените механизми кои овозможуваат насилството да остане непрепознаено или нормализирано.

Во центарот на „Татко“ е семејство во кое долгогодишната недоверба, манипулацијата и потребата за контрола постепено прераснуваат во деструктивен однос. Претставата го истражува моментот во кој брачниот конфликт ја преминува границата на насилството, но го поставува и прашањето за неговите последици врз децата, кои неретко остануваат најранливите жртви на нарушените семејни односи.

Во претставата играат Саша Ханџиќ, Амернис Нокшиќи, Тони Денковски, Бојан Кирковски и Ирена Димеска. Сценографијата е на Илина Ангеловска, костимографијата на Ивана Каранфиловска Угуровска, а музиката на Оливер Јосифовски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер