Хелсиншки комитет: Борбата против родово базираното насилство бара системски промени

На почетокот на годинешната кампања „16 дена активизам против родово базираното насилство", нашата главна порака е што поскоро да се пристапи кон усогласување на Кривичниот законик со Истанбулската конвенција, велат од Хелсиншкиот комитет за човекови права.

Главната цел на усвојувањето на Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство, кој стапи во сила на 6 мај годинава, како што посочуваат од Хелсиншкиот комитет, е подобрување на институционалната и сеопфатна поддршка на жртвите на родово базирано насилство и надминување на слабостите во претходните законски решенија. Станува збор за еден од клучните закони предвиден со Националниот акциски план за имплементација на Истанбулската конвенција 2018-2023, кој подразбира обврска за измена и дополнување и на други закони и подзаконски акти, меѓу кои од особена важност е Кривичниот законик.

-Најавените измени на Кривичниот законик, во насока на инкриминирање на нови кривични дела и измена на постоечките одредби кои се предвидени со Истанбулската конвенција, сѐ уште не се реализирани. Иако сме свесни дека проблемите во нашето општество најчесто излегуваат на површина при имплементирање на законите во пракса, легислативното усогласување со Истанбулската конвенција е основа без која системските промени се невозможни, истакнуваат од Хелсиншкиот комитет.

Оттаму нагласуваат дека донесувањето на законските решенија е само првиот чекор кон системски промени во решавање на проблемот на родово базирано насилство.

– На каков начин ќе се имплементираат, односно дали жртвите на овој вид на насилство ќе бидат заштитени, ќе зависи од примарните институции, кои ќе имаат за задача да постапуваат по ваквите пријави, а особено Министерството за внатрешни работи, Основното јавно обвинителство, центрите за социјална работа итн. Имајќи предвид дека токму имплементацијата на законските одредби во пракса сѐ уште претставува еден од најсериозните недостатоци во обезбедувањето на соодветна заштита на жртвите на родово базирано насилство, останува да ја мониторираме нивната примена по донесувањето и да процениме колку тие навистина ќе бидат во прилог на жртвите, нагласуваат од Хелсиншкиот комитет.

Шеснаесет дена активизам против родово базирано насилство е годишна меѓународна кампања што започнува на 25 ноември, Меѓународниот ден за борба против насилството врз жените и трае до 10 декември, Денот на човековите права. Координирана од Центарот за женско глобално лидерство, кампањата се користи како стратегија за организирање на поединци и организации ширум светот, кои се активни на полето на спречување и елиминирање на насилството врз жените и девојчињата.

Шпанија ќе испрати мал број ракети „Патриот“ во Украина

 Шпанија ќе испрати мал број ракети „Патриот“ во Украина, објави денеска весникот „Ел Паис“, повикувајќи се на неименувани добро информирани извори.

Весникот наведува дека Шпанија ја отфрлила можноста за испорака на противвоздушни лансери на Украина, но ќе испрати проектили во Киев.

Шпанија има три системи „патриот“ кои ги купи од Германија во 2004 и 2014 година, потсетува весникот.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски им кажа на членките на НАТО претходно овој месец дека на Украина и се потребни најмалку седум системи за воздушна одбрана „Патриот“ или други напредни системи за воздушна одбрана за да ги одврати руските воздушни напади, барајќи од нив да ја засилат воената помош за Киев.

Министрите на ЕУ пред неколку дена изјавија дека разгледуваат како да обезбедат повеќе оружје за противвоздушната одбрана на Украина.

Сончево и потопло, утре попладне дожд и грмежи

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи, особено во планинските подрачја. 

Потоа следува период на стабилно и топло време, а дневните температури ќе бидат повисоки за три до пет степени.

Како што соопшти УХМР, во следните три дена ќе биде сончево и потопло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

Минималните темпеартури ќе бидат во интервал од два до 12 степени, а максималните од 20 до 28 степени.

Четири европски авиокомпании ќе ја шират идејата за Европа пред евроизборите

Четири авиони на авиокомпании кои се дел од групацијата на „Луфтханза“ во наредните недели ќе ја шират европската идеја за со натпис на нивните трупови: „Да за Европа“. 

Станува збор за авиони од типот „Ербас А320“ на авикомпаниите „Луфтханза“, „Еуровингс“, „Аустриан Ерлајнс“ и „Брисел Ерлајнс“ кои ќе имаа задача да служат како амбасадори на европската идеја непосредно пред изборите за членови на Европарламентот.

Четирите авиони на 13 мај „ќе се сретнат“ на аеродромот во Брисел, симболично манифестирајќи го европското единство.

Инаку, ова не е првпат „Луфтханза“ да ја манифестира својата посветеност на Европа. Сличен поддршка на Европа „Луфтханза“ организираше и пред евроизборите во 2019 година.

притисни ентер