МКЦ и МОТ продолжуваат да ја поддржуваат независната и современата изведувачка сцена: „Локомотива“ со две перформативни дела на 51. МОТ
1МКЦ и МОТ продолжуваат да ја поддржуваат независната и современата изведувачка сцена: „Локомотива“ со две перформативни дела на 51. МОТ
Шоу бизХејли не запира со љубомората кон Селена, иако има дете со Џастин БиберНа Хејли Бибер ѝ се допадна видео кое ја исмева поранешната девојка на нејзиниот сопруг, Селена Гомез.Во видеото на TikTok објавено во средата, корисникот @courtneipresto сподели наводна слика од екранот на која се гледа дека на проверената сметка на Хејли на TikTok ѝ „се допаѓа“ нејзиното видео од 14 февруари, на кое се прикажани лажни фотографии од снимањето на интервјуто на Селена и Бени. - Искрено не можам да се одлучам која апликација за Photoshop е најлоша за фотографии. Извинете што им го правам ова на сите, но морав да ги погледнам овие фотографии. О, ова е најлошото. Сепак, иако таа мисли дека не е сосема во ред да се „прозива некого“, таа верува дека потегот на Хејли покажал дека долгогодишната расправија меѓу двете дами е „жива и здрава“. - Чувствувам дека ова е дефинитивен доказ дека кога Хејли Бибер вели: „Ох, сето тоа е љубов“. „Сѐ е во ред, немаме апсолутно никаква кавга, лаже.“ напиша корисник на социјалните мрежи. Претставниците на Хејли не одговорија веднаш на барањето на Page Six за коментар. Гомез и Хејли долго време се во несогласување, бидејќи и двете беа романтично поврзани со Џастин Бибер. Пејачката ѕвезда беше во романтична врска со Џастин од 2010 до 2018 година. Само неколку месеци по нивното раскинување, пејачот ја запроси Хејли во јули 2018. Тие се венчаа два месеци подоцна. Хејли и Џастин го дочекаа своето прво заедничко дете, синот Џек Блуз Бибер, во август 2024 година. Селена Гомез е во врска со Бени Бланко од декември 2023 година, но се чини дека старите рани тешко се лекуваат.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КултураМКЦ и МОТ продолжуваат да ја поддржуваат независната и современата изведувачка сцена: „Локомотива“ со две перформативни дела на 51. МОТДолгогодишната соработка меѓу Младинскиот културен центар (МКЦ), МОТ – Меѓународниот театарски фестивал и организацијата „Локомотива – Центар за нови иницијативи во уметноста и културата“ продолжува и во рамки на 51. издание на МОТ. Ова партнерство, кое низ годините овозможува континуирано претставување и развој на современите уметнички практики, е пример за важноста на поврзувањето на јавните културни институции со независната културна сцена. На 23 ноември (понеделник), со почеток во 20 часот, во салата „25 Мај“ во МКЦ, „Локомотива“ ќе се претстави со две перформативни дела – „Надевај се на најдоброто – подготви се за најлошото“ и „Мочуришна драма (AT)“, во авторство на Викторија Илиоска и Марија Хубер. „Надевај се на најдоброто – подготви се за најлошото“ е кореографски истражувачки проект кој на перформансот му пристапува како на подготовка за иднината во која веќе живееме. Преку телото, движењето и колективното искуство, делото ги истражува економската, политичката и еколошката нестабилност како секојдневна состојба. Во фокусот е опстојувањето како кореографска и политичка стратегија – способноста за заедничко носење на тежината, истрајување и создавање форми на поддршка во услови на неизвесност. Вториот дел, „Мочуришна драма (AT)“, е перформативно предавање на Марија Хубер, која преку своето драг-алтер его Крокодилска Солза ги истражува флуидните граници меѓу драг-перформансот, кореографијата со предмети и филозофското предавање. Низ лични искуства, кантри песни и прашања за ранливоста, заедничкото тагување и создавањето отпорни простори, делото отвора простор за поинакво промислување на квир и деколонијалната драматургија. Соработката меѓу МКЦ/МОТ и „Локомотива“ е долгогодишна и суштински важна за развојот на современата изведувачка сцена во Македонија. Низ годините, ова партнерство создава простор за афирмација на нови уметнички практики, експериментални формати и интердисциплинарни пристапи, овозможувајќи независните уметници и организации да бидат активен дел од фестивалската програма. За МОТ, соработката со „Локомотива“ е дел од континуираната заложба фестивалот да биде отворена платформа за современи уметнички изрази, критичко промислување и нови сценски јазици. Билетите се по цена од 400 денари и може да се набават онлајн преку bileti.mkc.mk.Тагови: МКЦ Скопје Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Живот39 парови бесплатно се венчаа во храмот „Св. вмч. Димитриј“ во КавадарциНа 15 ноември, во храмот „Св. вмч. Димитриј“ во Кавадарци, се одржа бесплатна групна венчавка на 39 парови, кои со свечен чин ја крунисаа својата љубов и го започнаа заедничкиот брачен живот.Настанот се одржа со благослов на Митрополитот Повардарски г. Агатангел, кого од организаторите го нарекуваат свој духовен татко. За 39-те двојки, овој ден претставуваше посебен и незаборавен момент – можност својата љубов да ја потврдат пред Бога, во присуство на најблиските и во духот на верата. Групната венчавка донесе 39 нови брачни завети, многу емоции и радост, а секој од паровите го започна своето ново животно поглавје со желба за заедничка иднина исполнета со љубов, разбирање и меѓусебна поддршка. Тагови: брак венчавка Кавадарци храм Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСообраќајот се одвива непречено, по претежно влажни коловозиНа граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. ЗИМСКА ОПРЕМА: Од 15.11.2026 година започнa законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2027 година. Повеќе информации може да прочитате на овој линк. ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. СЕЗОНСКИ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Од 17 Ноември, патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица е затворен за сообраќај за сите видови возила. РАБОТИ НА ПАТ: ДППУ Стентон Градба ДОО Битола известува дека од 17.11.2026 г. сообраќајот на Регионалниот пат Р1208 делница Калишта – Радожда кај м.в. Елен Камен ќе се одвива наизменично, по една сообраќајна лента, односно ќе биде воспоставен режим на двонасочен сообраќај со наизменично пропуштање на возилата низ една заедничка слободна лента. А.Д. ИЛИНДЕН Струга известува дека од 28.10.2026 г. ќе се воведе времен режим на сообраќај на Автопатот А2 делница Кичево – Охрид, во делот Пресека – Песочан до клучка Арбиново, поради изведување градежни работи за санација на лев коловоз и ќе трае сѐ до завршување на санацијата. Од 30.09.2026 г. се изведуваат градежни активности на Државен пат А2 делница Гостивар – Кичево, конкретно на мост бр. 63 Мост на река Тајмишка. За таа цел се применува времен режим на сообраќај и ќе трае додека не се завршат предвидените градежни работи согласно договорот за санација. Градежен институт Македонија известува дека од 29.09.2026год. се воведува времен режим на сообраќајот на регионален пат Р1201, делница Струга – Дебар при реконструкција на инекциона завеса на брана „Глобочица“. Времениот режим на сообраќај ќе се изведува согласно одобрен основен сообраќаен проект. Времетраењето на времената измена на режимот на сообраќајот ќе биде се до завршувањето на активностите. МИСА МГ ДОО известува дека од 24.09.2026год. до 15.04.2027год. се воспоставува времен режим за сообраќај на државниот пат А1 делница Гевгелија – ГП Богородица односно од исклучувањето за Гевгелија до ГП Богородица, автопатот ќе биде затворен за сообраќај и истиот ќе се пренасочува на спротивната страна на автопатот, т.е. од ГП Богородица кон Скопје собраќајот ќе се одвива во две насоки. Исто така и на клучката на Гевгелија сообраќајот ќе се одвива под времен режим. ВИА ДОО Вевчани известува, поради реконструкција на граничниот премин Делчево, од 09.09.2026 воведен е времен режим на сообраќај. За целото времетраење на градежните работи граничниот премин ќе фунционира непрекинато и сообраќајот ќе се одвива нормално. Од 06.07.2026 г. започна времена измена на сообраќајот при санација на мост на река Брегалница на Р1204 во Штип и ќе трае до завршувањето на санацијата. Од 12.09.2025 започната е градежната активноста – санација на свлечиште на регионален пат Р1202 делница Косоврасти – Мелнички Мост, односно воспоставена е времена измена на режимот на сообраќај до завршување на активностите. Според известување од Виадукт Треј Дооел – Гостивар, како дел од изведбата на Коридор 10Д, во тек е важност на времен режим на сообраќај на патен правец Прилеп – Битола, каде ќе се пренасочи движењето на возилата по регионалниот пат Прилеп – Битола, од делот од клучка Лагово до Тополчани. Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1306 делница Прилеп-Крушево -Сладуево, заради започнување со градежни активности во врска со проект Санација на оштетувања на регионален пат Р 1306 делница Прилеп-Крушево-Сладуево, во вид на слегнувања на трупот на патот на стационажа од км 15+100 до км 15+600. Заради тоа од 16.12.2024 год. па се до завршување со градежни активности ќе се изврши целосно затворање на делницата во потег од Мало Коњари до Кривогаштани. При тоа сообраќајот ќе се одвива по друга делница во склоп на поставената сообраќајна сигнализација, согласно Одобрение за времена измена на режим сообраќај и Сообраќаен проект. На патниот правец ГП Блаце – Скопје се изведуваат градежни активности на неколку делници. Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација и соорбаќајот се одвива според одобрен времен режим. На патниот правец Кичево – Охрид, поради градежни работи на повеќе делници, сообраќајот се одвива со девијации. Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација и затоа препорачуваме строго почитување на истата и прилагодена брзина на движење.Тагови: АМСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28Протестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33