Хенсон: Древните Македонци се сметале за посебен народ - Канал 5

Хенсон: Древните Македонци се сметале за посебен народ

Се до околу 1975 година, во науката се претпоставуваше дека древните Македонци биле одделен народ кој Грците го сметаа за ‘недоделкани полу-Грци’ на кои им било потребно хеленизирање. Но, овој начин на гледање се смени, вели Виктор Дејвис Хенсон, познат американски историчар, автор и колумнист.

Хенсон: Древните Македонци се сметале за посебен народ

Хенсон, во интервју за МИА, вели дека Македонците како народ постоеле и живееле на територија која денес опфаќа повеќе држави во регионот и додава дека целата кавга меѓу Македонија и Грција, која се однесува на името Македонија и историското наследството, е целосно збунувачка две илјади и петстотини години подоцна.

- Лично, како набљудувач од страна, сметам дека ова прашање е иронично бидејќи изучувачите на класичниот период на Грција и филхелените се до околу 1975 година сметаа дека Александар и Македонците биле некој вид недоделкани полу-Грци, на кои им било потребно хеленизирање од страна на грчките градови – држави. Но, по 1980 година, тие честопати се редефинираат - како чисти Елини. Јас не знам дали до оваа промена дојде поради некои археолошки истражувања, поради потребите на туризмот или од политички причини, вели Хенсон.

Тој смета дека грчкиот начин на гледање кон древната Македонија е дека ова кралство, градот Пела и други клучни македонски градови, биле донекаде налик на Елините, со јазик кој бил сличен на грчкиот, но тежок за разбирање за тогашните Грци, и култура која во античко време била донекаде слична на постарите грчки кралства.

- Како тоа може да се претвори во културен континуитет преку 2.500 години, а уште помалку во тврдења на кого му припаѓа тоа наследство, јас не сум способен да кажам. Древните Македонци постоеле и живееле во територии кои денес им припаѓаат на повеќе држави. Но, политиката прави да не може лесно да се дојде до лесни и едноставни заклучоци, вели Хенсон.

Според него, овој вид на политичка злоупотреба не ја прави модерна Грција добар старател врз грчкото историско и културно наследство. - Јас сум живеел две години во Грција и сум ја посетил над 20 пати и имам некое искуство со нејзините ексцентричности. Накусо, тие живеат во тешко соседство, одделени се од Европа со Балканот и изложени кон Блискиот Исток и Турција во општество кое било окупирано 400 години од страна на Турците и користено како пионче во борбите на големите сили во 19 и 20 век. Грците веруваат дека нивното спектакуларно класично културно наследство преживеало негибнато 2.500 години низ македонска, римска, отоманска, венецијска и европска окупација и дека поради тоа тие треба да имаат статус и влијание далеку над нивната малубројност и неимпресивна економија. Индивидуалните брилијантни Грци се далеку подобри претставници на Грција во целина отколку што се нивните бедни економски показатели, вели професорот Хенсон.

Хенсон е познат конзервативен колумнист во повеќе американски списанија и член на Институтот Хувер во универзитетот Стенфорд во Калифорнија. Од историски агол, Хенсон пишува за назадувањето на западната цивилизација и на моралниот релативизам. Според него, економскиот колапс на Грција и конфликтот кој тој го отвори на линијата север-југ во Европа, бил нешто што можело да се предвиди со години порано.

Извор МИА.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Жерновски: Фројд работи кај Мицкоски – од признанието за македонскиот идентитет до нарачаните текстови во медиумите

Секогаш кога сака да го психоанализира СДСМ, Христијан Мицкоски се повикува на Фројд. На денешната прес-конференција, Андреј Жерновски од СДСМ му порача на премиерот да погледне во сопствениот кабинет. 

Жерновски: Фројд работи кај Мицкоски – од признанието за македонскиот идентитет до нарачаните текстови во медиумите

Доволно е да ги преслуша своите изјави за Преспанскиот договор и за нарачувањето текстови во медиумите.

„Затоа што колку повеќе го споменуваш Фројд, толку појасно станува дека неговите теории најдобро ги објаснуваат токму твоите постапки. Или, ако сакаш попрецизно и подиректно, подобро ќе беше ординацијата да ја побараш во сопствената влада, или поточно, во твојот кабинет“, рече Жерновски.

Тој потсети дека Мицкоски во опозиција со години ги убедуваше граѓаните дека со Преспанскиот договор е изгубен македонскиот идентитет, го обвинуваше СДСМ за предавство и ветуваше дека ќе го поништи договорот. Сега, во странство и на англиски јазик, самиот признава дека македонскиот идентитет е зачуван и дека македонскиот јазик е потврден во Обединетите нации.

„Дома ќе кажеш дека Преспанскиот договор ги зачува македонскиот идентитет и македонскиот јазик“, му порача Жерновски на Мицкоски и го повика да им се извини на граѓаните на кои со години им го тврдеше спротивното.

Како втор пример, Жерновски ја посочи изјавата на Мицкоски од интервјуто за нарачувањето текстови во медиумите. „Можеме да нарачаме текст каде сакаме, во кој било портал“, го цитираше Жерновски премиерот.

„Ех, Мицкоски, да можеше така како што нарачуваш текстови, така да си нарачаш и достоинство, чесност и чист образ“, порача Жерновски.

YouTube video

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хоџа: Заштитата на сливот на Вардар бара одржливо финансирање и меѓуресорска соработка

Заштитата на реката Вардар и одржливото управување со водите мора да бидат долгорочен државен приоритет, а за тоа се потребни координирани институции, меѓусекторска соработка и обезбедено финансирање. 

Хоџа: Заштитата на сливот на Вардар бара одржливо финансирање и меѓуресорска соработка

Ова го истакна министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа на отворањето на „Денови на Вардар 2026“, посветени на иднината на управувањето со сливот на реката Вардар.

Хоџа посочи дека подготовката на Планот за управување со сливот на реката Вардар е важен чекор, но нагласи дека вредноста на еден план се потврдува преку неговата реализација, а не само преку неговото усвојување.

Во своето обраќање тој се осврна на напредокот во мониторингот, класификацијата на водните тела и идентификувањето на притисоците врз водите, што е нотиран и во Извештајот на Европската комисија за 2026 година. Но истакна дека управувањето со водите не може да биде одговорност само на едно министерство, бидејќи одлуките во земјоделството, енергетиката, индустријата и локалната самоуправа директно влијаат врз нивната состојба. „Водата не познава ресорски граници. Затоа, потребен ни е вистински меѓусекторски пристап, во кој институциите ќе дејствуваат координирано и ќе преземаат заедничка одговорност“, рече министерот.

Осврнувајќи се на прекуграничниот карактер на сливот на Вардар, Хоџа ја истакна важноста на континуираната соработка со Косово и Грција, како и поддршката од Швајцарија во областа на животната средина. Тој го поздрави и придонесот на научната заедница и младите професионалци, нагласувајќи дека знаењето, искуството и иновациите се важен дел од решенијата.

„Нашата цел не е само да подготвиме уште еден стратешки документ, туку да изградиме систем во кој одговорностите се јасни, институциите имаат капацитет да дејствуваат, средствата се обезбедени, а резултатите се мерливи и видливи. Тоа е нашата обврска кон граѓаните и идните генерации“, порача Хоџа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пеп Гвардиола го крена гласот: „Кристијано Роналдо не го заслужи ова, грешката мора да се поправи“

Еден од најтрофејните фудбалски тренери во историјата, екс предводникот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола зборуваше конкретно за Кристијано Роналдо и за начинот на кој тој ја заврши својата репрезентативна кариера. 

Пеп Гвардиола го крена гласот: „Кристијано Роналдо не го заслужи ова, грешката мора да се поправи“

Тој тврди дека тоа мора да се поправи.

Најплатениот свтески фудбалер, Кристијано Роналдо одлучи да стави крај на својата репрезентативна кариера. Тој влезе во конфликт со селекторот Жорже Жезус, откако од него било побарано на прес-конференција да изјави „дека е на нивото на Пеле и Марадона“ – нешто што тој одбил јавно да го каже.

Поради сето ова, тој истакна дека не сака проштален натпревар, а Пеп Гвардиола смета дека тоа е голема грешка.

„Фудбалската федерација на Португалија мора да се погрижи Кристијано Роналдо да добие соодветно испраќање. Двете страни мора да вложат напор и да најдат начин. Тој не смее да ја напушти репрезентацијата на ваков начин. Не смеат да дозволат да си замине така. Тој е значајна личност, не само за себе и за Португалија, туку и за генерации португалски фудбалери“, изјави Гвардиола во подкаст со Ромарио.

Тој нагласува дека мора да постои некаков вид на благодарност за сè што Роналдо има направено. „Мораат да разберат дека Кристијано заслужил сам да одлучи како ќе продолжи понатаму.

Треба да најдат решение за оваа ситуација и да ја поправат работата. Дали ќе го направат тоа или не, не е моја работа, но сметам дека мораат. Она што тој го постигна во светот на спортот заслужува поинаков крај.“

Сите се свесни дека Роналдо направи грешка со начинот на кој си замина и со инцидентите што ги предизвика. „Потребно е да се организира прослава на која тој ќе ја почувствува љубовта на своите сонародници, како и иницијатива со која ќе се испрати порака дека е време да се сврти нов лист. Неговата целокупна кариера не треба да се оценува врз основа на последниот месец или два, само затоа што дошло до несогласување или недоразбирање со одредени поединци. Станува збор за кариера полна со достигнувања, која заслужува да биде сочувана и одбранета. Големите играчи, кои биле на самиот врв во овој спорт, заслужуваат да си заминат достоинствено, низ главната врата.“

Потоа, славниот тренер појасни: „Прво, затоа што го заслужиле тоа – тие му дадоа сè на спортот, а фудбалот им должи такво признание. Второ, поради сите оние најмлади кои ги прават своите први чекори на фудбалскиот терен. За да можат и тие да сонуваат дека еден ден ќе ја завршат својата кариера исто како Лионел Меси, Кристијано Роналдо, Паоло Малдини, Ромарио или кој било друг великан од историјата. Така треба да биде“, заклучи Гвардиола.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер