Хеликоптер на МВР го гасне пожарот над патот кон ГП „Блаце“, сообраќајот се одвива наизменично - Канал 5

Хеликоптер на МВР го гасне пожарот над патот кон ГП „Блаце“, сообраќајот се одвива наизменично

Во гаснење на пожарот што избувна попладне на патот кон граничниот премин Блаце интервенира хеликоптер на Министерството за внатрешни работи, а сообраќајот на патот кон преминот се одвива наизменично.

Хеликоптер на МВР го гасне пожарот над патот кон ГП „Блаце“, сообраќајот се одвива наизменично

Во гаснење на пожарот што избувна попладне на патот кон граничниот премин Блаце интервенира хеликоптер на Министерството за внатрешни работи, а сообраќајот на патот кон преминот се одвива наизменично, информираа од Центарот за управување со кризи и АМСМ.

- Хеликоптерот моментално е активен на терен и активно учествува во гаснењето на големиот пожар што избувна над магистралниот пат Скопје – Граничен премин Блаце. Директорот на ЦУК Мухамед Али, од терен ја координира акцијата за справување со пожарот. По пријава на бројот за итни повици 112 за пожар на непристапен терен пред тунелот, од десната страна на патот, ЦУК веднаш упати итно барање за воздухопловна поддршка до Министерството за внатрешни работи, се наведува во објавата на веб страницата на ЦУК.

ЦУК претходно соопшти дека пожарот што избувна над магистралниот пат Скопје – ГП Блаце, пред тунелот од десна страна, е со голем интензитет, а силниот ветер го разгорува и го насочува кон ридот, додека другиот крак се движи кон селата Блаце и Чучер.

УХМР: Следните два дена топло, потоа локален пороен дожд и ветер

Во четврток во попладневните и вечерните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

УХМР: Следните два дена топло, потоа локален пороен дожд и ветер

Во следните два дена ќе се задржи многу топло време. Во четврток во попладневните и вечерните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Како што информираат од УХМР, поради брз продор на посвежа воздушна маса од север, во петок времето ќе биде променливо облачно, малку посвежо, претпладне со услови за локална нестабилност. Во деновите потоа времето ќе биде стабилно и топло со пораст на температурата.

Боксерот Рустемовски освои бронза на Европското јуниорско првенство

 Македонскиот боксер Арабел Рустемовски го освои бронзениот медал на Европското јуниорско првенство кое се одржува во српскиот град Нови Пазар.

Боксерот Рустемовски освои бронза на Европското јуниорско првенство

Рустемовски се закити со одличје во категоријата до 52 килограми, извојувајќи две победи над Русинот Денис Мисиук и Србинот Теодор Јосијевиќ, и во двете борби убедливо со 5-0.

Во борбата за влез во финалето, членот на боксерскиот клуб „Пелистерски јунак“, загуби од Владимир Мшецјан од Ерменија со резултат 4-1.

На Европското јуниорско првенство во бокс, кое од 7 до 18 јули се одржува во Нови Пазар, настапија и репрезентативните колеги на Рустемовски, Сонер Ајрушов, во категоријата до 54 килограми, Петар Трајчески (48 килограми), Алберт Ибрахими (63 килограми) и Ануар Имери (57 килограми).

Лошиот квалитет на водата ги одложи маратонските трки на СП

Почетокот на натпреварите во маратонско пливање на Светското првенство во водени спортови во Сингапур е одложен поради лошиот „квалитет на водата“, објави денеска Светската федерација во водени спортови.

Лошиот квалитет на водата ги одложи маратонските трки на СП

Женската трка на 10 километри, која требаше да ја отвори денешната програма, е поместена за в среда, кога ќе се одржи заедно со машката трка на 10 километри.

Другите маратонски пливачки трки се закажани за петок, сабота и недела.

Квалитетот на водата за дисциплините на отворено беше спорно прашање и на претходните Олимписки игри во Париз 2024 година поради квалитетот на водата во реката Сена, како и во Игрите Токио 2021 и во Рио де Жанеиро 2016.

притисни ентер