Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
1Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
РакометХендикеп за Словенија пред почетокот на ЕПРепрезентацијта на Словенија доживеа пех во пресрет на почетокот на Европското ракометно првенство во Хрватска, откако на еден од последните тренинзи потешка повреда заработи Матеј Габер. Габер има скршена коска на стапалото и со сигурност нема да настапи на еврошампионатот. Пивотот на Пик Сегед е столбот во одбраната на словенечката репрезентација која е во група со Македонија. Токму против Словенците на 13 јануари „црвено-жолтите“ ќе го одиграат првиот натпревар на континенталниот собир. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизШакира се расплака на концертот во Мадрид, му се заблагодари на поранешниот партнер (ВИДЕО)Шакира емотивно ја заврши својата европска турнеја синоќа во Мадрид. Колумбиската пејачка (49) се збогува со публиката во понеделник, 12 октомври, по 13 концерти во шпанската престолнина, кои ги посетија вкупно повеќе од 700.000 луѓе. За време на нејзиниот последен настап во Макондо Парк, таа отворено зборуваше за приватните проблеми и здравјето на нејзиниот татко, а особено му се заблагодари на својот поранешен партнер Антонио де ла Руа, кој ѝ беше голема поддршка, пишува AS. Пред 55.000 луѓе на нејзиниот последен концерт, Шакира се осврна на изминатите недели и откри колку многу ѝ значеа настапите во Мадрид. „Мислам дека овој месец беше еден од најважните во мојата кариера. Овие концерти во Мадрид се историски за мене“, призна таа од сцената. Зборуваше за здравјето и приватните проблеми на нејзиниот татко Но, зад успешните настапи, имаше и тешки моменти. Шакира призна дека изминатите недели беа обележани со семејни грижи и приватни проблеми за кои веќе беше објавено во медиумите. „Овој месец поминав низ тешки времиња поради здравјето на мојот татко, но и поради приватни проблеми за кои веќе знаете“, им рече таа на публиката, очигледно алудирајќи на неодамнешните несогласувања со поранешниот партнер Жерар Пике. Пејачката нагласи колку многу ѝ значеше поддршката од нејзините обожаватели. Таа објасни дека нивната љубов на секој концерт ѝ даваше сила да продолжи да настапува и покрај сè што се случуваше во нејзиниот приватен живот. „Поради тебе, времето навистина запира и јас ја враќам силата. Со тебе уживав како да сум само на почетокот на мојата кариера и никогаш нема да го заборавам тоа“, рече таа. Таа особено му се заблагодари на својот поранешен партнер Еден од најемотивните моменти на вечерта се случи кога Шакира го спомена поранешниот партнер Антонио де ла Руа. Таа беше во врска со Аргентинецот повеќе од десет години, а во последните години повторно се зближија, овој пат како пријатели. Антонио ја поддржуваше за време на турнејата, а учествуваше и во реализацијата на проектот Макондо Парк. „Сакам да му се заблагодарам на човекот кој некогаш беше мој партнер, а денес е мој голем пријател. Мојата сродна душа. Антонио де ла Руа. Антонио, ти благодарам. Ти благодарам за твоето пријателство“, рече таа пред илјадници собрани. Иако нивната љубовна врска заврши одамна, тие останаа блиски, а за време на последниот концерт во Мадрид, Шакира одлучи јавно да му се заблагодари за неговата поддршка и пријателство.Тагови: Шакира Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаУченик со ловечка пушка пукал во училиште во Франција- се сомнева на тероризам (ВИДЕО)Француските обвинители за антитероризам ја презедоа истрагата за пукањето во училиште во близина на Марсеј. Случајот е пренасочен откако првичните проверки покажаа дека 14-годишниот осомничен ученик е можно да е поврзан со онлајн движењето True Crime Community (TCC), пишува Ројтерс. Вчера, еден ученик рани двајца наставници со ловџиска пушка. Според официјалните лица, тој го скрил оружјето во торба за гитара. Нападот предизвикал паника, а децата избегале за да се засолнат. 🔴 Un collégien à tiré sur une professeure et le principal à Aubagne (Bouches-du-Rhône). Les deux victimes ont été hospitalisées. Leurs jours ne sont pas en danger. L'élève est ce soir en garde à vue. Une enquête pour "tentatives d'assassinat" est ouverte. #JT20h https://t.co/fx7j0TPLiy — Le20h-France Télévisions (@le20hfrancetele) October 12, 2026 Истрагата е префрлена во Париз Канцеларијата на обвинителот за антитероризам објави дека го презема случајот од канцеларијата на обвинителот во Марсеј. „Првите истраги, кои вклучуваат анализа на дигиталните уреди на малолетниците, укажуваат на веројатна врска со движењето True Crime Community (TCC). Тие исто така сугерираат дека злосторството во училиштето било мотивирано од таа идеологија“, се вели во соопштението на обвинителот. FRENCH ANTI-TERROR PROSECUTOR SAYS TAKING OVER INVESTIGATION INTO SOUTHERN FRANCE SCHOOL SHOOTING — CGTN Europe (@CGTNEurope) October 13, 2026 Во истиот текст, TCC е опишан како „екосистем на онлајн заедници кои ги слават сторителите на масовно убиство и на одредени начини поттикнуваат екстремно насилство“. Обвинителството потврди дека е покрената истрага поради сомнение за „обид за убиство како дел од терористички потфат, учество во терористичко злосторничко здружение со намера за извршување кривични дела против лица и прекршување на законот за оружје поврзано со терористички потфат“.Тагови: тероризам ученик Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиБугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00Од денеска парно – ниските температури порано ја почнаа грејната сезона08:50Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија18:00Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија15:00Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08
Бугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00
Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08
МакедонијаЈанев во работна посета на СВР Тетово: Фокус на безбедносната состојба и претстојните избориДиректорот на БЈБ, Александар Јанев, во работна посета на СВР Тетово: Фокус на безбедносната состојба и претстојните избори.Денеска (13.10.2026), директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, заедно со дел од својот тим, оствари работна посета на СВР Тетово, при што беа разгледани актуелните безбедносни состојби, сообраќајната безбедност, јавниот ред и мир и борбата против криминалот. Посебен акцент беше ставен на претстојните локални избори и обврската на полицијата да обезбеди безбеден, мирен и демократски изборен процес, без притисоци и незаконски влијанија врз граѓаните. Директорот Јанев ја нагласи важноста на превентивното дејствување, оперативната координација и користењето на современите технолошки средства, како и професионалното и непристрасно постапување на полициските службеници. „Во борбата против криминалот нема простор за селективност, а во извршувањето на полициската должност нема простор за неодговорност. Законот мора да важи за сите подеднакво“, порача Јанев, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиБугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00Од денеска парно – ниските температури порано ја почнаа грејната сезона08:50Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија18:00Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија15:00Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08
Бугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00
Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08