Македонија со најбројна делегација досега – околу 130 учесници во 19 спортови на Медитеранските игри во Таранто
2Македонија со најбројна делегација досега – околу 130 учесници во 19 спортови на Медитеранските игри во Таранто
МакедонијаХелсиншкиот комитет бара истрага за полициските службеници што не го спречиле нападот врз градоначалничката АрсовскаХелсиншкиот комитет за човекови права најостро го осудува физичкиот и вербалниот напад врз градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, што се случи денеска на Бит Пазар за време на службен увид во нелегален градежен објект. Особено загрижувачки е фактот што нападот се случил пред очите на полициски службеници, кои, според изјавата на градоначалничката, не презеле соодветни мерки за нејзина заштита, и покрај сериозните закани по нејзиниот живот и безбедноста на нејзиното семејство. Според сведочењето на Арсовска, напаѓачот ѝ се заканувал со силување и убиство на нејзините блиски, а потоа и физички ја нападнал, удирајќи ја со клоци. Наместо итна интервенција и заштита, полицајците кои биле присутни на лице место, наводно, не реагирале соодветно, дозволувајќи толпата да продолжи со навреди, физички напади и закани. Овој напад е уште еден алармантен пример за ризиците со кои се соочуваат жените во јавниот живот – насилство, навреди, закани, клевети и институционална незаинтересираност. Министерството за внатрешни работи соопшти дека се приведени двајца напаѓачи. Но нема информации за мерки против полициските службеници кои биле присутни на местото на настанот. Оттука, Хелсиншкиот комитет за човекови права бара: · Итна и независна истрага за случајот, · Одговорност за полициските службеници кои не постапиле соодветно на местото на настанот, · Кривично пријави против сторителите и соодветна постапка против нив, · Обезбедување ефективна и итна заштита за градоначалничката и другите службени лица кои биле нападнати. · Осуда на нападот од страна на сите политички и општествени чинители. Одделот за внатрешна контрола,криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР итно да го разгледа (не)постапувањето на полициските службеници и да преземе соодветни дејствија и мерки против нив Дополнително, ги повикуваме сите надлежни институции во овој случај да дејствуваат итно и одговорно. Непостапувањето на институциите во случаи на очигледно насилство не само што ја охрабрува културата на неказнивост, туку директно го загрозува владеењето на правото и демократијата.Тагови: Данела Арсовска Хелсиншкиот комитет Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВладата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар18:26Обвинителството бара 30 дена притвор за раководството на гостиварски „Комуналец“15:16Гостивар и натаму останува без вода за пиење15:00Обвинителство: Истрага против три лица, водата во Гостивар е многу загадена08:47Уапсена е директорката на гостиварски Комуналец, Артана Асани и двајца раководители- гостиварци бараат одговорност17:50
Уапсена е директорката на гостиварски Комуналец, Артана Асани и двајца раководители- гостиварци бараат одговорност17:50
МакедонијаЛукровски со апел до карпошани: Да делуваме локалноГрадоначалникот на Карпош, Сотир Лукровски со апел да излезат граѓаните на своите улици да ги поттргнат гранките и она што е полесно, а потоа службите ќе ги подигнат.Лукровски рече дека добил повици за паднати дрвја и кровови и дека засега нема повреднео. Вели дека делуваат организирано на ниво на град и дека се на терен. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНевремето го оштети и објектот на Македонската опера и балет (ВИДЕО)Силното невреме што попладнево го зафати Скопје, предизвика оштетување и на објектот на Македонската опера и балет.Според фотографиите и видеата , скршени со прозорците на влезот од објектот, а водата од силниот дожд навлегла во фоајато. Вработените во МОБ веднаш по невремето почнаа со расчистување на скршените стакла. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БизарноНеверојатна сцена во автобус: Возач ја поместил торбата поради мајка со детска количка, кога се слушнале чудни крици Напуштена женка мајмун беше пронајдена во лондонски автобус откако патник забележа чудна торба што го блокираше преминот, соопштија властите.Мајка со количка се обидела да излезе од автобусот, но торбата штрчеше од багажниот простор. Возачот потоа ѝ притрча на помош - не знаејќи какво изненадување ги чека. Оставена во кафез Кога возачот ја помести торбата, почнаа да доаѓаат звуци од неа. Набрзо беше откриено дека мајмунот е внатре. RSPCA беше повикана на местото на настанот и ја именуваа женката „Oyster“, по името на билетот за автобус во Лондон „Oyster“. Главниот инспектор на RSPCA Лондон, Клер Дју, рече дека женката мармосет била скриена во бел метален кафез завиткан во пластична кеса. Таа ги пофали возачот на автобусот и персоналот на Метролајн за тоа што останале смирени, го однеле мајмунот на безбедно место и контактирале со RSPCA. Организацијата сега се обидува да утврди кој го оставил животното во автобусот. Покрената е истрага Истражителите ќе ги прегледаат снимките од безбедносните камери и записите за пристигнување и заминување на патниците за да го пронајдат одговорното лице. Животното сега е во резерват со специјализирани установи за примати, каде што наскоро треба да биде запознаено со машки мармосет кој бара друштво. Специјалистот за егзотични животни на RSPCA, Еви Батон, рече дека приматите се многу интелигентни и социјални животни на кои им е потребен простор, ментална стимулација и соодветно друштво. Таа рече дека воведувањето на лиценцирање на примати во Англија е важен чекор кон нивна заштита, но изрази загриженост дека некои сопственици кои не сакаат да се придржуваат кон новите барања би можеле да одлучат да ги напуштат своите животни.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter