СветХегсет одбива да објави видео од американскиот напад врз брод со дрога во КарибитеАмериканскиот министер за војна, Пит Хегсет, ги отфрли повиците за објавување видео на кое се гледа американскиот напад врз брод за шверц на дрога во Карибите во септември.Американскиот министер за војна, Пит Хегсет, ги отфрли повиците за објавување видео на кое се гледа американскиот напад врз брод за шверц на дрога во Карибите во септември, во кој двајца мажи од бродот го преживеале првиот удар, но потоа следел уште еден напад. „Во согласност со долгогодишната политика на Министерството за војна и Министерството за одбрана, нема да го објавиме строго доверливото, целосно и немонтирано видео од нападот на пошироката јавност“, изјави синоќа Хегсет. Снимката ќе им биде прикажана само на членовите на соодветните конгресни комисии, додаде тој. Како дел од акцијата против наводниот шверц со дрога, американската војска нападна брод во Карибите на 2 септември. Набрзо, наводно, биле издадени наредби за убивање на двајцата преживеани од бродот, а овие тврдења биле отфрлени од американскиот адмирал Френк Бредли, кој бил задолжен за операцијата. Експертите велат дека вториот напад можеби го прекршил меѓународното право. „Вашингтон пост“ објави дека двајцата мажи се држеле за остатоците и не претставувале непосредна закана кога бродот бил повторно погоден. Американските сили од септрември почнаа да напаѓаат бродови во Карибите и источниот Пацифик за кои наведуват дека носат дрога, повикувајќи се на проценки на разузнавањето. Војската не објави докази во поддршка на овие тврдења. Американските медиуми објавија дека досега во операциите се убиени повеќе од 90 лица. Експертите за човекови права на ОН изјавија дека операциите би можеле да го прекршат меѓународното право, опишувајќи ги убиствата како незаконски вонсудски убиства. Демократскиот сенатор Ричард Блументал вчера изјави дека „американскиот народ има потреба и заслужува да ги види овие видеа“. „Всушност, немаше конкретно оправдување за какво било задржување на податоци и мислам дека нивниот неуспех да ги достават ја поткопува довербата и кредибилитетот на целата оваа операција“, рече демократскиот сенатор.Тагови: Пит Хегсет Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПрес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ по изборите во Брвеница21:00Затворени гласачките кутии - добива ли Брвеница градоначалник или ќе се оди во втор круг?20:49ДИК: Излезноста во Брвеница до 18 часот е 44.57%, пристигнати се 10 приговори19:01Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата18:28Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата15:36
СветТрамп му дава безусловна поддршка на Нетанјаху: „Тој беше силен, храбар и брилијантен“Aмериканскиот претседател Доналд Трамп ја изрази својата поддршка за својот сојузник, Бенјамин Нетанјаху, во пресрет на претстојните парламентарни избори во Израел.Поддршката на Трамп за Нетанјаху „Биби Нетанјаху беше силен, храбар и брилијантен соочен со огромен отпор – вклучително и отпор од внатрешноста на самиот Израел“, напиша Трамп во објава на платформата „Truth Social“. „Ова е токму оној вид партнер што Соединетите Држави го бараат во Израел – земја за која направија толку многу. Нека оваа порака послужи како израз на мојата целосна и безусловна поддршка за Биби Нетанјаху во претстојната трка за реизбор за премиер на Израел.“ Избори по две години војна Националните избори во Израел се закажани за 27 октомври – први по нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година. Тој настан ја потресе нацијата и го втурна Блискиот Исток во хаос, вовлекувајќи го Израел во војни во Газа, Либан и со Иран. Исходот од изборите би можел да одлучи дали Нетанјаху ќе остане на власт по еден од најкритичните периоди во израелската историја, или пак ќе биде поразен од ривали од центарот кои ветуваат почеток на нова ера. Извор: Индекс.хрТагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПрес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ по изборите во Брвеница21:00Затворени гласачките кутии - добива ли Брвеница градоначалник или ќе се оди во втор круг?20:49ДИК: Излезноста во Брвеница до 18 часот е 44.57%, пристигнати се 10 приговори19:01Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата18:28Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата15:36
МакедонијаПрес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ по изборите во БрвеницаПрес-конференција за медиуми на која се обрати претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПрес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ по изборите во Брвеница21:00Затворени гласачките кутии - добива ли Брвеница градоначалник или ќе се оди во втор круг?20:49ДИК: Излезноста во Брвеница до 18 часот е 44.57%, пристигнати се 10 приговори19:01Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата18:28Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата15:36
МетеоУтре сончево со мала до умерена облачностВремето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието и источните делови.Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 9, а максималната ќе достигне од 16 до 23 степени. Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 21 степен. Во текот на новата седмица ќе преовладува променливо облачно време. Во четврток и во петок се очекуваат врнежи од дожд, кои локално ќе бидат поројни и пообилни.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook