ЖивотХенрик Маркуш – амбасадорот кој поминал најмногу километри низ земјава со велосипедХенрик Маркуш е единствениот амбасадор на светот кој досега со својот велосипед во земјава успеал да извози доволен број километри, нешто што не му успеало на ниту еден негов колега кој амасадорувал во државата.При неговата последна велосипедска тура и посета на делчевскиот регион, словачкиот амбасадор во земјава, ни раскажа за неговата љубов кон велосипедот, која потоа прерасанала во пасија да се поминат што повеќе километри, а притоа и да се посетат што повеќе места во разни делови од државата. Разговорот со Маркуш го започнавме со кратка биографија за неговите почетоци во амбасадорските води. – На почетокот на август ќе наполнам две и пол години како сум овде. Дојдов во Македонија која во меѓувреме стана Северна Македонија и тоа би рекол не случајно, бидејки ја имав таа среќа да ја изберам својата служба. На Балканот не сум ново име во амбасадорските води. Почнав во 1994 година за време на војната во Босна, а ја избрав Македонија, кога македонската амбасада беше во Белград и служев таму 2000-2003 година. Практично почнав со работа во 1999 година и доаѓав повеќе или помалку во Скопје и Охрид, но не ја знаев целата земја. Сега полека успевам да ја запознаам, истакна Маркуш. Амбасадорот на Словачка, како што самиот раскажа, велосипед започнал да вози од здравствени причини. – Велосипед започнав да возам од здравствени причини влегов во еден круг кога не можев да вежбам заради болки во коленото и обратно ме болеше коленото заради што не можев да спортувам. Почетоците со возење велосипед ми беа некаде 2007 година кога служев во Швајцарија и Франција. Што е најчудно почнав со возење низ рид, возењето низ рид е еден вид порака за почетниците велосипедисти, тоа е психолошка работа. Многу мислат дека тоа е проблем, а всушност проблемот е во размилсувањето. Морате да почнете и да не се предавате. Јас најпрвин затоа што немав мускулна маса заради повредата, почнав да возам по 200 метри и да се искачувам повисоко, па стигнав до 300 метри, за да стигнам каде што сум сега. Не може одеднаш да се тргне до Султан Тепе и да се искачиш туку така, вели амбасадорот. По доаѓањето во земјава, амбасадорот Маркуш секоја сабота прави велосипедска тура во место кое тој ќе го одбере. Досега, како што вели, многу малку луѓе во земјава имаат извозено километри со велосипед, колку што има извозено тој. – Овде има многу интересни места кои до крајот на мандатот нема да успеам да ги извозам. Сум бил на Кајмакчалан, Пелистер, Царев Врв и Султан Тепе кое е доста добро место. Во Источна Македонија минатата година сум бил во Пехчево и оваа година во Берово. Имавме многу интересни тури близу бугарската граница. Во Делчево сум прв пат, имав слушнато дека имате доста добри велосипедисти и планинари и најдов вистински пријател кој нависитна е професионалец како Љупчо Чучуковски, кому му дадов еден вистински тест на подготвеност. Турата беше долга 52 километра, висината беше околу 1.350 метри. Возевме покрај селата Бигла и Трсино, се работеше за интересна патека, имавме и бура и добро се спасивме. Ова што тука го доживеав е типична македонска гостопримливост на највисоко ниво, учествуваше и вработен во општината, така што почувствував дека и општината добро работи и ги подржува овие активности, рече Маркуш. За Источна Македонија словачкиот амбасадор размислува за обележување на неколку велосипедски патеки кои би биле маркирани и би служеле за полесна ориентација на велосипедистите почетници, а за Пијанечкиот регион истакна дека ги има сите услови за развој на велосипедски туризам. – Со човек од Велес, кој е мој пријател и со кој ги работам сите тури, сакаме да обележиме некои патеки овде во овој регион за да помогнеме нешто. Го имавме тоа во план минатата недела, но имаше невреме и го одложивме за оваа недела, но оваа недела пријателот имаше тура на Солунска Глава, така што тоа ќе се обидеме тоа да го направиме во некоја следна прилика. Поради тоа што возењето до Солунска Глава е доста тешка тура, споредбено со Пелистер и Кајмакчалан, сакав викендов да го посетам Делчево каде ги поведов и ќерката и сопругата. Мислам дека за развој на планинарскиот велосипедизам имате тенденција да се развивате во тој правец, затоа што тоа е тој спорт кој најмногу напредна после оваа коронакриза. Се гледа како луѓето купуваат велосипеди, дека тоа е една активност за здравјето или што би се рекло, активност за да се дружиме да имаме добар спорт и здравје. Како регион имате добар потенцијал, имате патеки за почетници, една од перспективните патеки е и таа што вчера ја поминавме, таа е пејсажна патека која може да се обележи и да се направат одредени патокази за да не се изгуби човек или со други зборови патека која е идеална за оние кои не се физички спремни, но кои сакаат да видат нешто додека возат. Значи патека за добар почеток, а целта ни е исто така со планинарот Љупчо Чучуковски да ги откриееме и останатите планински патеки овде во вашиот регион, додава Маркуш. По напорните велосипедските тури, во недела амбасадорот Маркуш одмора од велосипедот и се подготвува за обврските на работа. Со него поразговаравме и за политиката и македонската европерспектива, за која рече дека државата треба да не брза низ процесот на преговортие бидејки во периодот кога Словачка била во слична ситуација, државата тогаш ги живеела своите најдобри денови. – Како држава сте на најдобар пат, не можам ништо друго да кажам, затоа што ние како мала земја, се потрудивме максимално да помогнеме да стигнете до тој пат. Среќни сме што имаме ваков партнер и уште повеќе сме среќни што ги отворивте преговорите. Во таа насока како наш најголем проект ќе ја споменам Националната економија во Европската заедница. Тука има серија на поглавја по однос на овие прашања, тоа се поглавјата 23 и 24 кои се како база, но има и други. Во процесот на преговори има и серии дискусии, а резултатите се препорака за легислативните активности, што е успешен проект во Србија и другите земји во Западен Балкан и тоа е како наш главен брод на поддршка на Македонија како поддршка за ЕУ. Се надеваме дека тој процес за вашата земја ќе оди побрзо. Ние сме тука да ве поддржиме на тој пат. Но, од друга страна имам една моја препорака, да не брзате многу на тој пат, затоа што јас паметам кај нас во Словачка, имаше многу добра атмосфера за време додека траеја преговорите, додаде Маркуш. Тој се осврна и на корона кризата за која даде свои препораки, како успешно да се надмине или да се ублажат последиците од страна на граѓаните. – Имам сопствена теорија мислам дека успехот по однос на оваа тема е да не се прават големи гужви и активности, затоа што тоа е најголем предизвикувач на овој вирус. Сите други мерки секако да се почитуваат. Јас избегнувам активности со повеќе луѓе, вашиот крај знам го избегна вирусот и тоа е една од причините зошто сум овде. Со моите активности тука ја потврдувам оваа моја теза, значи овде возиме тројца четворица во мали групи, за разлика кога треба да одам на некои концерти на кои сум поканет и кои искрено ги избегнувам, додаде на крај од разговорт амбасадорот на Словачка во земјава, Хенрик Маркуш. Тој заедно со неговиот пријател Љупчо Чучуковски најави повторно доаѓање во Делчево со кого договориле начелно нова велосипедска тура, која ќе биде своевидна промоција на регионот за која ја имаат целосната поддршка од делчевскиот градоначалник и општината Делчево./МИА.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизСрпски медиуми: Бака Прасе го исценирал сопственото приведување, следуваат кривични пријавиТврдењата дека маскирани лица го привеле јутјуберот Богдан Илиќ, попознат како Бака Прасе, се лажни.Ова е утврдено по истрагата спроведена од Вишото јавно обвинителство во Белград и службеници од полициската станица „Савски венац“. Претходно, на профилот на Илиќ на Инстаграм се појави објава во која се тврди дека маскирани лица го однеле од неговиот стан. Илиќ ѝ објаснил на полицијата дека ја објавил таа информација како дел од снимањето на видео кое планира да го објави на својот Јутјуб канал. Поради ширење паника преку лажни информации на Инстаграм, против него ќе биде поднесена кривична пријава до Посебното одделение за високотехнолошки криминал при Вишото јавно обвинителство во Белград. Пријавата се однесува на кривичното дело предизвикување паника и неред. Што содржеше објавата На профилот на Илиќ на Инстаграм беше објавено соопштение од неговиот тим, во кое се тврди дека тој бил приведен околу 06:00 часот наутро. Во објавата, потпишана од „Тимот на Бака Прасе“, исто така се наведува дека за ситуацијата бил известен и неговиот адвокат. Неговите соработници спомнаа и наводна поврзаност со „Алта банка“, тврдејќи дека Илиќ се доведува во врска со сомневања за перење пари. Оваа информација не е потврдена. Обвинителството нареди истрага Вишото јавно обвинителство во Белград претходно ѝ наложи на полицијата итно да ги провери тврдењата дека маскирани лица го однеле Илиќ од неговиот стан. Полициските службеници требаше да ја проверат информацијата на терен и да преземат други неопходни мерки за да утврдат што се случило. По извршените проверки, обвинителството и полицијата утврдија дека наводите се лажни. Извор: Индекс.хрТагови: Бака Прасе приведување Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаМерц ветува заштита на Евреите во Германија; антисемитизмот станува сè пораспространетФридрих Мерц изјави дека Германија се соочува со тест за својата посветеност кон заштитата на еврејската заедница.Тој ја опиша глетката на градинки и синагоги, чувани од вооружена полиција зад стакло отпорно на куршуми, како „ужасна“, пренесува Ројтерс. Мерц го изјави ова во говор во синагога во Минхен, на годишнината од „Кристална ноќ“ (Kristallnacht) во 1938 година – настан што послужи како вовед во Холокаустот и истребувањето на повеќе од шест милиони европски Евреи, спроведено од нацистите. Тој истакна дека антисемитизмот станал „распространет“. „Го гледаме и го слушаме на нашите улици, во нашите градови, во градовите на нашите европски соседи и ширум светот – во парламентите, клубовите и училиштата“, рече Мерц. „Токму затоа, ова е момент на вистината за паролата ’Никогаш повеќе‘, на која толку често се повикуваме“, додаде тој. Тој вети дека неговата влада ќе стори сè што е во нејзина моќ за да го заштити еврејскиот живот, како во Германија, така и во странство. Исто така, ја потврди долгогодишната поддршка на Германија за Израел, нагласувајќи дека тоа е „дел од нашата историска одговорност“. Слични заложби за заштита на еврејските институции и борба против антисемитизмот претходно дадоа и претходниците на Мерц, Ангела Меркел и Олаф Шолц. Germany's Chancellor Merz: Antisemitism is once again omnipresent. Sometimes it is disguised in the language of anti-colonial liberation struggles or criticism of Israel. https://t.co/centhneh0V — Clash Report (@clashreport) November 9, 2026 Според годишниот извештај на организацијата „RIAS“, бројот на антисемитски инциденти драстично се зголемил по избувнувањето на војната во Газа во 2023 година. Минатата година биле евидентирани 8.725 вакви инциденти – повеќе од тројно во споредба со 2022 година – што изнесува просек од 24 случаи дневно. Палестински извори наведуваат дека повеќе од 74.000 луѓе се убиени во израелските напади врз Газа. Нападите беа извршени откако борци предводени од Хамас убија приближно 1.200 луѓе во јужен Израел на 7 октомври 2023 година. „Срам за нашата земја“ Илзе Ајгнер, претседателка на Баварскиот покраински парламент, чувството на несигурност што го доживуваат многу Евреи во Германија го опиша како „срам за нашата земја“. Мерц претходно ја имаше предложено неа како конзервативен кандидат за функцијата претседател на Германија. „Кристалната ноќ“ претставуваше погром врз Евреите, кој започна на 9 ноември 1938 година, а вклучуваше убиства, грабежи и уништување имот. Името се однесува на скршеното стакло од уништените синагоги, продавници и домови, кое ги покривало улиците.Тагови: Фридрих Мерц Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветАмерикански претставник: Русија и Украина подготвени за компромис околу територијатаВо неофицијални разговори, Русија и Украина покажуваат одредена подготвеност за компромис околу територијата, во пресрет на новите мировни преговори што започнуваат утре во Абу Даби.Ова го изјави американски претставник запознаен со подготовките за разговорите, додавајќи дека, за првпат, Вашингтон забележува искрена желба од руска страна за ставање крај на војната, пренесува Ројтерс. „За првпат имам впечаток дека гледаме вистинска желба од руска страна сето ова да се приведе кон крај“, рече претставникот, кој ги информираше новинарите под услов да остане анонимен. Што ќе се случи со окупираните територии? Според претставникот, двете страни приватно покажуваат одредена флексибилност во однос на можна територијална размена. Сепак, тој нагласи дека каков било договор за територијата веројатно би се постигнал дури на крајот од преговорите, откако ќе се постигне консензус за другите прашања. Територијалните прашања досега беа една од најголемите пречки за постигнување мировен договор. Украина инсистира на враќање на нејзините меѓународно признати граници, додека рускиот претседател Владимир Путин бара контрола врз целиот регион Донбас. Американскиот претставник не откри какви територијални отстапки би можеле да направат Москва и Киев. Неговите изјави во оваа фаза не значат дека е постигнат договор, ниту пак дека некоја од страните официјално ги променила своите барања. Вашингтон смета дека прво треба да се договори безбедносен аранжман за периодот по војната. Дури потоа би имало простор за конечен договор во однос на територијата. Безбедносни гаранции за Украина Една од главните теми на преговорите ќе бидат безбедносните гаранции за Украина. Се разгледува можноста за заштита слична на онаа од Членот 5 од Договорот на НАТО, според кој напад врз една членка се смета за напад врз сите членки. Таков модел би требало да ѝ обезбеди на Украина безбедносни гаранции по евентуалниот мировен договор, но засега не е познато како би функционирал тој, ниту кои земји би презеле конкретни обврски. Американскиот претставник нагласи дека договорот за повоената безбедносна архитектура ќе биде клучен за решавање на територијалните прашања. Американското посредување во Абу Даби ќе го предводат специјалниот пратеник Стив Виткоф и Џаред Кушнер, зетот на претседателот Доналд Трамп. Преговорите треба да траат два дена, почнувајќи од вторник. Претставник на САД изјави дека постои можност Виткоф и Кушнер, по завршувањето на разговорите, да отпатуваат во Русија на средба со Путин. Ваквата посета сè уште не е потврдена. Во Вашингтон постои умерен оптимизам дека разговорите би можеле да доведат до напредок, иако американската страна признава дека за постигнување договор ќе биде потребно време. Во последните месеци, Трамп ги засилува дипломатските напори за ставање крај на војната, притоа често укажувајќи на тешките човечки жртви на двете страни од почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година. Извор: Индекс.хрТагови: русија украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook